Хороскоп
Овен
Спречете ја можноста од засилено опаѓање на косата. Не претерувајте со храната бидејќи тоа може катастрофално да влијае на вашето здравје. Работите на професионален план ќе се сменат, бидете подготвени на тоа.
Бик
Ако сакате да го подобрите својот љубовен живот, преземете го вие првиот чекор. Најлошо е чекањето. Одличен ден за писмена преписка за договарање на нови работи. Јадете што е можно полесна храна, избегнувајте црвено месо.
Близнаци
Ниту еден денешен план нема цврста основа, па не се надевајте на идеален резултат. Имате променливо расположение, посуетни сте од обично. На околината не и е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател.
Рак
Вашата потреба за дружење и желбата за комуникација моментално се во прв план. Добро се чувствувате бидејќи сте задоволни во сите сегменти од животот. Исклучително ви одговара дружење со Близнаци, бидејќи тие се динамични и поведри од вас.
Лав
Доколку се наоѓате во чувствителна фаза, дозволете им на соработниците да го извршат вашиот дел од работата. Морате да имате добра проценка за тоа кој може да ве замени. Избегнувајте брзоплетост. Во љубовниот живот немојте да му дозволите на партнерот претерана доза на самодоверба.
Девица
Избегнувајте претерано експонирање во друштво со соработниците. Немате потреба да зборувате за работите кои ви предизвикуваат негативна реакција, потрудете се да прифатите компромисна варијанта. Партнерот се труди да ви угоди, но не ги разбира вашите идеи.
Терезија
Немојте премногу да им се давате на оние што не знаат тоа да го ценат и да го препознаат како љубов. Со решително “не” обидете се да ја избегнете мешаницата, здодевните посети и исцрпувачките полемики. Потребна ви е промена на климата. Бидете доследни самите на себе.
Скорпија
Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето на заклучоци држете се до фактите.
Стрелец
Се наоѓате во исклучително комплицирана фаза од вашиот живот. Работите се усложнуваат уште пред и да помислите на таква можност. Бидете внимателни на се што е поврзано со вашето здравје. Не ги игнорирајте знаците. Дружете се со блиските и пријателите.
Јарец
Нема да бидете доволно смирени за улогата што сами себе си ја наметнавте. Одложете ја на некое време. На работното место можни се сплетки, но немојте да учествувате во нив. Пред да се напиете од некој лек, прочитајте го упатството. Не го покажувајте немирот што тлее во вас!
Водолија
Не мора многу да работите, а време за муабет ќе имате на претек. Никој, како припадниците на овој комуникативен знак не умее така слатко да пренесува трачеви, па само ним тоа не им се зема за зло. Партнерот, по којзнае кој пат ја докажува љубовта.
Риби
Денешните средби, контакти и разговори со луѓе ќе ве усреќат. Вашата дружељубивост ќе биде симпатична на околината. Една личност од спротивниот пол ќе влијае на вас потикнувачки. Еден случаен допир ќе заврши со ерупција на страсти. Уживајте!
|