10.06.2012, 17:22 Арифи на министерски состанок во Данска
Вицепре��иерката задолжена за европски прашања Теута Арифи вчера учествуваше на неформалниот состанок на министри и државни секретари за европски прашања на земјите-членки и земјите-кандидати за членство во ЕУ во Архус, Данска. За време на средбата вицепремиерката Арифи информираше за напредокот во имплементацијата на реформите во земјата. Арифи посебно се осврна на реализацијата на мерките предвидени со Оперативниот патоказ за адресирање на целите од Пристапниот дијалог на високо ниво.
Арифи, исто така, истакна дека Македонија останува посветена на исполнувањето на обврските поврзани со процесот на европска интеграција, бидејќи членството во ЕУ останува стратегиска определба на Владата.
Неформалниот состанок на министри и државни секретари за европски прашања на земјите членки и земјите кандидати се одржа во рамки на данското претседателство со ЕУ. |