17.08.2012, 18:18 Мислења
Антонио ќе го види Лукашенко
Ѓорѓи Спасов
На последните парламентарни избори во Белорусија Лукашенко не дозволи опозицијата да освои ниту едно пратеничко место
Кога за време на војната во Босна беше објавено дека рускиот националист Владимир Жириновски ќе го посети лидерот на босанските Срби Радован Караџиќ, британскиот весник „Гардијан“ таа вест ја објави на насловнaта страницa на следниот начин: „Има една добра и една лоша вест. Добрата вест е што Жириновски, конечно, решил да се јави на психијатар. А лошата вест е што психијатарот се вика Радован Караџиќ“.
Се сетив на овој англиски цинизам кога прочитав деновиве дека Антонио Милошоски од партијата ВМРО-ДПМНЕ од Македонија, позната по одржувањето „фер“ избори, ќе биде шеф на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на парламентарните избори кај Александар Лукашенко во Белорусија, што ќе се одржат на 23 септември оваа година. Не ми беше јасно дали луѓето го праќаат Милошоски на натамошно усовршување кај Лукашенко или сметаат дека овој македонски кадар има морален кредибилитет да му соопшти на Лукашенко дека во Белорусија не се почитуваат европските стандарди за одржување фер и демократски избори.
Еве да размислиме за што би можел Милошоски како шеф на набљудувачката мисија да го критикува Лукашенко?
Дали ќе констатира дека изборите не можат да бидат фер ако изборните правила (изборниот законик) ги усвојува само парламентарното мнозинство без да ја консултира опозицијата и без да направи обид тие правила да бидат усвоени со консензус?
Дали ќе констатира дека не се исполнети стандардите за фер избори во услови кога власта има целосен монопол врз медиумите и кога јавниот радиодифузен сервис е претворен во билтен на партијата на власт.
Дали ќе констатира дека изборите не може да се сметаат за фер ако власта не дозволува некоја од опозициските партии да се регистрира, ако апси опозициски лидери или им се заканува дека ќе бидат уапсени ако протестираат.
Дали ќе ги прогласи изборите за фер ако опозицијата во Белорусија е под постојан притисок и контрола на власта, а опозициските партии имаат третман на непријателски сили и на национални предавници.
Дали ќе смета дека изборите не се фер ако партијата на власт масовно ги злоупотребува државните фондови за корупција на избирачкото тело и троши огромни средства од државниот буџет за изборна кампања со кои целосно е маргинализирана опозицијата во медиумскиот простор.
Дали ќе смета дека изборите не се фер ако до последен момент опозицијата нема увид во избирачкиот список, ако може во некои места да се наполнат кутиите и да бидат целосно фалсификувани изборите при пребројувањето.
Дали ќе констатира дека изборите не се фер ако власта ја затвори највлијателната независна телевизија, ги апси сопствениците, им урива изградени објекти на опозициониерите и низ процес на лустрација ги држи под закана сите што би покажале амбиција за извршување јавна функција.
Дали ќе констатира дека изборите не се фер ако сите во земјата знаат дека не можеш ниту да се вработиш ниту да водиш каков било бизнис ако не си поддржувач на власта.
Дали ќе констатира дека изборите не се фер и не се одржани според демократските стандарди ако заради целосна контрола на судството не постои правна заштита на избирачкото право и секој приговор за неправилности би бил отфрлен.
Дали ќе констатира дека изборите не можат да бидат фер ако главните опозициски партии (како што е тоа сега случај во Белорусија) решат да ги бојкотираат изборите поради нивната убеденост дека Лукашенко ќе ги фалсификува изборите како и до сега.
Дали ќе констатира дека изборите не се фер ако и Лукашенко како Груевски си има некој свој Бранко Јаневски, кој го чува како директор во некое од своите министерства, но на изборите излегува со самостојни листи на неговата социјалдемократија на чело со некоја Рада Шеќерова, само со цел преку класична измама (создавање забуна, одобрена и платена од Груевски) да одземеме на најдолен начин уште некој мандат од опозицијата.
И, замислете, ако сето тоа го констатира шефот на набљудувачите од нашата земја Милошоски. Лукашенко би можел веројатно многу љубезно да го праша: „А, извинете, господине, по кои демократски стандарди ги спроведувате вие изборите во Македонија, односно вашата партија?“ Партијата на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, на парламентарните избори одржани во2006 година освои 82,6 отсто од гласовите. Истата година се одржуваа и претседателските избори на кои тој победи со освоени 80 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат од редовите на социјалдемократите, Александар Казулин, по протестите беше затворен и тепан од полиција. Во септември 2008 година беа повторно одржани парламентарни избори за 110-те места во парламентот. На тие избори Лукашенко не дозволи опозицијата да освои ниту едно место. Набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР ги прогласи изборите за недемократски, но набљудувачката мисија на Заедницата на независните држави што ја формира Русија објави дека на тие избори биле почитувани сите меѓународни стандарди.
Во 2010 година во Белорусија се одржаа претседателските избори. На тие избори од вкупно 6 милиони гласови Лукашенко освои 5 милиони и победи со освоени 79,65 отсто од гласовите.
Ако не се тргнало од логиката дека само арамија може арамија да улови, тогаш не е јасно дали Милошоски го испраќаат на усовршување кај Лукашенко или со својот „морален кредибилитет“ има задача да го засрами човекот.
Но, во кадровскиот избор на меѓународните организации за набљудувачи и други функционери не треба воопшто да се сомневаме. Откако на поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Ставрос Ламбринидис, ЕУ му ја довери функцијата специјален пратеник на Унијата за човекови и малцински права, ни останува да веруваме дека следниот набљудувач на изборите во Македонија ќе биде или од Русија или од Уганда. А не е лошо Груевски уште сега да побара и набљудувачи од Заедницата на независните држави.
(Авторот е универзитетски професор)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 2295 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 18.08.2012 00:17:42 | Ne e kriv Antonio. Krivi se OBSE-ODIHR, ako veke ima krivci. Tie go postavile tamu. |
| sonja, 18.08.2012 01:03:09 | G-ne Spasov sekoja cest za kolumnata, Ti simnuvam kapa. Pismen profesor. |
| korektor, 18.08.2012 08:35:07 | Уште една панична реакција на „политичар“ кој има проблем кога некој помлад и по се изгледа поуспешен на политички план човек ќе добие меѓународно признание, а функцијата која ја доби Милошоски очигледно е тоа. Г-дин Спасов, како учесник во неколку „тури власт“ во оваа држава ниту имате легитимитет, ниту образ (ако воопшто некој македонски политичар го има) да коментирате за фер избори. Па вашиот мил шеф е многу поголем експерт од Милошоски на тоа поле. Срамота е за еден Универзитетски професор да го компромитира целиот Универзитет со своите неуспешни политички ангажмани и промашени ставови. |
| Miranda, 18.08.2012 08:55:03 | Во споредба со Лукашенко, дури и Црвенковски може да се смета за демократ ! |
| milan, 18.08.2012 10:36:04 | Im preporacuvam na OPSE-ODHIR sledniot sef na misijata za Makedonija da od Belorusija ili pak od Venecuela,a ako ne sakat togas od Sev.Koreja. Togas DPMNE na celo so Grujo ke bide zadovolno. |
| Стојко, 18.08.2012 12:05:25 | Антонио знае многу добро да си ја врти капата. Од поет којшто пишуваше бьлгарски стихови стана македонски патриот. Од демонстрант против албанските факултети стана министер на македонско-албанска влада. Ако види дека за него е полезно, тој еден ден ќе стане и комунист, следбеник на Лукашенко. |
| Nikolaa, 18.08.2012 12:43:18 | Odlicna kolumna.Dpmne-Milosovski : Belorusija- Lukasenko.Tuka nekade se po nivoto na svakanje i praktikuvanje demokratija. |
| pretpriemach, 18.08.2012 14:34:01 | Авторот го пасува Милошоски:
Дали ќе констатира дека изборите не можат да бидат фер ако главните опозициски партии (како што е тоа сега случај во Белорусија) решат да ги бојкотираат изборите поради нивната убеденост дека Лукашенко ќе ги фалсификува изборите како и до сега.
А Милошоски теба да го праша авторот Дали се констатира дека изборите не беа фер во 1994 година кога главните опозициски партии (ВМРО-ДПМНЕ и Демократска Партија) решија да ги бојкотираат изборите поради нивната убеденост дека Црвенковски ќе гифалсификува изборите...
Да се потсетиме тогаш опозициските партии не учествуваа на изборите и победи Сојузот за Македонија на Црвенковски и во парламентот немаше опозиција и така комотно си владееја 4 години... демократија.. по рецепт на Лукашенко...!!! |
| devicanecot, 18.08.2012 15:10:25 | Професоре,
Подобро би ти било да појдеш во Белорусија и да разговараш со обичниот човек, а не на памет да пишуваш колумни, во стилот на СиеНеН БиБиСи и гласот на Америка. |
| BitolaHamiltonCanada, 18.08.2012 16:22:22 | Milososki beshe vide i nauci kako Lukasenko gi pravi rabotite podobro od negoviot shef.Sega treba samo da go nauci.......I misijata uspesna. |
| gragjanin, 18.08.2012 18:56:41 | Odlichna paralela i vivisekcija na dvete despotski vlasti |
| Kataklizma komunizma, 19.08.2012 18:14:54 | Znaci covekov sam si pretpostavuva, sam si odgovara, sam izvlekuva zaklucoci pa paraleli i sekako specijalnosta na komunistite sudi i anatemisuva za kraj- a izborite uste ne se odrzale dodeka ja citame kolumnava. Vistinski nezavisen ekspert po merka na negovite bivsi. Sto da kazam, taka se gradi kredibilitet stvarno me ubedi da veruvam vo negovite nezavisni anketi plasirani od rejting |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 17°C
|
Среда
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
|