20.08.2012, 11:07 Уапсени три лица од организацијата на трката Тара 2012
Во несреќата што се случи вчера на трката Тара возач изгуби контрола над возилото и влета во публиката, при што усмрти три лица
Српската полиција уапси три лица после сослушувањето на организаторот на меѓународната ридска трка „Тара 2012“, каде натпреварувач со автомобилот влета во публиката и усмрти три лица.
Приведените се товарат за тешко дело против општата безбедност под сомнение дека не ги почитувале пропишаните безбедносни услови.
Во несреќата која се случи вчера на Тара возачот Бранимир Симиќ од Бих изгуби контрола над возилото и влета во публиката, при што повреди четири лица, од кои три подоцна им подлегнаа на повредите. Седумнаесетгодишното момче, кое беше повредено при инцидентот, а кое е син на еден од починатите, згрижен е на детската хирургија и се наоѓа надвор од животна опасност. |