Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.08.2012, 17:17

Мое ќоше

Кога поскапува лебот

Ерол Ризаов

Кога во сиромашна земја расте цената на лебот, паѓа цената на животот

Во сиромашните земји власта најмногу стравува кога поскапува лебот, оној народниот со најголема тежина. Кога ќе се качат цените на месото, путерот, рибата, чоколадите... никого не го боли главата. Тој луксуз одамна е исфрлен од софрата не само на бедните, туку и на таканаречената македонска средна класа која не постои. Паниката доаѓа од оние што јадат дневно по пет-шест леба за да преживеат. Нив само за сув леб им треба од 150 до 200 денари дневно, или 6.000 денари месечно. Тоа во светот се смета за гладување. Кога кај гладните расте цената на основниот прехранбен продукт, паѓа цената на животот.

Што мислите колку вакви семејства има во Македонија. Ако се суди според социјалната помош, се работи за околу 50.000 луѓе кои добиваат таква месечна инфузија за гол живот, што секако опфаќа и приближен број семејства по што веднаш бројката станува драматична од близу 200.000 гладни луѓе. Ако кон ова се додадат уште најниските пензии, кои не се поголеми од социјалната помош, а се единствен извор на егзистенција не само на малите пензионерски семејства, сопруг и сопруга, туку и на пошироката фамилија во која влегуваат и невработените деца на товар на пензионерите, армијата сиромашни во Македонија станува шокантна. Статистиката не ги регистрира семејствата кои поради бирократски лавиринти и неписменост не можат да ги остварат своите социјални права. На тој список за помош ги нема ниту најсиромашните земјоделци кои не остваруваат поголеми приходи од две илјади денари месечно по член од семејство или имаат понижувачка земјоделска пензија од 4.000 денари. Тука ги нема ни вработените во најексплоатираните стопански гранки кои примаат нередовно минимална плата и се единствени носители на приходи во семејствата. Кога ќе се собере целата оваа сиромаштија, чија основна храна за преживување и буквално се лебот и водата или народни кујни, тогаш сосема е извесно дека во Македонија близу милион луѓе секое утро се будат во мизерија и неизвесност како ќе го поминат денот.

Втората категорија која влегува во македонска „добра“ просечност, но во европска длабока сиромаштија, подразбира приходи во четиричлено семејство од 15.000 до 25.000 денари месечно. Нив покрај цената на лебот, ги преплашува цената на сите основни продукти, во кои влегуваат млекото, месото, зејтинот, зеленчукот, овошјето, а ноќна мора им се кириите, струјата, парното, огревот, превозот, школарините, лековите... не затоа што се скапи, туку затоа што не можат да ги платат. И ова категорија осиромашено население кое пред распадот на Југославија живееше далеку подобро е втората половина од граѓаните на Македонија кои, исто така, се будат загрижени како ќе врзат крај со крај во месецот. Остануваат неплатени сметки за струја, вода, кирии, кредити, нешто незамисливо во периодот на комунизмот за чии жртви сега отвораме музеи и ловиме кодоши. Жртвите на новата демократија и слобода се гладните и бедните кои се срамна деградација на новиот систем кој го идеализиравме до таа мера што мислевме со македонската демократска пролет по улиците ќе тече мед и млеко.

Ако близу еден милион граѓани се гладни и не знаат како ќе го преживеат денот, ако исто толку се сиромашни и не знаат како ќе го поминат месецот, што е со другите двесте-триста илјади македонски среќници. Тие живеат безгрижно и богато далеку над европскиот просек. Заговараат строга правна држава која ќе ја заштити сопственоста, поддржуваат цврсти економски реформи и либерална економија, сакаат чиста човекова околина, добро образование за своите деца и внуци, даваат силна поддршка на сите власти кои не ги прашуваат како ги заработиле парите и колку данок плаќаат. Даваат донации и хуманитарна помош перејќи си ја совеста. Секоја чест на исклучоците кои чесно заработуваат големи пари и ги исполнуваат обврските кон вработените и државата. Ги има, ама не знам колку се.

Ете тоа е моето милје на поделбата на сиромаштијата и богатството во Македонија. Би бил среќен ако Заводот за статистика, или која било државна институција објави прецизни бројки. Тие постојат, лесно можат да се изведат, но или никој не смее да ги објави, или македонската сиромаштија и буржоазија се државна тајна. Не знам зошто стравуваат од бројки. Животот зад тие бројки се одвива тука крај нас, пред наши очи, кај нашите блиски, или во нашите семејства. Тоа страдање не може да го има во бројките на бирократијата, или во владините накитени програми. Ужасот на бедата го нема ни во медиумите, ни во новата литература. За новите демократи тоа се стари идеолошки теми прегазени од времето, штета што имаме толку беда и сиромаштија која не можат да ја прегазат.


Статијата е прочитана 2338 пати.

Испрати коментар



Учат лидерство од светски искуства
Црвенковски ја обвини власта за лажен патриотизам



jovan, 21.08.2012 00:11:38
Vo nad 40% od naselenieto, gladot e pred vrata, so ednata noga vlezen vnatre. Mentalitetot i gordosta na ovoj narod nema nikogas toa javno da go priznae. Ke trpat, no nikade nema da se pozalat deka kratat od jadenjeto, deka jadat samo ona sto e najeftino, deka kratat na higiena, banjanje, a zimoska ke kratat i na ogrev. Za izleguvanje, setanje... i da ne zboruvame, toa e veke luxus. Da ne go zanemarime i faktot deka sme momentalno(a nikogas vo istorijata toa ne sme bile) najbolnata nacija vo Evropa. Obrnete vnimanie ova zimo kolku luge hronicno smrkaat, kaslaat, zdrveni vo polovina, race, noze, koski...koj se predhodnica za poseriozni bolesti koj ne sakam ne sakam ni da gi spomenuvam. Ako ovaa Vlada vo tekov na esenva ne prevzeme seriozni cekori za zastita na standardot na naselenievo, ke imame ovaa zima vo bukvalen smisol na zborot pomor. Ne adekvatna i nekvalitetna hrana, nehigijena, stresovi, strav, apatija... seto toa vodi vo bolesti i prerana smrt. Do tamu sme dojdeni.
Трпе, 21.08.2012 00:26:22
Лебот и останатите продукти поскапуват кога на пропагандната влада пари им требат.А на нив пари им требат секогаш,тие се ненаситни.Еден д��л од парите им требат и за купување на гласови за да опстанат на власт.И добропрофитните претпријатија кои до пред некоја година на вработените им делеа нешто повисоки плати од администрацијата сега каснат и по два до три месеци неможејки на работниците да им го платат заработеното.Дел од социјалата која неможе да купи и леб,нема имунитет па мора поради болест да одат во болница да се хранат со инфузија.А овие кои и плакат на државата за здравствено осигурување, потребната инфузија поради болест мора да ја купуват од аптеките(нема доволно во здравствените служби,министерот ја ограничи), кои имат поголем промет од маркетите и пиларите.
Stole, 21.08.2012 06:42:15
Ne plasete go narodot,gospodine Rizaov -poducete go na latinskata izreka Siromastijata ne mu moze nisto,na onoj koj i nudi zasolniste!Taka site ke bideme srekni i zadovolni.
Mirko, 21.08.2012 08:42:29
Bravurozno napisano od g.Rizaov.Nemam nisto ni da dodavam, a isto taka i da odzemam. Ednostavno, toa e slika i prilika na denesna Makedonija.
jovan, vlada @, 21.08.2012 09:12:33
Почитуваниот г-дин Ризаов, по се изгледа почнува да ја применува тактиката на СДСМ со заплашување на народот со сиромаштија, безредија, покачување на цени, пад на животен стандард,нафта и парно и ред други работи кој се најважни и најосновни во животот на еден човек. Нормално е дека секој ќе е загрижен за тоа што се качуваат цените на основните прехранбени артикли тука нема збор, ама ова не е тренд само во Макеоднија почитуван новинар, ова е светски тренд кој поради временските услови пченицата и сончогледот на светско ниво достигнаа најниско производство забележано во поновата свестка историја.Па прочитајте во http://www.politika.rs/rubrike/Ekonomija/Krompir-najskuplji-u-Beogradu-a-najjeftiniji-u-Leskovcu.sr.html и во сите други медиуми во соседството не ��дам пошироко па ќе видите дека насекаде е исто со цените кој растат.Затоа почитуван нема вашата партија СДСМ да дојде нда власт уште некое време не сте искрени и нејќете да и погледнете на вистината во очи еднаш за секогаш веќе.Позз
Mapkoc, 21.08.2012 10:45:27
Гордост! What is this? Во правило не полемизирам со мислењата на посетителите на овој портал. Али има случаи кога човек не може да се воздржи. Такво е тврдењето на „јован„ дека гладот е пред врата кај над 40 одсто од населението, „ама менталитетот и гордоста на овој народ„ му пречел тоа да го признае. Црни „јоване„, каква Вие гордост овде наоѓате? Белки човек може да биде горд на некои постигања – свои, на своите најблиски, на пријателите, на некој колектив, на татковината...Али како може еден народ да биде горд што скапува од глад, со најтешки последици, а во исто време да не му пречи што стотици милиони евра се фрлаат во споменици. Ако е народот горд, и нејке да гладува - што значи да е кризата доволно длабока – зарем би било чудно да им се пушти на бронзените споменици, да ги направи партал, и со бронзата право кај откупувачите на старо железо, метали... Другата причина за непризнавање на глад – менталитетот, многу ми е поблиска. Не би сакал да го навредам народот, али се прашувам к
seirdzija, 21.08.2012 11:00:10
Erol na ovaa vlast i e bitno da ima barem eden komentator koj ke te negira,koj ke te smesti kaj SDSM,koj ke te potseti deka si bil za gubitnicka opcija....Toa sto narodot go dovedoa do prosjacki stap gradejki spomenici,toa sto izborite gi dobivaat so falsifikat,so uceni,so zakani,toa sto vo Makedonija ima politicki zatvorenici....toa im e nebitno....
Которец, 21.08.2012 11:50:37
Браво Ероле.Ја откри Америка.А еден збор да напишеше како да се избавиме од сиромаштијата? Или другите знаат само овие што се на власт се тутурутки и не ги бива,а другите се подобри.Само нешто да се пишувало колку да се пополни твоето ќоше.Од толку сиромашни неможе пешки да се помине улица од луди коли и бесни шофери.
do jovan vlada@, 21.08.2012 12:12:31
Tocno g-dine jovan vlada,site gi pogoduva krizata vo svetot,ama site ne pravat gluposti so spomenicarenjeto kako toa sto go pravi nasata vlast.A Rizaov tocno ja prikazuva siromastijata i ne go plasi narodot.Vladata na tvoeto DPMNE so svojata reg.komisija,mi vtera strav vo koski kako ke ja prezimam ovaa zima(voopsto ne me interesira dali siromastijata e prikazana kako sto vika SDSM ili ne) Lesno ti e na tebe Jovane koj si vo vladata,ama onie sto nemaat leb ke idat kaj spomenikot na plostad ili na kocevite plazi pa neka se ladat pod vrbite na Koce.
Ajdamaci, 21.08.2012 12:42:22
Erole, ne e potrebna statistika i nejzini statisticki podatoci , za ona sto se gleda so golo oko. najdobra slika za sostojbata so standardost i siromasitijata e onaa slika okolu kontenjerite, koga gladni ludje baraat nesto frleno vo niv za da ja utolat glata,No bratijata oid vladata i nejzinite dousnici se pravat na Toso i ja imitiraat Marija Antoaneta,pa kazuvaat zosto baraat lep , neka jadat kolaci. I vo seto toa ludilo i surova necuvstvitelnost , go gradat Skopje 2014 so velelepni neoklasicni zgradi. bezbroj spomenici, triumfalni porrti, skapi vrbi i besceneti ogradi za most. Se prasuvam : Kade ce vi odi dusata , ajdamaci edni?
pretpriemach, 21.08.2012 12:52:14
Da poskapuvanja postojat, kako vprocem i vo drugite drzavi...Ona sto mene me interesira zosto se pisuva samo za nepovolnite raboti, ima i dobri.... na primer: postignuvanjata na nasi natprevaruvaci na megunarodni natprevari( informaticari, matematicari...), za niv nikoj ne pisuva.... kako nivnite uspesi da ne se bitni!!!!! Napisete nekogas i za ubavite vesti preku glava mi e da citam samo lelekanja... bez razlika dali tie se opravdani ili se del od predizborieto... Erol so zadovolstvo gi citam tvoite tekstovi pred se zaradi stilot na koj pisuvas, no napisi nesto i za nekoj ubav nastan... ovaa nasa Makedonija go zasluzuva toa... Pozzz
aleks, 21.08.2012 13:06:23
Skoro nikakvi reakcii na redicata poskapuvanja sto narod sme,sega mi e jasno zosto so vekovi sme bile pod ropstvo istoto vazi i koga se krcmese drzavniot imot pak molcevme
Генерација 1982 - До Јован Влада, 21.08.2012 13:11:37
Јован, јас никогаш не ги гледам еднострано работите и можеби Ерол прави некои апокалиптични сценарија. Но, тетин ми сам гледа 6 члена фамилија со вкупен 20.000 денари приход, комшијата прв живеа од пензијата од татко му (а има две деца 22 год. и 15 год.) дедо ми и баба ми(по невеста) веќе не ме викаат на ручек оти немаат. Па јас некако демек, се трудам да им помогнам, но иако работам во добра фирма, по прв пат плата земам со 2 месеци доцнење, 30 години сум, 2 години во брак и на дете сеуште не сум помислил. Па затоа немој многу глобална политика да ми бистриш.
bezanec, 21.08.2012 13:52:27
Треба да си ептен дибек и изолиран од средината во која живееш или пак толку мозокот ти е исперен да гледаш бело а да велиш е црно и обратно тоа г.коментатор јован,влада@. Вчера дојдов од Швајцарија,јадеме исто,што се однесува на цените а каде е таму просечната плата. Како тебе ги има доста, на кои главата им служи само за рамнотежа или за потстрижување.
koki, 21.08.2012 14:06:14
Нема проблем, нека поскапи лебот.......ама ние во Македонија си имаме тоа што никој во светот го нема???????? Програма во 100 чекори, надградена и проширена...................Нели Влатче Ѓорчев?????
vancho, 21.08.2012 14:18:53
AБе Ероле зошто со твоите написи му го расипуваш расположението на ПРЕТПРИЕМАЧОТ,кој не може намира да си грицка од заштедените пари.Тој не е свесен дека Ти со Твоите пишувања си МЕСИЈА за сиромаштијата и обесправените луге.Зошто претпиемачот не се запраша чии написи предизвикуват најголем интерес за читање и коментирање.
Претприемач, 21.08.2012 14:55:22
А има и други успеси , за кои никој не пишува , на пример нашите медали на Олмпијадата во Лондон !Што е па толку важно што народот нема леб , важно е дека некој ученик , гладен, освоил некој медал на некоја си „олимпијада“!!!!
Predavnik, 21.08.2012 15:09:35
Patriotite stalno ja prikazuvaat slikata vo Makedonija so onie 5% extra bogati i eventualno onie 15 % tn visoko-sredna klasa. Nikade ne go prikazuvat onoj jad od gladni ludje i voopshto ne im e gajle za niv. Na niv se setat koga se izborite, bidejci gi ima 3/4 od vkupnoto naselenie. No realno, tie se desnicharska partija i nivna preokupacija se kapitalot i burzuazijata, a ne rabotnikot i obichniot smrtnik. Za ovie kategorii trebashe da se grizi SDSM, kako levicharska partija, no ispadnaa pogolemi kapitalisti od samite kapitalisti, grizejci se iskljuchivo za niv i za sebe. E tuka lezi zajakot, odnosno site pobedi na DPMNE i mizerijata na SDSM. Koga seto toa ke se sumira, ispadja deka patriotite se sepak vo pravo t.e. Branko e kriv! Verovatno bi Brane sega drugchie igral , no propushtenata shansa teshko se vraca. Na krajot, bi se pridruzil do pofalbite za kolumn(ata)ite. Patriotite/nacionalistite mozat da te mrazat kolku sakat, ama mora da ti priznaat da si majstor na zanaetot. No.1.!
BitolaHamiltonCanada, 21.08.2012 17:23:18
Erole,siromastija nema ako ne pisuvas za siromastija.A ti pisuvas pravis da postoi i go lutis pretpriemacot.Zemi bogati napisi nesto za informaticarite i matematicaritet za nivnite uspesi shto gi redat niz cel svet.Toa,na narodot ke mu dojdi kako meflen na rana.Ke zaboravi na siromastijata za moment.A posle toa?!......Nema da pisuvas za siromastija i povtorno da otvoras stari rani veke izleceni.
крт, 21.08.2012 17:35:27
Ероле велиш дека милион луѓе секое утро се будат во мизерија и неизвесност како ќе го поминат денот, а дали си размислувал дека другиот милион и не заспива ниту пак сон го фаќа од ИЗВЕСНОСТА на утрешниот ден дека ништо ново нема да му се случи и дека пак ќе гладува и мизерува. Овој ,,крпен,,живот што ни го приреди оваа влада (не Јован-влада, човекот е за чудење), се повеќе наликува на ХИХИРИКУ. Ќе умреме од глад со насмевка на лицата ,,горди,, на Никола Груевски и неговата влада.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 39°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Сабота
Сончево
Макс: 40°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Деветте браќа и сестри имаат вкупно 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книг...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |