-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Дневен хороскоп

Овен

Креативноста и понатаму е во прв план. Активни сте и добро се чувствувате на сите полиња. Чувајте се од измами, вербални недоразбирања и нервна напнатост. Контактирате со странстви или планирате да одите на пат. Страстна љубовна авантура или препород на долга врска.

Бик

Работата и парите доцнат, па однапред се плашите од неуспех, иако немате причина за тоа. Она поради што сте загрижени е целосното разочарување во некој кому сте му верувале и во кого сте ги полагале своите надежи. Бевте невнимателни, но и наивни. Утеха побарајте во кругот на семејството.

Близнаци

Успешен деловен период, активност и динамика. Се она што сакате и што помага вашата љубопитно – немирна природа да дојде до израз. Не можете да се пожалите ни на односот со партнерот. Тие не се идеални, но се доволно добри. Изненадувања, и тоа пријатни, денеска се повеќе од можни.

Рак

Наидувате на вообичаената пречка кога во прашање е работата, што ве прави по малку нервозни и раздразливи. Партнерот се обидува да ви укаже на грешките, но вие слушате само на едно уво. Како по обичај, си терате по свое, а времето ќе покаже кој бил во право. Нови настани ви го привлекуваат вниманието.

Лав

Во свој елемент сте. Се занимавате со она што го сакате, а имате време и за излежување. Моментално непријатно може да ве изненади само целосна беспарица, зашто на останатите промлеми сте отрпнале. Емотивната ситуација е одлична. И здравјето е добро, па немате причина за грижа.

Девица

Добро се чувствувате. Владеете со ситуацијата на сите полиња. Работите се одвиваат со саканото темпо, а партнерот сфаќа колку му значите и тоа отворено го покажува. Супер! Околината ве сака и ве цени, само што понекогаш и пречи вашата себичност. Бидете за нијанса поширокогради, па се ќе биде во ред.

Терезија

Само пријателите можат да ве извлечат од криза. Сите проблеми во весело друштво исчезнуваат. Бидејќи малку можете да влијаете на развојот на ситуацијата, не вреди да се нервирате. Крајно време е да размислувате за нова работа. Таа ќе ви помогне да обезбедите многу попристојна заработувачка од моменталната.



Скорпија

Денеска функционирате под дејство на силни љубовни чувства. Мора да ги контролирате своите постапки, зашто почнавте да застранувате. Подготвени сте на верност и многу отстапки во врска со партнерот, но од друга страна криете несигурност и љубомора. На партнерот му значите повеќе отколку што претпоставувате.

Стрелец

Напорни моменти, придружени со желба за осаменост. Ќе ги остварите плановите, за на крајот одеднаш да се откажете. Опасноста може да се јави во вид на болест предизвикана од неконтролирана работа и нервирање. Свртете се кон книгата и оние работи што ве релакситаат. Обновете ја спортската опрема.

Јарец

Денеска се чувствувате релативно добро, иако сте особено неприлагодливи и исклучиви. Колегијалните односи можат да бидат нарушени, но ништо загрижувачки. Мора да покажете повеќе толеранција и кон партнерот. Тој е подготвен нешто да ви прости и да ве разбере, па морате и вие да го почитувате.

Водолија

На импулсивен начин се ослободувате од напнатоста. Околината е навикната на вашето однесување, но сепак претерувате. Чувствувате страв за својата егзистенција. Се советува смиреност, реално согледување на проблемите и советување со најблиските за нивно решавање. Љубовта никогаш не ве напушта.

Риби

Можеби размислувате на погрешен начин, но обидете се нешто да смените во таа насока. Се чувствувате измамено, иако самите сте виновни што сте дозволиле да дојде до тоа. Чувајте се од клевети и измами. Денот е одличен за патувања, а лош за другите видови комуникација. Парите се на видик, а љубовта цвета.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ФОТО) Довидување Лондон, доаѓаме Рио
Соодветно на отворањето, завршната церемонија беше проследена со величенствен сценско-музички перформанс...
Стивен Кипротич од Уганда победник на олимпискиот маратон
Кипротич патеката од 42 километри ја претрча за два часа, осум минути и една секунда оставајки ги зад себе фаворизиранит...
Болт сепак заминува со светски рекорд
Јамајканците во трката на 4 x 100 метри до златниот медал стигнаа со време на нов светски рекорд од 36,84 секунди...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |