Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.08.2012, 18:05

Прашања и одговори: Слупчане

Дали потегот на министерот Фатмир Бесими беше толку неочекуван и страшен и како на него одговорија претседателот и премиерот


Љупчо Поповски



1 Каква беше реакцијата на претседателот на државата за потегот на министерот за одбрана, Фатмир Бесими, во Слупчане?



Реакцијата на Ѓорге Иванов беше како на човек кого наеднаш го снашол непредвидлив проблем кој не го посакува ни на сон. Уште, згора на тоа треба да го решава. Претседателот не треба да заборава дека тој е врховен командант на Армијата на Македонија. Затоа, наводите од соопштението дека тој „побарал од надлежните да го расветлат случајот и да утврдат дали постои злоупотреба на службената должност“ е удар со камен врз сопствената нога. Од една страна, Иванов самиот се дистанцира од улогата на врховен командант во еден сензитивен случај, а од друга страна, тој како највисок „надлежен“ треба да ги испита околностите за настанот.

Другиот дел од наводот во соопштението на Кабинетот на претседателот дека „униформираните лица во придружба на министерот за одбрана не се во формацискиот состав на Армијата, туку се членови на Кабинетот на министерот“ е неверојатен пример за конфузија. Што значат овие зборови – дека врховниот командант знаел оти низ одаите на министерскиот кабинет се шетале униформирани лица кои не биле делови на АРМ (ако не се од неа, од каде се – од Албанија, од Бугарија, од Австрија?) или, пак, тоа го дознал во моментот кога ги видел телевизиските снимки од Слупчане. Што и да е, врховниот командант го стават во исклучително непријатна ситуација – тој да не знае што се случува во наjвисоките врвови на воените ешалони и со тоа да сугерира дека работите и малку го интересираат.



2 Каква е улогата на премиерот и на другите структури во Владата за настанот што фрли голема сенка врз коцките на „Илинденска“?



Фактите не му одат во прилог на Никола Груевски, затоа и го нема да се појави во јавноста три дена, токму од моментот кога Бесими и министерот за правда, Блерим Беџети, положуваа цвеќе на споменикот на борците на ОНА. Не е прв пат министер да отиде да се поклони пред споменикот во Слупчане, но е прв пат да го направат тоа лица со униформи на кои е зашиено знамето на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ се огради од настанот, особено од учеството на униформираните лица, но тоа е получекор. Всушност, партијата и нема можност да го направи целиот чекор.

Владата се обиде да го толкува тоа како „приватна посета на приватна комеморација“. Соопштението од Секторот за односи со јавноста на Владата е прилично дискриминирачкo и омаловажувачкo кон министерот Фатмир Бесими. Тој таму е оквалификуван како „лице“. „Владата не може да преземе мерки кон лица кои во свое слободно приватно време и во приватен ангажман се појавиле или, пак, зборувале на некој настан. Појавувањето на определени лица на тој настан и она што било истакнато од определени лица на тој настан во поглед на појавувањето или, пак, за друг аспект не ги одразува политиките и позициите на Владата“.

Не знаеме дали премиерот Груевски го повикал на разговор министерот Бесими (ако на тоа мислел претседателот на државата кога соопштуваше за истрагата на „надлежните“) за да бара објаснувања. Тешко дека ќе дознаеме дали Груевски можеби и не бил претходно информиран за настанот што треба да се случи. Но, јасна е политиката што треба да се применува наредните денови: Владата треба да се дистанцира од својот министер кому ни влакно нема да му фали (па, тој и не одговара пред премиерот, туку пред лидерот на ДУИ); да се прикаже дека помирување со „терористите“ на ваков начин не може да се случи и се' друго ќе си тече како и досега.



3 Дали Фатмир Бесими е визионер и патриот?



Амбасадата на САД издаде соопштение од кое на многумина во Македонија им се крена косата на главата. Постапката на министерот Бесими Американците ја оквалификуваа вака: „Визијата и патриотизмот на лидерите како што е министерот Бесими се критични за процесот за залечување на раните кај двете страни од конфликтот“.

Што треба да направиме сега – да се качиме на Кале и да фрламе камења кон американската амбасада или да помислиме дека некој ја гледа и големата слика, а не само парче од мозаикот. Реакцијата на Американците е реакција на пријатели кои настаните ги следат од дистанца, а не со емоции, како што го правиме тоа ние. Затоа треба да собереме храброст и да ги гледаме настаните со смирени очи, без оглед колку, на прв поглед, ваквите реакции ни се чинат како лицемерни.

Прашање на ден беше кога Бесими како министер за одбрана ќе отиде да се поклони пред споменик на борците на ОНА (тоа ќе го направеше и кој било член на ДУИ на тоа министерско место). Кога Бесими положи цвеќе на Споменикот на загинатите бранители бевме подготвени да му го дадеме медалот за визионерство и патриотизам, а сега сакаме оставка од него. Факт е дека Бесими покажа енергија и умешност во водењето на Министерството за одбрана и воспостави ефикасен линк со клучните престолнини во НАТО и факт е дека некои негови постапки, кои може да имаат врска со ОНА, ги вознемируваат Македонците. Нереално е да се очекува Бесими, како политички потомок на бунтовниците кои водеа војна со македонските безбедносни сили, ќе мисли само на бранителите.



4 Дали ова беше избрзана постапка на министерот за одбрана?



Владо Бучковски е во право кога вели дека ова, наводно, помирување што го сугерира потегот на Бесими е избрзано и лошо изведено. Точно е дека ваквата постапка треба да биде синхронизирана и политички одработена и да не биде еднострана затоа што се толкува како клин во меѓуетничките односи, особено кога во неа се вклучени и офицери на Армијата. Прашањето што произлегува од точната детекција на Бучковски е дали во догледно време е можно помирување во ситуација кога Македонците го сметаат Рамковниот договор како наметнат мир.

Собранието, по препорака на владините коалициски партнери, ги амнестираше хашките случаи поврзани со злосторства против човештвото; поранешните команданти на ОНА беа во највисоките ешалони на власта, од министри до пратеници и потпретседатели на Собранието, мистериозниот мајски документ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ (кој од владејачката партија беше негиран до последен момент) функционира без проблеми, па сега венецот на министерот пред споменикот во Слупчане доаѓа како развој на настаните што не може да се запре. Добро ќе беше македонскиот дел од Владата да излезеше и да го споделеше овој товар на плеќите на обата партнери, а не да се прави како ништо да не знаел. Со таквите постапки ја наведува јавноста да мисли дека Владата функционира како федерален кабинет, кој го отвора патот и за промени кои треба да ја озаконат ваквата поделба во општеството.


Статијата е прочитана 1310 пати.

Испрати коментар



Лустриран поранешен советник во Куманово
Адутот на СДСМ за Скопје – енигма до 28 октомври
Што се крие зад новиот слоган на ВМРО-ДПМНЕ
Кирил Пслатиров - Бев жртва, а не кодош
Иселениците во Австралија не забораваат македонски
Македонски „кисинџери“ или трансфер-жртви?
Слупчане ја ниша коалицијата



Itar Pejo, 17.08.2012 00:07:51
Premierot treba ili da go podrzi svojot miniter ili da go smeni ili da si dade samiot ostavka. Taka e vo site demokratii i diktaturi. Vo Apsurdistan mozna e i cetvrta ocija. Bilokoja.
Bravo Ljupche!, 17.08.2012 01:03:05
Vchera komentirajci go soopshtenieto od kabinetot na predsedatelot, mu porachav da bide iskren i vo komandantski stil da kaze: Jas narediv i tochka! Pa duri i navistina da ne e znael, shto e prosto ne verovtno. I tokmu zarad toa *ne verovatno*, ako ne e znael, treba da laze deka e znael, a ne obratno. Ovaka ispadja da vo armijata i nejzinoto naj visoko rakovodstvo vladee totalna anarhija (haos), poradi shto armijata na 18.08.2012 g. namesto da slavi, treba da se raspushti/rasformira. I sekoe ponatamoshno opravduvanje i objasnuvanje, neminovno vodi vo toj pravec. Zatoa e pametno da se prevzeme odgovornosta na sebe ili barem da se cuti. No patriotite ne znaat da cutat, pa denes imame soopshtenie od DPMNE kako vrh na licemerieto. Znaat li voopshto kade se naodjat i shto pravat? A da, Branko e kriv! Toj e vlast, oni se opozicija. *Shta da vam kazem*(S.Sh).
A r a n g e l k o v i c, 17.08.2012 05:10:33
Makedonskata vlada treba da bide iskrena za nastanot koj netreba da se tolkuva kako brutalnost, anarhija ili haos. Za Makedoncite nastanot e malku neobicen, ali samo malku. Vprocem konfliktot vo 2001 bese nametnat od strana (se znae od kogo). Izginaa i napadjaci i braniteli - site gradjani na Makedonija. Site, koi se desetoletija i vekovi medju sebe ziveele vo mir. Mirot e povreden od interesite na politikata i politickite partii. Sozivotot e baza na mirot i RM treba da odi kon taa nasoka.
jovan, vlada @, 17.08.2012 09:51:38
СО ОВОЈ ТЕКСТ ПОЧИТУВАНИОТ НОВИНАР ДО НЕКАДЕ СЕ ТРУДИ ДА ГИ ОБЈАСНИ НАСТАНИТЕ НИЗ НЕКОЈА ОБЈЕКТИВНА НЕГОВА ОБЈЕКТИВНА ПРИЗМА. НО ТУКА МОЖЕ ДА СЕ СПОРИ И ДА СЕ ЗБОРИ ДО УТРЕ, МОРА ДА СЕДНЕМЕ И ДА СЕ ДОГОВОРИМЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ВО ТАА ВОЕНА 2001 ГОДИНА? ДАЛИ ИМАВМЕ ВОЈНА, ВОСТАНИЕ, ТЕРОРИСТИЧКИ АКЦИИ ИЛИ БИЛО ШТО, ДА СЕ ДЕФИНИРА СОСТОЈБАТА ВО КОЈА СЕ НАОЃАШЕ МАКЕДОНИЈА. БЕЗ СЕДНУВАЊЕ НА МАСА НА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ СТРАНИ ВО ОВОЈ КОНФЛИК И РЕШАВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ОСТАНТАИТЕ ПРОБЛЕМИ КАКО ШТО СЕ РАСЕЛЕНИТЕ ЛИЦА И КИДНАПИРЕНИТЕ 12 МАКЕДОНИЦИ КОЈ ДО ДЕН ДЕНЕШЕН НЕ ИМ СЕ ЗНАЕ ТРАГОТ НИ ГРОБОТ НЕМА ДА ИМА ВИСТИНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ГРАДЕЊЕ НА ХАРМОНИЧЕН ПРИСТАП КОН РЕШАВАЊЕТО НА СИТЕ КРУЦИЈАЛНИ И ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНИ ПРОБЛЕМИ СО КОЈ СЕ СООЧУВААТ СИТЕ ГРАЃАНИ НА ОВАА ДРЖАВА. ГИ УЖИВААТ СИТЕ ПРАВА И ПРИВИЛЕГИИ ШТО МОЖЕ НЕКОЈ ДА ГИ ИМА,НИКАДЕ ВО СМЕТОТ НЕМА КАКО КАЈ НАС ТОЛКАВ ШИРОК СПЕКТРУМ НА ПРАВА И ПРИВИЛЕГИИ КАКО ШТО ГИ ИМААТ АЛБАНЦИТЕ И ЗА ТОА ВРЕМЕ Е И ТИЕ ДА РАБОТАТ НА СОЖИВОТОТ......
pile, 17.08.2012 10:14:03
Do Arangelkovic,Za kogo toa nastanot e malku neobicen kako sto velite,ako mislite za izmanipuliraniot DPMNE-vski elektorat mozjebi ste vo pravo. No i na niv veke im e jasno deka ovaa rakovodna garnitura na vlast na DPMNE,sostavena od tri partiski strukturi na vlijanie, kako sto gi plasticno opisa eks premierot Georgievski vo nedelnikot Fokus od 27.07.12,sto sekojdnevno se dokazjuva, najsvezj pr.vednas se javi za otkup na Ohis firma od sosedna Bugarija-masala,vodi evtina celofan politika, bazirana i obremeneta so populisticko propagandisticki maniri sprema gragjanite, a sprema Albanskiot koalicioniot partner DUI od poadamna igra poslusno samo za da vladeat.Ostanatite gragjani opozizijata i neopredelenite, za niv vakvite politicki slucuvanja se samo pokritie na prethodnite nitu pravno nitu politicki rascisteni slucai za koi se najodgovorni dvete najgolemi politicki partii vo vlasta,za padot na standardot na gragjanite nestanuva ni zbor, eve sega Saracuni ke objavi deka na tederot
cuden gest na pomiruvanje, 17.08.2012 11:26:52
Kakov e toa gest na nacionalno pomiruvanje , koga celokupnata povorka koja izrasuvase pocit kon padnatite borci na UCK bese ednonacionalna, odnosno sotavena samo od Albanci( i voenite lica bile Albanci)?Isto taka kolku sto zabelezav se veea samo znaminja na stranska zemja, R. Albanija, na koi im salutiraa i gi pozdravuvaa oficeri od ARM!? a nigde ne go zabelezav makedonsokoto zname!?
DO, cuden gest za pomiruvanje, 17.08.2012 15:42:17
Prijatel, makedonskoto zname so godini veke ne se vee na vakvi*nacionalisticki*proslavi, a vrvot molci za toa i ne prevzemaat nisto. Uste na Branko Crvenkovski ke mu se lutat sto blagodaejki na nego, bil osuden Rufi Osmani koj kako prv go razvea znameto na Albanija pred opstinata vo Gostivar.Mu se lutat, zata sto B C postapi po Ustavot, pa duri i trebelo da mu se izvini...vidi majkata! Slusav/gledav predavanje za spomenicite za Kastriot; vo Tirana, Prishtina i Skopje( za koga ke se ispotepame dokazuvajki cij bil). Segde imashe i zname na drzavite, ama vo Skopje go nemase naseto,pokraj Kosovskoto, Albanskoto.Amerikanskoto i EU taka sto morav da ptrasham, KADE se navogja spomenikot?! A sto se odnesuva do rezilot prireden od vrvot na Odbranata, ako bevme normalna drzava, ke trebese urgentno da padnat*poveke glavi* a ne da bidat podrzani od stranski prestavnici itoa so cestitanje za storenoto. No *imame srekja* sto ne sme normalna drzava.
stojna, 17.08.2012 15:49:37
maked e vece federacija so severozapad vladeat albancite ne samo lokalno tuku i so policija i arm soocise se makedonci se toa nese pravi povecko slep realnost e toa toj del e izguben kako da si vo stranstvo vo toj del.
sramota, 17.08.2012 17:58:55
И после лубчо и бранко биле криви!Иди бегај!
ZOKI.CH, 17.08.2012 19:01:24
ajde da vidime sega dali albancite vo MAKEDONIJA ke se zadovolni i ke go zaveat Makedonskoto do albanskoto zname pa i jas ke bidam zadovolen od se sto ke pridonese za dobar sozivot.no jas mislam deka kaj albancite vo cel svet ima nedovolna pozitivna energija ,a toa so sebe nosi losi raboti.poz

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Остри меѓународни реакции по пресудата за „Пуси Рајот“
Руската православна црква вчера ја повика државата да биде милостива кон членките на контроверзната панк група...
Депонијата се празни, комуналците добија една плата
Инспекторите за животна средина веруваат дека до понеделник сето ѓубре ќе биде изнесено од центарот на Тетово и депонира...
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |