Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
15.08.2012, 17:53

Бесими жали што не бил разбран за Слупчане

Не стивнуваат реакциите откако владини претставници се поклонија пред споменикот на УЧК

Горан Адамовски

„Градењето доверба се базира на меѓусебното почитување. Искрено жалам што не е целосно разбрано ова залагање за помирување, кое е во духот на Охридскиот договор, кој пак е составен дел на Уставот, а тоа е исклучително важно за иднината и просперитетот на Македонија“, изјави вчера министерот за одбрана, Фатмир Бесими, по понеделничкиот настан во кумановско Слупчане, каде што униформирани лица на АРМ се поклонија пред споменикот на паднатите борци на УЧК.

Министерот смета дека таквиот потег бил во согласност со Рамковниот договор, не смета дека направил нешто лошо и не планира да поднесе оставка, имајќи предвид дека од него се огради Владата. На прашање дали за настанот во Слупчане имало координација со претседателот и врховен командант на вооружените сили и со премиерот, Бесими се повика на Уставот.

„Институцијата претседател го дава своето ‘за‘ со самиот потпис на Охридскиот договор, што е составен дел од Уставот “, одговори Бесими по неформалната средба со поранешните министри за одбрана и началници на ГШ како дел од одбележувањето на јубилејот „20 години АРМ“.

Прашан дали ќе поднесе оставка, министерот уште еднаш се повика на вредностите од Рамковниот договор и Уставот, а со тоа, потенцира тој, не треба да има никаков страв од каков било аспект затоа што најсигурен гарант за иднината на земјава е граѓаните да се почитуваат меѓу себе.

Одговарајќи на прашањето какви се односите меѓу Генералштабот и МО, бидејќи тој е првиот министер за одбрана од чија постапка се огради началникот на ГШ, Бесими се повика на Законот за одбрана каде што, истакна, јасно се дефинирани односите на МО, ГШ на АРМ и претседателот.

„Пред вас сум како министер за одбрана на сите граѓани на Република Македонија, било да се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми... Убеден сум дека најголем дел од граѓаните во Република Македонија ги поддржуваат насоките за градење заеднички живот и меѓусебно почитување како најсигурен гарант за иднината на државата“, рече министерот.

Иако Бесими смета дека не постојат тензии, против неговиот потег и вчера стигнаа еден куп реакции. Претседателот Ѓорге Иванов оцени дека не биле испочитувани институционалните правила и процедури. Тој побара да не се злоупотребува Армијата и употребата на армиската униформа за политички, партиски или какви било други цели. Инсистира надлежните да го расветлат случајот и да утврдат дали постои злоупотреба на службената должност.

„Униформираните лица во придружба на министерот за одбрана, не се во формацискиот состав на Армијата, туку се членови на Кабинетот на министерот“, стои во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Но, тогаш се поставуваат низа прашања: кои се тие униформирани лица што се членови на Кабинетот на министерот, а не се припадници на АРМ? Зар Бесими околу себе има униформирани лица? На крајот на краиштата, тие носеа македонска униформа.

Заменик-премиерот Муса Џафери, кој беше дел од владините функционери што се поклони пред споменикот на УЧК, смета вакви настани не треба да се користат за кавга меѓу партиите и институциите.

„Ние одиме по институционален пат. Го почитувавме 13 август - Денот на Охридскиот рамковен договор и го направивме тоа во интерес на мирот. Нивното дело е ценето и нема потреба за вакви полемики. Не можеме да ја коригираме историјата, можеме да ја смениме сегашноста од 2001 година наваму. Да ги вреднуваме на достоинствен начин овие дела и да се надминеме себеси, затоа што е поважно да има мир отколку да се попречуваме меѓусебно и да има конфликт и нетолеранција“, нагласува Џафери.

Стево Пендаровски, кој е претседател на Комисијата за безбедност на СДСМ, објаснува дека во Рамковниот договор нема децидна одредба како се чествуваат спомен-обележја на загинати припадници од која било страна од конфликтот во 2011 година.

„Бесими се повикува на идејата за помирување, која е неспорно дека е градена како идеја по концепт на Рамковниот договор, меѓутоа помирувањето не се прави преку ноќ и не се прави со парцијални зафати на само дел од министрите во Владата. Помирувањето во историска смисла, и на континентот и пошироко, го предводеле политичките лидери. Во држава која е сериозно фрагментирана по етничка, по политичка и по која било друга линија, или политичкото раководство ќе демонстрира единство при обидите да се помириме или тоа ќе биде осудено на неуспех“, смета Пендаровски. Според него, во овој момент има две глави во Владата, два концепта за тој чин и сосема спротивни соопштенија за еден ист настан.

Македонски обединети сили сметаат дека со понеделничкиот настан се нарушува достоинството на македонските бранители и на меѓуетничките односи во Македонија и се создаваат услови за нивна ескалација. Обединети за Македонија бараат премиерот да ги разреши сите инволвирани функционери во овој случај.

Генералштабот и ВМРО-ДПМНЕ веднаш се оградија од Бесими. Генералштабот на армијата не бил информиран за настанот од МО.

Скандалот изби откако првпат офицери на АРМ стоеја мирно пред спомен-обележјето на УЧК во Слупчане. Припадниците на армијата беа придружувани од Фатмир Бесими, вицепремиерот Муса Џафери и заменик-министерот за внатрешни работи Џељал Бајрами.

Влада: Министерот отишол приватно

Владата не донесе решение за одбележување на настанот во Слупчане, ниту, пак, испрати делегација. Овој настан нема никаков официјален карактер, ниту државен третман. Појавувањата на лица кои се дел од Владата има третман на нивна приватна посета за приватна комеморација. Не можеме да преземаме мерки за лица кои во слободно време и во приватен ангажман се појавиле или зборувале на некој настан. Ова е ставот на Владата, која се огласи вчера доцна попладнето преку соопштение.

„Владата го поддржува развојот на мултиетничкото општество и работи во таа насока, но и истовремено цени дека градењето доверба меѓу заедниците не може да се остварува ефективно со изолирани настани, кои немаат широка поддршка во јавноста, како и со ставање определени настани во функција на политичко-партиска агенда. Напротив, може да се остварува со широкоприфатени активности, кои нема да ги повредат или злоупотребат чувствата на граѓаните или основите на државно-правниот развој“, сметаат во Владата.

 


Статијата е прочитана 2076 пати.

Испрати коментар



Последната битка на Арбен Џафери
Аман, аман во зорт заман
Се отвораат универзитети на секое ќоше
Депонијата гори, комуналците во штрајк



Itar Pejo, 16.08.2012 00:21:06
Imavme avtenticno tolkuvanje, sega dobivme privatna komemoracija!
kole, 16.08.2012 00:30:47
Рамковниот договор е потпишан. Се спроведува. Дел е од Уставот. Албанците дале жртви за да тоа се случи, (да ли баш тој бил првичниот мотив е дискутабилно, но ирелевантно во случајов) од тука, не гледам зошто и до кога патриите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ мислат да се однесуваат во јавноста како да “не се од овде“? (ШТО ГЛУМАТ ЛУДИЛО?) Со тоа ги навредуваат и демотивираат вработените во безбедносните служби (АРМ, Полиција и слично) на Македонија, кои треба да работат со истите тие водачи на поранешниот противник, а кои сега седат дури и на министерски места.Што побргу да се разрешат сите дилеми околу Рамковниот ќе биде најдобро за Македонија (и македонците) . Да се спроведува со отворено срце, но исто така, бидејќи улицата е двонасочна - да се инсистира на неговата конечност, дефинираност. Во смисла - да не се проширува и растеглува, како што една од страните постојано се труди да прави. Ние, со нашето двоумење само и даваме сила на таа политика.
ez-mani, 16.08.2012 00:40:04
makedonija e zemja na svite koji zhiveat vo nea i pravata na svite treba da se ednakvi bez razlika na vera i etnichka pripadnost,sekoj politichki poteg koj pridonesuva za zacvrstuvanje na sozhitelstvoto vo republika makedonija treba da se podrzhi zatoa shto toa pridonesuva za napredog na republika makedonija vo svite podrachja,tije shto ne go pochituvaat ovoj princip i se zallagaat za rushenje na sozhitelstvoto vo makedonija slobodno mozhe da se kazhe deka se neprijateli na republika makedonija i po nivnata propaganda i agitacija narodot ne treba da odi i da se zallazhuva,sekoj koj gi saka drugite go saka isebesi a sekoj narod koj gi saka drugite narodi go saka i sebesi,samo tije shto se zaposednati od gjavolot mislaat samo na omraza i na vlakno qe najdat prichina za da se sopnaat.gospod e so pravednite a na ratnite profiteri i tije shto se opsednati od gjavolot qe gi stigne bozhjata kazna.
Do Besimi, 16.08.2012 02:02:51
Tebe te voglavno razbravme, osven opravduvanjeto za Ivanov i Gruevski, bez chie odobrenie i naredba toa ne bi mozelo da se realizira, no niv nikako ne mozeme da gi razbereme. Zoshto se krijat i se pravat *da ne se od ovde*, upotrebuvajci ne videni lagi. Zoshto? E taa dvolichnost ne iritira i ne mozeme da ja podneseme. A patriotite i ponatamu im veruvaat. Bora Chorba svoevremeno peeshe edna pesna, al je lepo ... . Navistina e lepo!
Goce, 16.08.2012 03:26:16
zosto kako minister posetuva albanski spomenici a ne makedonski kako so se na karlapak i drugi ovdeka nesto ne e vo red za ova mislam nema opravdanie
Majkin Perth, 16.08.2012 09:45:12
Kade e reizbraniot pretsedatel Todor Petrov? Kako moze vo ovoj slucaj da ostane bez comentar.
pile, 16.08.2012 10:59:32
Edna narodna izreka veli: da se fati baba vo oro dala gros, a da se pusti dava dva,arno ama...Imavme majski dogovor pomegju DPMNE i DUI prvicno sramezjlivo negiran, slicno kako i soglasnosta za ime na Drzjavata pred Samitot na Nato vo Bukurest, Republika Makedonija (Skopje), taen, pa na jave,kako i imavme avtenticno tolkuvanje na Zakonot za amnestija, normalno so ograduvanje na najpatriotskiot Premier so izgovor odlukite na Sobranieto mora da se pocituvaat,i sega sco napraivme,kako DPMNE rejtingot da go zadrzji.Imajki gi vo predvid izjavite na G-dinot Bujar Osmani dadeni vo edna od emisiite na TV Alfa, deka DUI rakovodi so 2/3 od resornite ministerstava posle ovaa DPMNE so 1/3 od resorite da ja napusti Vladata,i da se formira Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost, oti vakvite i slicni ora, a se zastapeni vo sekoja sfera na organizacija na zjivotot a posebno na sozjivotot vo Republika Makedonija, za niv se preteski, a od nivnoto igranje zavisi i sudbinata na Makedonskite gragjani.
suze, 16.08.2012 11:12:39
Мој предлог е да се направи споменик за живот на првиот политичар што ќе има доблест да си поднесе оставка од морални причини,и плус неработен ден и прослава на плоштад.Не се радувај народе,бидејќи таков НЕМА.
Joco, 16.08.2012 11:27:38
Ssto vssussnost site glumime ludilo, koga isto vaka besse i na Kosovo. Ubavo fino leka popoleka i demokratski si vlegoa tie vo site institucci na vlasta i posle op, op, mic po mic so golema pomos na Amerika i EU si dobija drzzavicka. Taka e i ovde kaj nas. Tie, bre, si sakaat usste edna nova/treta albanska drzzaviccka na Balkanot, i tuka e demek tajnata na celata ova predigra. Aman, veke od se!!!
Is ,Is, 16.08.2012 11:37:52
Do Majkin od Perth. Ne go barajte Todrceta , vecniot pretsedatel na SMK , toj na vakvi raboti se krie vo gluvceva dupka i reagira kako gluvonem. Koga ce dobie instrukcii i upatstva togas ce se pojavi i toa so nedovetni i goropadni izjavi. Gosopod da ne cuba od vakvi patrioti kako Todorce.
РНД, 16.08.2012 12:11:53
Ме интересира што би се случило кога министеров би се поклонил пред гробот на Осама Бин Ладен..... ах да, Осама е погребан некаде во морето - па затоа неможе.... ПС: Како ќе си на наредите - така ќе си ја терате...
london, 16.08.2012 13:24:00
Pa ako saka pomiruvaneje neka se pokolni pred spomecite na makedosnkite braniteli - da ne zali za dzabe
pero, 16.08.2012 13:27:19
Vistina ubav gest e sega e vreme Besimi i Ahmeti vo istiot duh da polozat venev vo vejce i karpalak itn.................neli e isti duh.......
Goce USA, 16.08.2012 13:54:42
Te poddrzuvam gospodine ministre potpolno. Krajno vreme e da gi zakopame voenite sekiri i da se pomirime. I tie sto zaginala na drugata strana se lugje so majka i familija. Sosema e korektno sto toa go napravivte na zaginatite od dvete strani. Nikogas veke da ne se povtori takva nesrekja!
do GOCE USA, 16.08.2012 16:10:13
Goce, ne e vreme za tropanje gluposti od USA! Kade bese 2001 godina, da vidis, pa sega da go ucis narodot od Makedonoja deka *vreme beshe....* vidi te molam. Ne e vreme Goce, a vremeto za da dojde, trebe i od drugata strana nesto da se napravi za toa. Ovoj cekor bese napraven , SO PREVARA i toa ne e cesno, oti si go teraat svoeto mic- po mic i si uspevaat. A ti , podobro ne se meshaj vo vakvi krupni problemi, osvcen ako ne si sluzel vojska ili ne si ucel predvojhnicka obuka, pa nemas vrska so toa kako idat naredbote vo vbojskata i od kogo !
jean, 16.08.2012 17:45:59
gospodine ministre vasata odluka da odete vo slupcane e moralen i demokratski cin i doprinesuva da medjuetnickite odnosi da se popravaat vo makedonia a ovie sto te kritikuvaat mislam na vasite kolegi makedonci ministri znaete ovie me potsetuvaat kako srpskite ministri koga pred narodot izleguvaat so necemo priznati kosovo a ima granica sega srbite vleguvaat so pasos necemo pregovarati sa teroristima poput hashima tacija a sega veqe vo septemri qe se rakuvaat toa veqe go napravi tadic .vasite kolegi makedonci go lazat svojot narod samo da dobijat politicki poeni barem ot onie koi mnogu ne razbiraat vo politika ili pak sonuvaat koga albancite bea gradjani od vtor red.vo instituciite na makedonia bevme samo 2%
Daco, 16.08.2012 18:33:18
Besimi, sega ti e jasno deka ti podmetnaa banana,te zeznaa.
bezanec, 16.08.2012 18:37:48
Знам дека коментарите се како да тресеш празна слама. И една поговорка вели „„ какво викнало такво се одѕвало„„ Вмровци видете си ја глупоста и невидениот срам за македонецот кога македонската гарда-војници ги облековте со бугарската фашистичка униформа.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...
(ИНТЕРВЈУ) Многу е тешко да се измери успехот
„Да не беше филмот ’Продолжи‘, во овие места немаше ни да дојдам, воодушевен сум од убавината и големиот број извонредни...
Салман Ружди: Иран и јас имавме многу интимен однос
Треба да се каже дека Арапската пролет е готова. Младите луѓе кои ги почнаа демонстрациите беа политички невини. Нависти...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |