Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
12.08.2012, 17:08

Кој ќе трча за ВМРО-ДПМНЕ напролет

Скопје е клучот, важно е да се победи во поголемите градови и во општините каде што владее СДСМ

Горан Адамовски



Главно, со проверени кадри, но и со по некое изненадување, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ги добие и наредните локални избори, закажани напролет. Во владејачката партија траат конкурсите за градоначалници што завршуваат на 1 септември, по што ќе се знаат имињата што ќе излезат на терен за да ги придобијат гласачите. Како по обичај, акцентот ќе биде фрлен на Скопје, кој по многу нешта ќе го одреди севкупниот победник на изборите, може да биде увертира на предвремени парламентарни избори, но и ќе даде (или одземе) легитимитет на контроверзниот проект „Скопје 2014“. Освен во метрополата, интересни битки, во кои вмровците очекуваат уште еден мандат за своите луѓе, се очекуваат во поголемите градови Битола, Велес, Прилеп, Штип, Гевгелија... а посебен предизвик се четирите општини во кои СДСМ е на власт: Охрид, Карпош, Куманово и Струмица.

Поради летните одмори, празно е во општинските комитети на партијата на власт. Ќе помине понекој член, симпатизер или граѓанин, но конкретни разговори околу кандидатите нема да слушнете.

„До 1 септември нема ни да има ништо. Кога ќе завршат конкурсите - тогаш“, велат членови на партијата.

Голем дел од актуелните градоначалници веќе јавно признаа дека ќе побараат уште еден мандат, а таму каде што се молчи, проговори чаршијата. Ако им се верува на гласиштата, тогаш Коце Трајановски повторно ќе биде скопскиот адут на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата победа се смета за клучна за да може да се заокружи проектот „Скопје 2014“. Актуелниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, судејќи според расположението на граѓаните, може да смета на триумф доколку оди на втор мандат, што не може да се каже и за првиот човек на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев. Ќе се види како тука ќе одигра ВМРО-ДПМНЕ, а неизвесно ќе биде и во Центар и во Карпош. Градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, наводно, нема расположение да продолжи да се занимава со политика, но конечниот збор ќе го има партијата. Во Карпош, пак, исплива името на поранешниот директор на Лотарија и на Зоолошката градина, Дане Кузмановски. Според шпекулациите, тој би се нафатил доколку противкандидат му биде Стевчо Јакимовски, бидејќи сакал предизвици. Ако актуелниот градоначалник на Карпош учествува во трката за Скопје, тогаш ВМРО-ДПМНЕ во Карпош ќе оди со Сашо Лазаревски, заменик-министер за локална самоуправа. Секако, ова се само шпекулации, исто како и муабетите дека Сокол Митревски од Ѓорче Петров сака уште еден мандат.

Битолскиот градоначалник Владимир Талески веќе најави дека сака да оди на уште едни избори, а истото тоа се очекува и од неговиот колега од Прилеп, Марјан Ристески. Како што објавивме пред дваесетина дена, речиси целиот источен регион сака уште една доверба од граѓаните. Градоначалниците на Пехчево и на Радовиш, Јованчо Станоевски и Роберт Велков, задоволни од тоа што го направиле за своите места, бараат трет мандат. Првиот човек на Штип, Зоран Алексов, градоначалник на Штип, смета дека градот не е ист како кога дошол на функцијата, па и тој сака да остане во градоначалничката фотелја. Исто размислува и гевгелискиот градоначалник Иван Франгов.

Местата каде што владее СДСМ се високопоставени на приоритетните листи на ВМРО-ДПМНЕ. И додека во Струмица, реално, мали се шансите некој да му ги помрси сметките на Зоран Заев, во Куманово, а особено во Охрид, каде што се очекува ВМРО-Народна, која има голем број приврзаници, да му даде поддршка на Александар Петрески, ќе биде жестоко. Јавноста веќе калкулира дека Александар Николовски или Цветко Грозданов ќе одат во битка со Петрески. Во Струга и во Кичево се прават предизборни математики, дури и се зборува за соработка со СДСМ, но до тоа тешко ќе дојде. Во Гостивар и во Тетово сигурно ќе се оди со свој кандидат, но како ќе се игра во вториот круг, ќе зависи од евентуален договор со партнерот од власта - ДУИ. Што од ова е вистина, ќе се знае од септември.


Статијата е прочитана 4917 пати.

Испрати коментар



Иванов на Ифтар вечера кај турскиот премиер
Тодор Петров - вечен на врвот на СМК
Акциски план за младите ќе чини 27 милиони евра
Владата ќе штити од злоупотреби преку интернет
Реџепи
Груевски на одмор кај Ердоган
Полемика - Без суд, нема досиеја на интернет. Да се расчисти со комунистичкото минато



коментатор на коњ, 13.08.2012 01:09:26
Партиите не победуваат на избори, туку тие добиваат мандат од избирачите! Се додека тие самите се доживуваат како победници, а истовремено и ние обичните смртници ги третираме така, тие ќе си тераат по свое.
od ostrijot, 13.08.2012 07:46:19
se znaje koj ke trci za vmro-dpmne falbite i lazite kako i dosega.
Тодор, 13.08.2012 09:26:12
Во Крива Паланка Вмро Дпмне уше сега може да смета на ГОЛЕМ ПОРАЗ, разликата помеѓу извонредниот предложен кандидат на опозицијата докторот Горан Младеновски и сите можни кандидати на власта е огромна, недостижна, ниту уцените, парите, ништо неможе да допринесе да повторно победи власта во овој град.
Власта е слатка, 13.08.2012 10:13:00
Za VMRO-DPMNE ke trcaat novokomponiranite ESDEES-Vmrovci. Koi zarat i palat vo drzavava.
suze, 13.08.2012 10:14:32
Па каде им е тука новиот бран,освежувањето?Сите сакаат уште еден мандат за да го довршат расипништвото,бидејќи по се изгледа дека овие преродбеници не чуле за зборот доблест.А најголема доблест на човекот е да знае кога треба да каже не,доста е!Очигледно дека нивна најголема доблест е АЛЧНОСТА!Навистина,време е народот да си стави прст на чело и добро да размисли дали сака иднина или минато во кое за се е Бранко крив!?
deko, 13.08.2012 11:23:30
До остриот,не се фалби и лаги,гледај го Скоп��е сега,личи на метропола,нови булевари,странски туристи прв пат од неговото постоење го посетуват,и има што да видат 20-тина објекти од културен и историски карактер го красат градот итн.Чекај да заврши комплетно обновата на градот па сите глупости што си ги напишал за градов ке ги голтнеш-како поп сарма.Но што да убедувам такви како тебе од инат и завист и кило сол ке изедат само да го докажат-недокажливото.ГРАДОТ Е СЕГА ПОУБАВ ОД БИЛО КОГА САКАЛЕ ТОА ВИЕ ИЛИ НЕ.
Крт, 13.08.2012 14:01:10
До ДЕКО - Пријателе, еден додаток на твојот коментар. Да, овие од ДПМНЕ градот ни го направија ,,поубав,, ама затоа ни ја растурија државата и по ИКС и по ИПСИЛОН оса. А што се однесува на туристите верувај ми кога влегувам во Скопје од било која страна ,,чекам,, на влез по неколку саати. Од силниот ,,наплив,, на туристи.
GO SAKAM SKOPJE, 13.08.2012 14:40:22
Poznavav eden drug DEKO na vremeto,UDB ash , kolu tatko mi mu vzaimi 500 dinari nekade 1948-49 godina za da kupi kolicka na tukusto rodenoto mu dete. Po toa od blagodarnost,go strpa vo zatvor, bez nekakva pricina i objasnuvanje... Intelektualnoto nivo na toj deko go znaev, a na ovoj *noviov deko*, mu go citame po stranicive na pecatot. Sreken covek, slicen na *Maksim po divizija....*. Glavno NEMU Skopjke mu se bendisuva,vakvo kakvo sto e sega, sporeduvajki go so negovoto rodno mesto, nekoja Pusta Breznica( na koja iskreno i se izvinuvam, sto i go davam dekota za niven sogragjanin). Neka mrdne deko malku podaleku od tamu kade naviknal da se odushevuva na ovie *grobista* srede Skopje, cie ime novite graditeli mu go izvalkaa.I tie ( graditelite) trebe da se zasramat za arhitektonskiot kriminal, i deko koj se osmeluva da ni zboruva za ubavinata na ovoa Skopje koe ni go ostavija bez dusha no i bez vosduh za dishenje!
ivan, 13.08.2012 16:15:43
Значи ние сеуште незнаеме дали ќе има реизбирање и кој поднел кандидатура за локалните избори. А тоа кој ке трча за вмро-дпмне неможеме да осудуваме никого. Локалните избори како и секои избори во макеоднија се демократски и ги избираат граѓаните, а кандидатите се должни да предложад одлични реформи за кој граѓаните ќе изберат. Така да да не спекулираме предвреме да си дочекаме да си дојде се на време. Па потоа можеме да прогнозираме кој и како !?
do suze, 13.08.2012 16:47:25
Togas sto ne pokazat doblest onie od SDS i da kazat dosta e.Neka se povlecat i samite znaat kakva steta napravija koga vladeeja,a tie bez sram sakaat vrakjanje na vlast.Treba da razmislis suze so mala bukva.
Do komentatorot na suze, 13.08.2012 22:37:54
. E moj mal choveku ti nikogash nema da porasnesh.Pa sekogash se kriesh so komentari do ovoj do onoj,a sega ti smeta i malata bukva na suze. Koj treba da se povlece od bojnoto pole .Na toj shto mu gine vojskata ili na ovoj shto ja shtiti vojskata. Ti izgleda ne znaesh shto e pirova pobeda?? Imame spomenici a nemame mlad svet ,site izbegaa a i ushte begaat ,pa i bugari se pishaat samo da se spasat od bistite na skopje 2014 .Kade ni se mladite ,kade ni e narodot eeeeeeejjjjj!!!!?????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ЛОИ во Лондон се најгледаниот спортски настан во Велика Британија
Вкупно 50,2 милиони луѓе во Велика Британија ги гледале натпреварите и случувањата на летните Олимписки игри во Лондон...
(ФОТО) Довидување Лондон, доаѓаме Рио
Соодветно на отворањето, завршната церемонија беше проследена со величенствен сценско-музички перформанс...
Григориј Потоцки прави споменик на жртвите од струмичкиот пожар
„Македонија треба да има државна колонија за да може успешно да се презентира“, вели Бранко Пепиќ, раководител на Меѓуна...
Најпрофитабилните автомобилски модели во историјата
Во почетокот на годинава консултантското биро „Бернштајн рисрч“ ја објави листата на најпрофитабилни возила, почнувајќи ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |