16.08.2012, 12:08 Пречесниот Мун е во критична здравствена состојба
Деведесет и две годишниот Мун, основачот на т.н. Обединета црква, е сместен на интензивно одделение во болница во Сеул со дијагноза за пневмонија
Пречесниот Мун, основач на т.н. Обединета црква е сместен на интензивно одделение во болница во Сеул со дијагноза за пневмонија, изјави негов висок соработник.
Деведесет и две годишниот Мун бил примен во болницата во понеделникот и е во критична состојба, истакна заменик-претседател на американсккото претставништво на Обединетата црква, Џошуа Котер.
Тој истакна дека членовите на црквата се молат и постат за брзо оздравување на нивниот духовен лидер.
Пречесниот Мун ја основа Обединетата црква во 1954 година во Сеул. Неговото движење почна да добива популарност во ’70-те години на минатиот век со органиизираните од него масовни свадби.
Бизнис империјата на пасторот ги вклучува весникот „Вашингтон тајмс“ и хотелот „Њујоркер“ на Менхетен.
|