Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
12.08.2012, 17:32

Мислења

Цинизмот на народната влада кон народот!

Манчо Митевски

Власта на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно, е збунета. Крахира таму каде што најмалку очекуваше - во економијата

Македонија веќе подолг период се наоѓа во портокалова фаза - и фактички и метафорички. И тоа дводимензионално: и временски и ценовно. Додека временската портокалова фаза ја карактеризираат тропски температури до 43 Целзиусови степени, со енормен индекс на УВ-зрачење кој често стигнува до 10, ценовната портокалова фаза е во знакот на фронтално зголемување на цените на енергенсите (струјата, парното греење, бензините), храната и други витални животни продукти сред лето, со огромни индекси на поскапување од 4, 10, 20 отсто!

За разлика од временската портокалова фаза, која знае да попушти некој степен по Целзиус и да се намали УВ-индексот, но и граѓаните можат сами да си помогнат со самодисциплина и со разладни уреди, од ценовната фаза нема спас! Ценовната портокалова фаза трае веќе шест години, а ДПМНЕ-зрачењето врз цените постигнува енормни индекси и сериозно ги загрозува здравјето и егзистенцијата на граѓаните. Струјата е речиси дуплирана, парното скокна за половина, слично и нафтените деривати. Во исто време платите, пензиите, социјалната помош не можат да им парираат на ценовните скокови и шокови и од ден на ден обезвреднуваат. Животот е сведен на лер, дури и на оние што мислеа дека се некоја средна класа, освен малата групација од неколку проценти од населението, главно од власта и блиски до неа, која живее во благосостојба.

Бидејќи владејачката партија владее со помош на виртуелниот свет, постојано на работ меѓу сонот и јавето, го поставувам хипотетичкото прашање: што ќе се случеше ако во ова цунами од поскапувања на цените на енергенсите, храната и на многу други работи - по некоја случјност ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски беа во опозиција? Ќе имаше спектакли! Ќе проработеше шемата на партијата за вонредни ситуации. Пратеничката група ќе ја бојкотираше работата на Собранието. Експресно ќе блеснеше некоја „спонтано“ организирана невладина „Светлина“ (од идни државни службеници) и ќе го палеше гневот на очајниците. Улиците во Скопје ќе беа блокирани од стечајци, социјалци, пензионери, но и од многу вработени кои или нередовно земаат плати или платите не им стасуваат само за сметките за струја, парно и комуналии, ќе се бараше поништување на одлуките, оставки на владата, на регулаторите...



Најинтересно од се' во овие моменти на ценовно цунами, под чија разурнувачка моќ народот очајува, но кое, очигледно е темпирано на пристојна временска дистанца од претстојните локални избори, со идеја да се пополни буџетот за да се троши за споменици, а до изборите да има доволно време да проработи кусото паметење на народот - владејачката ВМРО-ДПМНЕ молчи како риба! Наместо партијата и владата, реагира само Регулаторна, и тоа со паушална оцена дека струјата во Македонија била најевтина во регионот, а податоците говорат дека е една од највисоките, а притоа платите се маѓу најниските! За да не им пукне филмот на гневните и очајните, па да организираат протести, власта им ја фрли проверената македонска сеирџиска коска за глодање - лустрациски случаи на интернет - па сега тие имаат што да преџвакуваат, дури и кога нема што да јадат! Тоа до крај го разголи цинизмот на народната влада, како што самата мил��ва да се неракува, кон народот.

Во што е проблемот со ценовните шокови, посебно овие сегашните, на енергенсите, кои како базични, и се одразуваат и врз цените на други производи. Проблемите се тековни и стратешки, а во принцип, се генерирани дел поради лошата стратегија и политика на владата, дел поради нејзините приоритет кои повеќе се партиски од државни.

Во тековните спаѓа еден, кој е начелен и многу значаен: во Македонија регулаторните и заштитните институции не си ја вршат својата функција – што поради партизираноста, што поради неспособноста, а недостига и спонтанитетот кај граѓаните кој на повеќе начини е свесно оневозможуван од власта. Регулаторната и антикорупциската комисија, наместо да бидат независни, се продолжена рака на власта, бидејќиво нив седат стручно маргинални личности и луѓе доведени таму од некоја партиска функција. Народниот правобранител е премногу институционализиран, затворен и инетрен. Македонија веќе нема работнички синдикати кои ќе ги штитат нивните интереси, туку тие се претворени во државни синдикати кои ја штитат власта. Невладините организации за з��штита на потрошувачите и слични на нив, се немоќни пред опструкциите кои им ги создаваат институциите, немаат капацитет, а мислам и доволно волја, да го поттикнат и канализираат спонтанитетот на незадоволните граѓани од цените.

На глобално-стратешки план би набројал само неколку причини. Прво, лошата тековна и развојна економска политика во која недостига стратегија со приоритети на државата. Се' се сведува на проекти кои носат дневно-политички ефекти. Најфлагрантен пример за тоа се стотиците милиони евра вложени за време на долгорочна и разорна криза на непродуктивни проекти и објекти - споменици, музеи, мостови, врби, административни згради, кои ниту ангажираат многу луѓе, уште помалку создаваат нова вредност и го враќаат вложеното. Второ, лошите по државата и граѓаните договори и анекси, кои им гарантираат профити на фирмите со монополски позиции, како ОКТА, ЕВН, „Телеком“, „Топлификација“. Поради тајните анекси ОКТА уште си тера по старата методологија на формирање на цената, а владата најавува разговори, но не ги бара. ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, се' што ќе побараат од Регулаторна добиваат. Доволно е да дадат пресметка за зголемени трошоци, и, оп, ете нова цена! Како да не е битно дали тие трошоци се направени, можеби, и поради лошо менаџирање на фирмите или поради неоправдан увоз наместо да се зголеми домашното производство на струја. Има ли ова некоја врска со откажувањето на ЕВН од тужбата во судот во Вашингтон од милијарда евра против Македонија по изјавата на премиерот дека таа е најлошиот странски инвестиитор во Мекедонија? (ЕВН неколку пати изминатите години барало да се укине пладневната евтина тарифа, но сега било прифатено на нивно изненадување!) Трето, немањето енергетска стратегија. Како резултат на тоа не се градат електрани (постојано одлагање на „Чебрен“, „Галиште“, „Бошков мост“, преориентација на ТЕЦ „Неготино“ на природен гас..., а со милијардата долари дадени за увоз на струја последниве години, ќе се изградеше голема централа и ќе се обезбедеше иднината. Конечно, наместо да создава амбиент стопанските субјекти да работат во нормални пазарни услови, во Македонија власта сака да регулира се', за да може и' да контролира се', така што ги задушува пазарните иницијативи и ги блокира фирмите. Сега тоа и' се враќа како бумеранг на владата, но цехот, ако се мери според цените и стагнацијата на сите економски процеси, го плаќаат граѓаните.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно, е збунета. Крахира таму каде што најмалку очекуваше - во економијата. Јавното мислење веќе не верува на приказни, туку само во она што го гледа и што го чувствува на свој грб. Според истражувањето на „Еуробароматар“, 67 отсто од граѓаните на Македонија не и' веруваат на Владата. Високото ценовно зрачење веќе не може да се скрие. Создава изгореници, не само во џебот, туку и во душата.

(Авторот е новинар во пензија)

 

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1671 пати.

Испрати коментар



Парада во Скопје
Што може да купат парите
Kinderspitalgasse



Shef, 13.08.2012 01:13:10
Kriva e ekonomskata kriza, kriva e Grcija, kriv e Branko, kriv e Petko, ma kriv e sekoj onoj shto ke pomisli deka Grujo e kriv. Site se krivi, samo shefot e vo pravo! I koga greshi, toj e vo pravo! Popat, gledajte go Sitel i slushajte go Latas, pa ke vidite deka ovde teche med i mleko. Poskapuvanja nema (toa SDSM neshto halucinira i zloupotrebuva), a akcizite se najhumanata rabota vo drzavata. ??? I od Latas ako e, premnogu e!
bitola troa skolovan, 13.08.2012 01:18:28
Abe sto zboruvas ti?Ili mozebi ova e napisano i isprateno pred izjavata na ministerot za vrabotuvanje koj za tri godini ke vraboti 120 000 mladi pa makar i od 15 godini!!!!Pa ti stvarno ne znaes sto raboti vladata.Pa kakva neuspesna ekonomska politika?neli mak.ekonomijata treba da absorbira 120.000 mladi ludje,pa toa e prvo razvoj i investicii pa vrabotuvanje neli?
jovan, 13.08.2012 01:24:34
Vo pravo ste kako ste ja opisale situacijata, no ne vredi. Propadnato e se i naivno e da se ocekuva nekakvo podobruvanje. Ostanuva samo so pomos na magii i trikovi(a toa im odi dobro) da go drzat zamajan ovoj narod sto podolgo mozat, dodeka ne mu go zemat i poslednoto parce leb od usta. Steta sto tie nivni carobnjastva deluvaat samo na ovoj narod, a nikako da magepsaat nekoj od strana, pa da go privlecat ovde, barem da gi vidi carobnite uslovi za investiranje vo sve sto posaka. Nekade na krajot na osumdesetite bese aktuelna recenicata *bice rata*. Sega e se poaktuelna*Bice gladi*. Toa ne ceka.
Stavre, 13.08.2012 07:01:31
Raduvajte se luge,samo na pocetokot ke ni bide tesko-po nekoe vreme,koga ke navikneme da baratame so siromastijata,ima raat da raatuvame. Ke vidite ,imajte trpenie!
citatel, 13.08.2012 07:41:38
kakov narod takva drzava
разочаран, 13.08.2012 09:55:58
Насловот на колумната ти е на место. Невиден цинизам. Поинаку не може да се нарече целокупната пропаганда од страна на власта преку медиумите. Искрено да ви кажам најмногу се надевав на оваа Влада дек�� нешто ќе направи на економско поле. Не очекував дека ќе изгради фабрики и хали, туку се надевав на подобар живот и подобар стандард, всушност затоа се изботите и затоа се бира Влада. На крај и покрај тоа што сум од оваа гарнитура се разочарав. Не можам да се согласам, како економист по струка, со милионските суми евра вложени во непродуктивни инвестиции од една страна, а од друга страна народот ти се бори да врзе крај со крај. Така не се гради просперитетна и богата економски држава. Што занчи во овие 20 години ниту еден не се роди како вистински водач, кој ќе се грижи барем малку за сопстениот народ и својата дежава. Затоа ќе не редат во последните нај не развиени земји во светот.
Regan, 13.08.2012 10:29:52
Коментариве на ова писание,како и на она потпишано од г-динот Ризаов, како да се пишувани во една канцеларија!
сузе, 13.08.2012 10:39:13
Се сложувам со сите коментатори кои велат дека џабе се нервираме.Набргу ќе станеме толку вешти во борбата да останеме будни до22 часот за да пуштиме машина на ефтина струја,да го направиме во исто време и ручекот,па и да испегламе додека чекаме на машината и ручекот,да пуштиме бојлер за утре иако водата во зимо до утре ке се излади итн,итн....Но Ве прашувам каде е тука ќарот кога за сето тоа време треба да остане вклучено осветлувањето и греењето,нешто што може да се избегне ако ефтината струја е во тек на денот?Воедно,сигурна сум и дека за да заштедат лугет ќе си легнуваат порано.Каде е тука КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ МАКАР И МИНИМАЛЕН?
jovan, vlada @, 13.08.2012 10:59:59
Еве уште еден еднемски вид од сората новинар кој ревносно и со сета сила од петни жили пишува за тоа колку е лошо во Македонија! Драг и почитуван пензиониран новинару, зар има ли разумен човек кој би се согласил со сите овие зголемувња кој удираат по чебот на обичниот и сиромашен граѓанин во оваа сирота држава,јас не сулшнав од нашата ценета опозиција да предоложат пакет анти-кризни мерки со кој оваа неспособна влада според вас која крахирала на економски план ќе го ублажи ценовниот шок со кој ЕВН не почасти и секако тука се цените на горивата (и за ова изгледа се криви власта??) кој на светско ниво достигнуваат невидени цени по барел, како последица на последните случувања во арапскиот свет. Јас невидов кај нашиот народ толку многу незадоволство и очај, бидејќи за мене единствен барометар се протестите, граѓанската непослушност како мерка за протест против се поголемите поскапувања кој се случуваат на свестко ниво а кој очигледно имаат импликации и кај нас.
milan, 13.08.2012 11:23:45
Nie sme vo filmot TRAZILI STE GLEDAJTE, pa ako ja biravme ovaa vlast ke mora da ja trpime,bidejki utre ke bide podobro.Taka razmisluva obicniot graganin,a onie koj imat sluzba vo adminis. i zemaat 200-300 evra plata,ne razmisluvaat.Go zamrziv zborceto KE. A sega hipoteticki koga segasnata opozicija bi postapila kako sto bi postapil DPMNE vo opozicija, e togas narodot koj ke izleze na ulica,opasno bi stradal.(Toa za se kriviot BRANKO go znae) Do avtorot: OVAA OPOZICIJA E PRETERANO KONSTRUKTIVNA POZDRAV.
do site komentatori, 13.08.2012 12:32:41
Mozam so site da se opkladam deka dnevnata evtina tarifa ke ostane, i toa ke se izvede taka sto Gruevski na sostanok na Vlada ke dade preporaka do regulatorite da se preispita odlukata. So toa em ke si go zadrzi rejtingot, em kako sme nie mutavi ke zaboravime na poskapuvanjeto od 10 otsto. Tokmu za taa cel cinam deka e i donesena odlukata za dnevnata.
koki, 13.08.2012 13:02:09
Јас мислам џабе е да се пишува...........овој народ имал мислење 64% дека овде убаво се живее???????? Очигледно на овој народ нешто му фали......слушам веќе Македонија ја напуштиле 500000 илјади луѓе од доаѓањето на Груевски на власт.......... уште милион да си одат мегафоните на власта, Латас, Мирка, Миленко, ќе трубат дека овде најдобро се живее..........Па никој не ни е крив, САМИ СИ ГИ ГЛАСАВМЕ.......Наздравје Македонијо.............
do Regan, 13.08.2012 14:39:16
ili si eden od onie koi zemaat preku iljada evra plata pa ne si ja videl makata za koja povekemina od tie so komentiraat ili si ednostavno glupav pa sega si vikas so zborat ovie da ne ziveat vo nekoja africka zemja... amerikancite velat razbudi se i pomirisaj gi rozite ama ti kako prvo ne su razbuden za da vidis deka tuka ni r od rozi nema veke dolgi godini
BitolaHamiltonCanada, 13.08.2012 16:16:43
DO DO SITE KOMENTATORI, Jas ne se kladam so tebe.Znam deka ke izgubam.
do Manco, 13.08.2012 17:15:13
Ako nedoverbata na narodot kon vladata e 67%,uste pogolem e procentot na nedoverbata na narodot vo opozicijata.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ЛОИ во Лондон се најгледаниот спортски настан во Велика Британија
Вкупно 50,2 милиони луѓе во Велика Британија ги гледале натпреварите и случувањата на летните Олимписки игри во Лондон...
(ФОТО) Довидување Лондон, доаѓаме Рио
Соодветно на отворањето, завршната церемонија беше проследена со величенствен сценско-музички перформанс...
Григориј Потоцки прави споменик на жртвите од струмичкиот пожар
„Македонија треба да има државна колонија за да може успешно да се презентира“, вели Бранко Пепиќ, раководител на Меѓуна...
Најпрофитабилните автомобилски модели во историјата
Во почетокот на годинава консултантското биро „Бернштајн рисрч“ ја објави листата на најпрофитабилни возила, почнувајќи ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |