Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
16.08.2012, 12:45
(ИНТЕРВЈУ) Многу е тешко да се измери успехот



„Да не беше филмот ’Продолжи‘, во овие места немаше ни да дојдам, воодушевен сум од убавината и големиот број извонредни пејзажи“, вели еден од најактуелните европски актери, Медс Микелсен, кој моментно снима во Маврово

Сунчица Уневска

Данскиот актер Медс Микелсен, кој оваа година ја доби „Златната палма“ во Кан за улогата во филмот „Лов“ на Томас Винтерберг, каде што игра човек лажно обвинет за педофилија, моментно снима во Македонија. Тој ја игра главната улога во патувачкиот филм „Продолжи“ („Move on“) во режија на Асгер Лет, инаку прв интерактивен филм, чиј спонзор и иницијатор е „Дојче телеком“ и нејзините сестрински компании во 11 европски земји. Идејата е корисниците на „Дојче телеком“ да се вклучат во создавањето на филмот, чие снимање се одвива во осум од овие земји, а Македонија е претпоследната негова дестинација. Микелсен го сретнавме во Маврово, каде што се одбрани локациите за неговото дводневно снимање.

Можете ли да ни кажете какво е искуството од овој филм? Ова беше нешто сосем ново, кое на интересен начин ја вклучи публиката и чие сценарио го менувате по пат. Се покажа ли оваа идеја добра, што мислите сега откако го снимивте поголемиот дел од филмот?

- Тоа беше пријатно искуство. Прво, сретнавме многу интересни луѓе од различни делови од Европа и неверојатно е колку се големи разликите во размислувањето. Да се оди во Холандија и во Австрија е огромна разлика, како и овде во Македонија. Веројатно во овие места немаше ни да одам ако не го снимав овој филм, но морам да кажам дека постојано ме одушевува убавината на просторот и големиот број извонредни пејзажи.

Имаше ли голем интерес од публиката, прифативте ли многу сугестии?

- Мислам дека имаше. Луѓето кои постојано работат на тоа издвојуваат добри идеи и не толку добри, но, сепак, сето тоа излезе добро.

Имате ли Вие влијание во филмот?

- Не повеќе од вообичаено. Обично, кога работам дома, во Данска, мислам дека имам поголема соработка со сценаристот и режисерот. Овде баш и немам, бидејќи многу се движиме и добиваме идеи од луѓето на интернет. Тоа не мора да значи дека ја менуваме сторијата, но мала локација може да направи луѓето да го имаат тоа влијание. Од таа причина дојдовме на идеја и да ја промениме малку сторијата.

Кој дел од филмот го снимате во Македонија, почетокот, средината или крајот?

- Крајот. Го снимаме филмот хронолошки, што е реткост во оваа индустрија. Сум работел така претходно неколку пати на помали дански проекти. Нормално е дека е поскапо да се работи на тој начин, но кога правиме вака и постојано сме во движење, тоа дава резултати и ни дава простор да ги правиме сите тие промени на сторијата.

Каква е разликата меѓу високобуџетните филмови и оние со мал буџет? Кој приод во снимање на филмот Ви дава можност за поголема креативност?

- Не е толку црно и бело како што се мисли. Многу сум среќен што имав можност да работам надвор од мојата земја и мислам дека има изненадувачки многу можности да се креираат ликовите. Јасно е дека ако работите на филм кој има буџет од 500 милиони долари, постојат други правила. Тука има многу поголем ризик, па некои работи мора да се направат на одреден начин. Но, и покрај тоа, јас мора да најдам креативност.

Во филмот за Џемс Бонд „Казино ројал“ игравте негативец, што помина одлично, па многумина мислат дека режисерите често Ви нудат такви улоги. Дали е вистина, дали Ве гледаат повеќе како негативец?

- Зависи. Сум работел многу различни ликови, особено дома. Немам играно многу херои, но сум глумел доста обични, нормални луѓе и неколку лоши момчиња. Имам впечаток дека токму тие се најпознати ликови. Но, сум работел и на двете страни и еднакво ми се допаѓаат. Мислам, не е исто, но станува збор за две страни на иста пара. Ако играте некој лош лик, мора да најдете нешто што ќе ви се допадне кај него. Ако глумите, пак, добро момче, тогаш мора да го најдете спротивното.

Имате играно во многу различни улоги, во високобуџетни и во комерцијални остварувања, во уметнички и во догме-филмови. Што е за Вас пресудно во изборот на улогите?

- Може да бидат важни многу различни работи. Прво, сакам да го разберам режисерот, да сфатам што сака. Не мора да се согласам со него, но тие имаат свои барања, гледања и амбиции за филмот. Морам да го прочитам сценариото, со кое може и да не се согласувам, но важно ми е да најдам нешто што ќе ми се допадне. Ликот доаѓа подоцна.

Дали беше тешко да се одигра улогата во „Лов“, човек обвинет за педофилија, кому пријателите ќе му го завртат грбот?

- Не, не ми беше тешко да ја одиграм таа улога. Тоа е многу убав, трогателен филм и главниот лик минува низ многу нешта. Ако сценариото е добро напишано, нам ни се олеснува работата, додека во спротивно само ни отежнува. Во овој случај, сценариото беше фантастично, а режисерот извонреден. Секако дека не беше како прошетка во парк, но не го гледам како нешто тешко, туку како нешто што може да се разбере.

Го очекувавте ли успехот што Ви се случи и што Ви донесе, односно се промени ли нешто, освен, се разбира, повеќе пари и слава?

- Многу е тешко да се измери успехот. Постојано работам. Кога ќе помислам на сите оние актери кои немаат работа, тогаш во таа смисла - да, сум постигнал голем успех. Но, на тоа гледам на поинаков начин. Го работам тоа што го сакам и се обидувам да го направам најдобро што можам. Тоа на крајот станува кариера. Се плашам дека ако си поставам цел што сакам да правам и кога ќе видам што сум остварил од тоа, ќе бидам разочаран. Затоа, се трудам да го работам она што мене ми се допаѓа и да го правам тоа најдобро, и да се надевам дека тоа ќе биде позитивно.

Дали сонувавте да бидете актер?

- Не, воопшто. Бев неколку години гимнастичар, а исто така се занимавав и со танцување. Актерството не ми беше ни на крај памет, но излезе можност да се обидам и мојата идеја беше, зошто да не, ќе биде забавно. Но, ете, не можете да знаете како ќе се одвиваат работите, се' додека не се обидете.

Ја добивте и Европската филмска награда за Вашиот уникатен придонес кон филмот, а исто така и престижната „Златна палма“. Се променија ли работите по овие награди, се зголемија ли понудите што ги добивате?

- Не, тоа е многу интересно. Понекогаш работите едноставно застануваат. Тешко е да се каже кога ќе дојде некоја следна понуда. Некогаш во еден ден добивате две понуди, а некогаш пет месеци нема ништо. До средината на следната година немам ангажман, а потоа, ќе видиме што ќе се случи.

Статијата е прочитана 1050 пати.

Испрати коментар



Заврши снимањето на патописниот филм „Move on“ во Македонија
Премиера на „Платеници 2“ во кино „Милениум“
На „Охридско лето“ барокна музика со италијанскиот ансамбл „Колегиум про музика“
Поетска книга на Лидија Димковска објавена во САД
„До балчак“ пристигна во Куршумли-ан
Салман Ружди - Иран и јас имавме многу интимен однос
Признанието „Пријател на Република Македонија“ за Волф Ошлис
Балканската сага на Луан Старова во 12 тома
Пречесниот Мун е во критична здравствена состојба
Жените во Северна Кореја ќе можат да возат велосипед, носат фармери и високи потпетици
Трисет и пет години од смртта на Елвис Присли
Англичанец обвинет за „ѕиркање“ во соблекувалните на кинеските пливачки
Најубавата Македонка ќе се избира на Велешко Езеро
Ван Гог, Галија и Дубиоза Колектив на годинашниов „Тиквешки гроздобер“
Филмот „Татко“ вечерва на „Бит фест“
Специјална награда „Златна камера 300“ за Кристијан Бергер
Британска двојка доби над 148 милиони фунти на Евролотарија
Жан Клод Ван Дам ја признал аферата со Кајли Миног
„Балканскиот филмски караван“ продолжува на БитФест
Почина Хелен Гарли Браун - легендарната уредничка на „Космополитан“
Пронајдени загубени пирамиди во Египет
Почина Карло Ламбарди, творецот на „Е.Т.“ и на „Алиен“
Сонцето е опкружено со темна материја
Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ објавен на словенечки јазик
Филмски денови „Sее а Paris“ во рамки на Битфест
„Госпоѓица Јулија“ на „Охридско лето“ во чест на Стриндберг
„Балкански музички плоштад“ денеска и утре во Охрид
(ИНТЕРВЈУ) Детскиот театар е важен за формирање на публиката
Грчка изложба и концерт на „Хармосини“ на „Бит фест“
Конзервација на локалитетот Стибера
Во Битола почнува АКТО 7
Гигантските ѕвезди не се мистерија
И „Охридско лето“ го слави Стриндберг

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...
(ИНТЕРВЈУ) Многу е тешко да се измери успехот
„Да не беше филмот ’Продолжи‘, во овие места немаше ни да дојдам, воодушевен сум од убавината и големиот број извонредни...
Салман Ружди: Иран и јас имавме многу интимен однос
Треба да се каже дека Арапската пролет е готова. Младите луѓе кои ги почнаа демонстрациите беа политички невини. Нависти...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |