15.08.2012, 15:35 Англичанец обвинет за „ѕиркање“ во соблекувалните на кинеските пливачки
Инцидентот се случил пред почетокот на Олимписките игри, додека кинеските олимпијци беа на специјални климатски подготовки во Лидс
Деклан Крозби (25) е изведен пред Судот во Лидс, откако беше обвинет дека ѕиркал во соблекувалната на пливачките од олимпискиот тим на Кина, додека тие се пресоблекувале.
Инцидентот се случил пред почетокот на Олимписките игри, додека кинеските олимпијци беа на специјални климатски подготовки во спортскиот центар во Лидс.
Случајот го пријавила една жена која го видела Крозби како влегува во соблекувалните на центарот. Тој подоцна бил фатен како низ еден од отворите во преградните ѕидови ги гледал младите Кинески.
Сокриен во една од кабините тој се преправал дека е женско, зборувајќи со пискав и „женски глас“, за да не биде открен од кинеските пливачки, но кога обезбедувањето на спортскиот центар во Лидс го извлекувло од кабината, тој ги молел да не викаат полиција и да го пуштат да избега.
Неколку дена подоцна тој самиот се пријавил во полиција и признал дека се вовлекол во соблекувалните за да ги гледа голи младите пливачки од Кина.
Во 2009 година, Деклан Крозби бил осуден на три години затвор затоа што влегол во една приватна кука и бил фатен како гледа во еден студент кој спиел разголен во својата соба. Како воајер, Крозби бил осудуван на два пати, во 2005 и 2006 година. |