Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.08.2012, 17:41

Мое ќоше

Отворено писмо до Груевски

Ерол Ризаов

Запрете ја хајката на невини луѓе кои се жигосуваат јавно без судска пресуда

Почитуван премиер Никола Груевски, Вие со ловот на вештерки, што се одвива во организација на Вашата партија, сте најодговорен за ова лудило и сеирџиство што ја заплиснуваат Македонија со ужасен цунами од примитивизам и ниски страсти. Државата на чие чело сте Вие се претвори во Кодошистан со Ваш амин. Запрете ја оваа хајка на невини луѓе кои вашите послушници секој ден ги бесат на столбот на срамот. Со Законот за лустрација, изгласан само од власта, спротивен на универзалните принципи на правото уште од времето на Римската Империја кога е поставена основната правна норма: тужителот ја докажува вината, а не обратно, обвинетиот да докажува дека е невин, Вие инсталиравте инквизиција која прво пресудува и јавно жигосува, а потоа жртвата треба да докажува по судски пат дека е невин. Вакво право има само во најцрните режими и диктатури.

Создадовте во земјата амбиент на страв и омраза кога некомпетентни партиски луѓе читаат извештаи на тајната полиција од пред речиси 70 години и се надгласуваат кого ќе изнесат како кодош пред судот на јавноста. И еве ги обелоденија првите 25 наши сограѓани како прва тура за масовно просветлување, што треба сите да не' прочисти и да ни олесни да одиме напред. Не знам Вам, премиере, ама мене ова не ми личи ни на прочистување ни на олеснување, туку на голема валкана игра со тешки последици врз здравјето на нацијата која не не' носи напред, туку не' враќа далеку назад.

Почитуван премиере, морате со свои очи да ги погледнете гревовите на овие 25 новомаченици. Дури и да прифатиме дека се' е точно што напишале агентите на УДБА и Државната безбедност, иако оваа работа е единствена на која вие гледате со почит и доверба од она што е останато од комунизмот, лесно ќе видете дека покрај лаги, станува збор за бесмислици и изнасилени констатации, па дури и детски наивности. Какво е тоа прочистување господине Груевски ако Кирил Псалтиров треба да оди курбан како вмровец само да се каже дека еве ги лустрираме и нашите. Па што направило тоа 18-годишно момче во Кочани кога наивно се зачленило во организација за обединување на Македонија. И што ако полицијата не ја откриеше таа организација, сигурно досега Македонија ќе беше обединета. И што направил Кирил откако го затвориле, му удриле ќотек, го викнале татко му и го врбувале да биде кодош. И што згрешил Кирил. Не бил херој, прифатил соработка, па го предал некојси „Млин“ дека ја скршил сликата на Тито. Тоа ли откритие ќе не' прочисти господине премиер. Момчето заминало војска и по една година тајната полиција го отфрлила како непотребен. Тоа ли е страшниот грев на луѓето кои на 17 и 18 години биле врбувани, или негде се зачлениле верувајќи дека работат за татковината. Тие луѓе ли денес ќе ги жигосуваме пред јавноста, пред нивните семејства и деца. Тоа ли се големите злодела за некој да го каменуваме јавно. Премиере, срамота е ова за целата држава, а најголема лично за Вас. Ве молам, прочитајте го гревот на Коста Балабанов, прочитајте го досието на Владимир Милчин, видете ги гревовите на Трендафил Ивановски, на Данчо Чеврески и на сите досега спектакуларно откриени 25 македонски душмани. Тие ли денес ја задушуваат македонската демократија или Вие и Вашата власт која на овој начин линчува без судска пресуда луѓе нанесувајќи им голем срам.

Почитуван премиере, блиску е до здравиот разум ако оваа власт, единствена од сите држави кои произлегоа од бивша Југославија која воведе ваква лустрација, навистина сака нешто да направи на тој план, тогаш нека тргне по некои приоритети. Но, очигледно со одредување на приоритетите имате проблем. Тешко е да се разликува поважното од помалку важното кога не носи еднакво гласачи. Ако вистински сакаме прочистување, тогаш приоритет број еден е да се провери минатото, пред се', на актуелните функционери. Колку повисока позиција, неопходна е построга истрага. Потоа би морало да следува преиспитувањето на периодот на Информбирото и луѓето кои невини страдаа од големиот прогон, наводно, како сталинисти. И конечно, од перидот на дејствувањето на државната безбедност. Да одиме со ред: од високите актуелни политички функционери според досега сработеното нема ниту еден кодош. Од најмрачниот период на комунизмот кога стот��ци невини луѓе заминаа на Голи Оток нема ниту еден кодош. Кој ги нарача судските процеси на Ченто, Шатев, Брашнаров и на плејада македонски интелектуалци и револуционери. Кој ги судеше, дали беа тоа монтирани процеси, кој ги накодоши тие луѓе. За тоа се' уште нема ниту едно име. Како што нема ниту едно име за најновите нарачки против познати македонски дејци и творци. Ако се почитува правото, потребни се нови непристрасни судски процеси кои ќе водат кон судска, политичка и творечка рехабилитација на жртвите и кон обесштетување на семејствата. За ова не е потребен нов закон. Тоа право го даваат постојните закони, но очигледно нема политичка волја кај Вас за рехабилитација на жртвите како што има мотив за пресметка со кодошите.

Почитуван премиере, од сето ова нема ништо освен налудничав театар. Луѓето кои се огрешиле за време на Информбирото или се одамна починати или се во длабока старост како и нивните жртви. Сега страдаат невини луѓе, или луѓе чии гревови не се од таа природа да се прави хајка и атмосфера на линчување. Искористете ја еднаш вашата моќ во правилна насока и запрете го ова лудило. Бидете сигурни дека ова што денес се прави во Македонија ќе биде многу бргу предмет на нова лустрација за периодот на 2012 година кога невини луѓе јавно се жигосувани без судска пресуда. Тоа не може да помине без казна.




Статијата е прочитана 7824 пати.

Испрати коментар



„Ден“ продаден преку ноќ
Социјалната група „Аман“ на протест поради поскапувањата
Милчин ќе се жали пред Управен, но ќе го тужи и Аџиев
Аџиев
Уште еден советник во лустрациската мрежа
Институтот „Евро-Балкан“ стана универзитет
Охридскиот договор овозможи напредок
Доследна имплементација без партизирање и политизирање
Попоски чека позитивен одговор од Атина



jovan, 14.08.2012 00:16:34
Vo zatvor najdobro se ucat lekciite koj se ispusteni na fakultet. Se nadevam eden den nekoja nova Vlada ke im go ovozmozi ova na mnogumina.
Патриот, 14.08.2012 00:42:42
Браво Г-дине Ризаов, одлично кажано, само за жал џабе е... Со еден збор „зајдоа“ веќе ама се надевам дека крајот ќе им дојде на оваа криминално-фамилијарна група која ја ��оди Македонија што е можно побрзо!
Lustracija li e ova ili panadjur?, 14.08.2012 00:57:08
Popusto Erole! Mnogu ubavo sroceno i argumentirano kazano, ama za kogo? Iako se nema sluh od drugta strana, nie sepak ke komentirame. Tochno, kade e lustracijata na predsedatelot, premierot, ministrite i site ostanati od prviot eshalon na vlasta, pa vtoriot i tretiot i na krajot opozicijata. Ovde se e naopako. Latas namesto da bide lustriran, biva prechekan kako VIP-gostin vo MVR, so site duzeni i pochesti i na krajot usluzen so tapija deka ne bil kodosh, a bil! Boris Stoimenov, po prozivkata, im se zakani, pa i nemu mu dadoa potvrda deka ne bil kodosh, a bil! Za Donev i S.Chashulev da ne pravime muabet. I taka site segashni patrioti/nekogashni predavnici ispadnaa chesni i poshteni, samo onoj *leviot* od Kochani titkal. Sram go bilo! Od druga strana, onie shto ostanaa predavnici, site do eden da ti bile kodoshi, na chelo so Branko. Vidi, Boga ti!
Kоста Стоименовски, 14.08.2012 01:07:07
Апелот на авторот на Отвореното писмо до Премиерот е конкретен, отворен, поучен и добронамерен. Целосно се согласувам со мислењата и ставовите на авторот и мислам дека тие на Премиерот можат да му послужат далеку покорисно од „советите“ што му ги даваат разни подлизурковци, гавази, климоглавци, полтрони и профитери кои го окружуваат. Мошне важно е секој политичар да води сметка за рејтингот што го има додека е на власт, но уште поважно е да води сметка како ќе влезе во историјата! Постојат бројни примери кога политичари кои додека се на власт со подршка и помош на „дворските шутови“ си изградиле култ на личноста, кој по нивното заминување или сменување на најжесток начин го рушат токму оние што го воздигнувале и му го граделе култот додека бил на власт.
seirdzija, 14.08.2012 01:36:09
Samo se vie nadevajte deka NEKOJ ke svrsi rabota,a ovie tukutaka ke se odreknat od vlast po se sto storija so drzavata!!!Vo uslovi na nezavrsen POPIS,so preku 500.000 gradjani von drzavata nekoi komentatori se nadevaat na fer i demokratski izbori???hehe...Kako vladejat,taka i ke mora da se urnat od vlast!!!!Erole,Erole....dozivea pod stari godini da pisuvas so nenormalni ludje za nenormalni raboti....priznaj deka Komunizmot bese lulka od demokratija sporedena so ovie zabegani ludje!!!!Za Makedonija edinstven spas e SPECIJALEN SUD!!!Brzo,kratko,jasno i so dokazi koi ni se na site nas pred oci!!!
BitolaHamiltonCanada, 14.08.2012 02:03:04
So zadovolstvo te chitam Erole,I sekogas se slagam so tvoite napisani misli.Kako shto veli narodot,krivo sedish ama pravo zboruvas.Chuvaj se,semokniot netrpi luge koj shto pravo zboruvaat.Da ne dojdat nekoja vecer da ti chuknat na vrata.
melbourne, 14.08.2012 02:31:38
Seto ova e napraveno samo da se obezvredni se sto e MAKEDONSKO,pa da mozime polesno da se privikneme na podelbata na Makedonija i prisoedinuvanje kon nasite istocni komsii.Ke se povtoram,Dosta Dimovska velese Nisto ne me interesira poslem Grupcin,ovie segasnite DPMNE ne go velat toa megjutoa go sproveduvaat.
zrak, 14.08.2012 06:47:20
moram da kazam deka tekstot e prifatliv i odlicen i realen[za mene]i e eden od malkute sto se slozuvam so napisanoto na Erol,a na grujo,i nemu kako na eden drug oko ne mu trepnuva,bideki znae deka koga nekogas ke padne,narodot nas magepsan,ke go donese toj drugio,a toj veke vidovme kako se bori za pravdina,A.Bajram ke bide kriv za se...
K2, 14.08.2012 07:15:13
Popusto e g-dine Erol. Licnosta na koja se obracas e taka strukturirana da nema ni tronka demokratski kapacitet vo sebe. Ne slucajno Vasington post go vbroi vo druztvoto na Cavez, Nazarbaerv i Ahmadinedjat.Ovaa inkvizotorska psihoza koja toj so svojata familija ja stvori skapo ce ja cini MNakedonija. Svesno se posea omraza i silna podelba pomedju makedonskiot narod, se so cel da polesno se vladee( dividi et impera) i da se pljacka makedonskiot narod. Koga edna onakva poltronska figura kako Tome Adjiev, na potpolno nezakonski i protiustaven nacin si zema pravo da zigosuva lica za kodosi i predavnici togas navistina Makedonija go doprela dnoto na de mokratskite vrdnosti i slobodi. No ne terba da se zaboravi deka na se ima kraj , pa i na ova srednovekovno crnilo. No Makedonija vo sekoj slucaj seto ova skapo ce ja cini.
citatel, 14.08.2012 08:18:37
G-dine Erol, Vie so sekoja nova statija dokazuvate deka ja sakate svojata zemja poveke od site t.n. patrioti. No dobro znaete deka dzabe Vi e pismoto, lustracijata koja bozem ja pravat ne e so cel da lustrira , tuku da zabavuva za da zaboravime na se drugo.Mene mi e zal za site lugje koi sega gi maltretiraat da se dokazuvaat sto pravele i dali zgresile, no mislam deka treba da pocneme da ja ignorirame ovaa farsa , samo taka golemite patrioti ke se otkazat od vikanje: drz go kodosot! So natpisite ne im pomagate na lustriranite tuku im go zgolemuvate zadovolstvoto na patriotite
Трпе, 14.08.2012 08:24:12
Не ми е јасно Груевски зошто ги плаќа толку многу советници.Морат да му пронајдат нов рецепт ако сака да остане на власт.Доста го замајува и уништува овој наивен и кроток народ.Но треба да сватат дека тркалото е направено за да се врти.После да не кажуват ама не знаевме,таква била ситуацијата.
Генерација 1982, 14.08.2012 08:55:05
Ерол, зошто се обидуваш да бидеш „партибрејкер“, зарем не гледаш колкав број на луѓе се ситат и гледаат сеир, на маката на неколку луѓе. Туку друго ми беше муабетот, има ли некој да ми позајми 200-300 евр. да тркнам на некој одмор, само ми е страв да не се удавам таму, заборавив како одеше пливањето.
PAVLE ALIMASKA,PRILEP, 14.08.2012 09:27:29
Браво ЕРОЛЕ,се е на место кажано,меѓутоа во оваа држава има многу сеирџии и пасивни интелектуалци, кои само немо сето ова го гледаат,а треба и мора да реагираат на ваквото лудило.Имаме ефтин народ,кој на наредните избори за покриената вересија од 2-3000 денари во селската или маалската продавница што ќе му ја плати ДПМНЕ пак за нив ќе гласа.Тоа што поскапува се во земјава никој не сака да го гледа и да реагира.ДПМНЕ точно ја проучи психологијата на овој народ и најде начин како да дојде до нивните гласови.
pande, 14.08.2012 10:02:23
Samo novinarite i zasegnatite se zanimvaat so lustracija. Normalen svet od site se gadi i voopsto ne go interesira.
ќе биде..., 14.08.2012 10:34:02
Третата опција конечно доби голем аргумент за двете предходни.Едната со големото промашување,прифатизацијата,вторава со лустрацијата.И едното и другото транзиционо прекројување не беа толку битни за системското излегување од комуњарското во белосветсково.Сами си го наметнавме заради незнаењето да си употребиме непрекумерна сила.Ама ете,нашите пријатели не ни сугерираа како во пред деценија и нешто.А што пусти тие,џамбази невидени.а ние пак децата од нашата улица.Ќе пораснеме,има време,Македонија ете, каде има време за чекање.
Oтворен коментар до Риза, 14.08.2012 11:42:02
Времето на мешање во судски работи помина. Како тоа го замислуваш премиер да се замешува кога има комисија. Со две работи си опседнат Риза. Со Груевски кого народот го бира значи ти си против народот. И сакаш Македонија да го смени името тоа било твој личен интерес иако народот тоа не го сака и тоа 90% од Македонците. Значи ти си против нас Македонците во Македонија. А јас знаејки ја голготата на Македонците и кога ќе помислам како милиони Македонци се протерани или асимилирани и затоа е проблемот за името а не за антиката како ти што нонстоп пишуваш ти велам да си одиш од Македонија ние Македонците таква ја саkaмe. Како тоа пишуваш Груевски несакал да го реши наметнатиот проблем со Грција а Нимиц вели се знае кој сака да дојде решение. Подобро напушти ја Македонија отколку волку проблеми да имаш бе човеку.
gragjanin, 14.08.2012 12:07:15
Bravo Erole,ama badijala..docna e za pouki i prasanja od tipot Quo vadis domine?..ostanuva uste od opozarenata/osiromasenata Makedonija premierot da pocne da se inspirira i da pisuva poezija!Starite velat nitu Crna ne ne pere vece,politicarite se kako poplavite-otkako ce se povlecat se gleda gjubreto sto go ostavile zad sebe!Sramna lustracija,a nisto pomalku i nisto poinakvo ne moze da proizleze od lugje sto go zagubile i obrazot,i umot, i sramot!Na zdravje neka ni e LETOT vo mesto!
suze, 14.08.2012 13:52:21
Ероле ја имаш сета моја подршка и пиетет кон се што пишуваш,но најискрено, се плашам пријателе!
Mapkoc, 14.08.2012 14:58:33
Авторот спомнува „валкана игра со тешки последици врз здравјето на нацијата„. Меѓутоа, со лустрација ала ДПМНЕ (и срамна рамнодушност на коалициониот партнер ДУИ), се уништуваат важните заштитни механизми на државата, во кои секако се вбројуваат и тајните служби. Во нив, во демократска држава, согласно со законите и соодветниот надзор, работат чесни луѓе, посветени на безбедноста на државата. А секое кршење на законите завршува со судски прогон. Од друга страна, недопустлива е нивна инструментализација за лични или партиски цели. А токму тоа се случува пред наши очи, со прокажување на луѓе кои со многу нешта ја задолжиле Македонија - али не и’ се по ќеиф на власта. Имајки го предвид нивното искуство, кој нормален граѓанин во иднина ќе биде подготвен за работа во речените служби? Така државата станува се‘ помалку отпорна на внатрешните и надворешните закани. Иако сметам дека во случајов има работа за јавното обвинителство, тоа во блиска иднина нема да се случи. Али ќе дојде ден и за тоа
objektiven, 14.08.2012 16:00:29
Do otvoren komentar do Riza: ne znam i ne e moja rabota sto koristis, ama ne ti pravi dobro. Ili promeni ja terapijata, ili lekarot. Do site ostanati koi go citaat ova: koga na Erol ke mu cuknat na vrata, sto ke pravite Vie? Najgolem del od Vas ke gleda seir. Sramota! Zatoa i sme ovde kaj sto sme. A ovoj covek, koj ocigledno nema strav, e ziv primer za toa kako treba da pisuva eden objektiven novinar. Pogolem patriot e i poveke ja saka svojata zemja od mnogu drugi. A ne e nitu Makedonec po nacionalnost. Ova mnogu kazuva za nasiot mentalitet. Pozzzzzz.....
GABER, 14.08.2012 16:19:08
Ерол ти текнува ли за песната „Тике -тике тачке нема више врачке„Колата тргнала удолу и тука сопирање нема попусто се трудиш. Да видите во каква ситуација не доведе новиот Правилник на регулаторите за парното,станарите очите ќе си ги извадат,довчерашниот пријател ми врти грб зошто несакам да му потпишам согласност да се исклучи од системот,а низ станот му врват пет цевки кои му го греат станот. Се тргнало да го дели народот наместо да ги обединува.
Крт, 14.08.2012 16:26:05
Со сета почит кон тебе Ероле мислам дека водиш однапред изгубена битка. Ќе прашаш зошто, па затоа што личноста кому му е наменето отвореното писмо не чита ,,отворени,, писма. Тој чита затворени писма со помош на булумента советници кој така го советуваат да од Македонија направија ,,кокошарник,,. Претаат и запретуваат се што е вредно во Македонија. Што полошо на граѓаните на владетелите им е подобро. А лустрацијата е една обична фарса на она лустрирана, пардон фрустрирана личност од председател на комисијата. Една работа не ми е јасна дали истите веруваат дека се ВЕЧНИ и дека никогаш ништо нема да се смени во држава. Е, а тогаш....кога ќе се сменат работите!?
kanagjanka, 14.08.2012 17:05:30
После овој текст, се излегува на улица и се случува народ.Со нетрпение го очекувам тој момент!
aco, 14.08.2012 17:09:11
Pocnuvas od Inforbiroto a ne gi spomenuvas onie one koi bea za samostjna Makedonija na koi im se lepea etiketi.Mora za tie da ima rehabilitacija i obestetuvanje makar da so nisto ne moze da se vrati ona sto go preziveale od toj rezim ,ova e i eden od uslovite za EU i NATO.
do melbourne, 14.08.2012 17:10:39
Sto pisuvas nesto vo sto i samiot ne veruvas vo toa sto go pisuvas.Kakva vrska ima podelba so lustracija?Nikakva!Lustracijata i treba na Makedonija kako sto treba i za drugite drzavi koi bea od drugata strana na zeleznata zavesa.Dokazi za kodosite deka kodosele ima.A za podelbata,opasnosta od toa doagja od SDS.Tie gi napravija opstinskite granici sprotivno od voljata na Makedoncite.SDS se sretna so Taci neodamna vo blizina na Grupcin da dogovaraat koalicija.Zar toa ne ti asocira nekoja simbolika?Pa i uste SDS e vo koalicija so Ljubco koj zagovarase podelba.Samo onie na koi ne im e cista sovesta se protiv lustracijata.
Timotie, 14.08.2012 17:45:45
Порано ,**Вечерње новости ** ги купував заради коментарите на Југ Гризељ, , па неделникот **НИН ** заради коментарите на Богдан Тирнаниќ а сега ** Утрински весник ** заради твојата рубрика **Мое ќоше **......затоа што пофалбите и критиките се образложени со факти

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Петок
Локални грмотевици
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Многу е тешко да се измери успехот
„Да не беше филмот ’Продолжи‘, во овие места немаше ни да дојдам, воодушевен сум од убавината и големиот број извонредни...
Бразилските дождовни шуми се соочуваат со истребување на животинските видови
Научниците просечно откриле само четири од 18 видови на цицачи кои ги барале во дождовните шуми во Бразил...
Салман Ружди: Иран и јас имавме многу интимен однос
Треба да се каже дека Арапската пролет е готова. Младите луѓе кои ги почнаа демонстрациите беа политички невини. Нависти...
Египќанецот Морси ги предизвикува предвидувањата
Човекот, кој до неодамна беше познат како без шарм и случаен претседател, ги тргна настрана неговите ривали и ја засили ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |