Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.08.2012, 17:23

Црвенковски ја обвини власта за лажен патриотизам

„Како министерот бил во Слупчане во слободно време. Нели вие работите 24/7“, рече лидерот на СДСМ на митингот во Крушево

Крушево - „Наспроти себе имаме режим без каква било идеологија, освен една, како да се задржи власта. И за остварување на таа цел, нема цена што не се подготвени да ја платат. Подготвени се бесрамно и бескрајно да лажат, да измислуваат и манипулираат, да казнуваат, да газат врз достоинството на луѓето, најбезобразно да го кршат и Уставот и законите. Секој кој претставува закана за нивната власт е непријател, кој треба да се уништи“, рече Бранко Црвенковски, лидерот на опозицискиот СДСМ на митингот во Крушево во неделата.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ ја направил Македонија земја на политички затвореници, на затворени медиуми и уценети новинари, кон државните институции се однесуваат како да се приватно-партиска сопственост, парламентот го направија безгласна гласачка машинерија, претседателот е портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, администрацијата послушна партиска војска, судовите извршители на партиските наредби, нагласи Црвенковски.

Тој ја обвини власта за лажен патриотизам, особено на прославата на денот на АРМ, кога министрите се поклонија и положија цвеќе на гробовите на борците на ОНА.

„Големиот патриот Груевски се обиде да ни објасни дека министрите тоа го направиле како приватни лица и во нивното слободно време. Какво слободно време, Никола, па нели работите 24 часа, седум дена во неделата“, рече Црвенковски, упатувајќи жестоки критики до премиерот и Владата.

Тој му забележа на Груевски за односот кон министерот за одбрана.

„За казна премиерот на прославата не се поздравил, го игнорирал министерот за одбрана. Како да не се работи за држава, за Република Македонија, туку за некакво приватно друштво, за кое не важи ни Устав, ни закон, ни ред, ни поредок. И не само тоа лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ, излегоа со соопштение дека тие никогаш нема да се поклонат пред гробовите на оние кои убивале македонски граѓани и бранители. Значи пред гробовите не, а пред живите злосторници ќе се поклоните ли? Па заборавивте ли господа од ВМРО-ДПМНЕ, дека токму вие по наредба на Никола Груевски и повторно заради зачувување на власта и заради ништо друго, излеговте и од Рамковниот договор и од меѓународниот правен систем и ги амнестиравте хашките случаи за злосторства против човештвото. Вие одлучивте да ги ослободите од секаква одговорност живите злосторници, чии жртви беа македонски граѓани и бранители, а сега глумите лажен патриотизам и принципиелност пред гробовите на мртвите“, обвини Црвенковски.

Главниот виновник за покачување на цената на струјата, горивата, парното ..., според Црвенковски не лежи во Регулаторната комисија, туку во власта, под чија директива работи оваа комисија.

Кандидатот за градоначалник на Крушево, Јуца Ташули, пак, критикувајќи ја работата на локалната власт, која како што рече, не реализира ниту еден од своите големи проекти, најави дека негов приоритет ќе биде економскиот развој на градот. (М.Т.)


Статијата е прочитана 1500 пати.

Испрати коментар



Учат лидерство од светски искуства
Кога поскапува лебот



Трпе, 21.08.2012 00:08:46
Тендер владата на РМ,одлична е за траги-комични филмови.Имат одлични сценаристи,многудобар режисер и продукција народна која паѓа на ефтини штосеви.
seirdzija, 21.08.2012 11:04:08
Govor primeren na nasata realnost....Ona sto ne go sfatija novinarite,a vlasta odamna go sfati e deka najgolemata opasnost po nivnoto vladeenje doadja tokmu od tebe! Zosto?Zatoa sto si edinstven politicar za koj vlasta nitu ima nitu ke ima madinja da te stavi u zatvor po bilo koj osnov...Epten si pregolem zalak za niv....Samo prodolzi ke padnat!!!
Brane car!, 21.08.2012 11:31:46
Brane, sekoj zbor ti e na mesto. Ubavo znaesh da im kazesh i nim i na narodot, zatoa se i plashat od tebe. A Gruevski, ako e tolku revoltiran od svojot minister, shto ne go smeni, nego se toboze ljuti kako malo dete. Dodosha, vo ovaa vlada site se deca, na chelo so nego, pa ovie dechki ispadi ne treba da ne iznenaduvaat, a ushte pomalku shokiraat. No kade e drzavata vo seta ovaa rabota?
Rezzilov, 21.08.2012 12:19:26
Најголемата несреќа во македонската политика држи лекции за патриотизам и водење на држава.Како во народната - Поддржими го копилево да и’ се посмеам на курвата!
bezanec, 21.08.2012 14:04:43
До Rezzilov ! Поговорката си ја научил или ти ја издиктира грујо, но тоа повеќе ваќжи за твоите вмровчиња. Дојдовте на власт да го подобрите животот на граганите а најповеќе да му ги сечете крилјата на двоглавиот орел. Но што се случи, не што не му ги сековте крилјата туку му ги надградивте да ви прават сенка а вие да уживате во ладовината,да останете на власт а тие да управуваат со државата. Ако беше способен вмро(врховистичкото крило од ТМОРО) ќе формираше влада а не да чека некој друг тоа да го стори.Една поговорка вели „„Ако сам не си ги врзеш гаките другиот,што нема да ти ги врзе, туку ќе ти ги соблече“ тоа вмро-дпмне.
Do rezilov, 21.08.2012 15:06:49
G-dine Rezilov,kurvata i kopileto se kaj vas,ama se cudam na ovoj narod sto od strav ne moze da vi se nasmee,ama ke dojde i toj den. Lesno vi e vam so drzavna plata,bez rabota ili so neoporezoven biznis da se podsmevate i da vikate po ulicite B.C. e kriv,te taka da go obmanuvate siromasniot narod. Site kako g-din Rezilov neka si priznaat pred samite sebesi:kolku po spisok glasaci moraa da donesat (sekoj vraboten vo administracija) za pobedata na ovaa rasipnicka i spomenicarska vlast,odnosno neka si priznaat dali e toa vo sklop na fer izbori.
Ivan, 21.08.2012 16:41:26
Дојде време ти да зборуваш за патритизам, за свој потреби и интереси спремен си да си го продадеш и својот идентитет, а не пак државата во која живееш и нејзиното име. Ако ДПМНЕ незнае за патриотизам и не ги почитува историските начела, тогаш дефинитвно ти Бране живееш во свој нереален свет во кој си бараш утеха. Само чекам денот кога ти ќе се отргнеш од македонската политика.
Krt, 21.08.2012 17:57:29
До РЕЗИЛов - Не ги сваќаш работите во миг. Дали разбра дека и ,,копилето,, и ,,курвата,, се на власт. Прочитај ја -,,ИЛЈАДА ЗОШТО-ИЛЈАДА ЗАТОА,, и можеби ќе ти се разјаснат работите. А уплавот од Бранко Црвенковски наскоро ќе го изгубите, ама ќе ,,добиете,, некоја друга ,,фобија,,.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 39°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Сабота
Сончево
Макс: 40°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Деветте браќа и сестри имаат вкупно 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книг...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |