Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
16.08.2012, 18:17

Жан Митрев удри темели на новата болница?

Пред неколку месеци биле поставени темели на болницата, без да се обелодени во јавноста

Јасмина Јовановска



Дали, конечно, почна да се гради долгонајавуваната нова болница на д-р Жан Митрев, која треба да биде сместена во паркот на бившата Воена болница? Ваквото прашање се наметнува откако, како што дознаваме, молчешкум биле поставени темели на болницата, и тоа уште пред неколку месеци. Но, градежните работи не се одвиваат со вообичаено темпо за голем градежен објект. И снимката од теренот на локацијата каде што треба да се подигне новата болница не покажува некоја поголема раздвиженост на градежна механизација.

Од управата на болницата „Филип Втори“ не сакаат да откријат дали воопшто е стартувано со изградба на новиот објект, зошто темелите на новата болница се удрени далеку од очите на јавноста, ниту, пак, дали и колку се работи на нејзината изградба. Од таму не ни дадоа одговор ни колку е сериозно почнато со изградба, или темелите се само шминка дека се работи на болницата, посебно што за секој градежен објект има рокови за реализација.

Неофицијални извори велат дека за новата болница на д-р Митрев се бара кофинансиер, а во игра се ставаат и некои американски фирми. Но, ни д-р Митрев ни од „Филип Втори“ не не' удостоија со објаснување на овие прашања.

Новата болница на д-р Митрев беше најавена уште пред пет години. Маркичка за изградба Општина Карпош и' додели во 2009 година, кога и болницата ја внесе во урбанистичкиот план како здравствен објект. Во 2010 година, д-р Митрев од Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање купи 8.400 квадратни метри државно земјиште во дворот на Воената болница. За него плати 1,7 милиони евра. Лани, на 11-годишнината од постоењето на „Филип Втори“, д-р Митрев и официјално го најави почетокот на изградбата на новата болница.

За три години, како што тогаш рече тој, Македонија ќе добие нова болница „Филип Втори“ од светски ранг. Болницата ќе се простира на 20.000 квадратни метри, ќе располага со 9 операциски сали и 200 болнички кревети. Болницата ќе биде комплекс од два објекта и ќе се состои од приземје и четири ката. Болницата, појасни тогаш д-р Митрев, ќе биде целосно македонска инвестиција.

Тој уште најави дека веќе потпишал договор за соработка со голем концерн, кој менаџира повеќе од 60 болници во Германија и четири универзитетски центри, со што ќе се создадел европски кадар за потребите на новата болница.

„Секоја година во наредните пет години 10-ина најдобри студенти од штипскиот универзитет ’Гоце Делчев‘ ќе заминат на петгодишна специјализација во Германија. По нивното враќање во Македонија, следува вработување во ПЗУ ’Филип Втори‘“, изјави лани Митрев.


Статијата е прочитана 4557 пати.

Испрати коментар



И уште нешто
Како да се заштитат децата од злоупотреби на интернет
Владини мерки за спречување на пожарите
Огнот од „Јасен“ се шири кон Скопје
Лебот почна да поскапува од Велес
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
За испит од книги во превод на Владата следува награда за лекарите
Слабо интересирање на фирмите за невработените
Збогум за Арбен Џафери
Градинката во Кавадарци годинава ќе ги затвори вратите за нови дечиња



eh mori majko, 17.08.2012 06:31:37
e da bese ziv kljusev, alijas gospozata madam olbrajt, pa da go cesti edno 20 mil evra za drzavnoprivatna bolnica. ce se snajdi toj. tuka vemereto.
jovan, vlada @, 17.08.2012 10:04:48
Eh mori majko-од такви како тебе кој се фрустрираат кога гледаат колку се другите успешни посебно една докторска големина како д-р Жан Митрев се баш ех мори мајко за жалење. За таквите како тебе дојде почитуваниот доктор во Македонија да спасува животи а можеше комотно да остане во Германија каде што го ценее и сеуште го ценат повеќе од тука посебно од таквите како тебе. Човече која фрустрација еј, па човекот бе спаси безбројни животи и направи такви сложени операции што не он него државата требаше да му направи болница и да го прогласи за херој, ама за жал од таквите како тебе облиени со завист и злоба државата е таква каква што е. Наместо да го величаат и да му отворат болница во која најдборите студенти ќе се обучуваат и ќе имаат ретка прилика да учат заната од таква големина ние се замараме со тоа да не беше овој оној ќе немаше ништо. И ЗА КРАЈ БОЖЕ НА ТИЕ КАКО EH MORI MAJKO ПРОСТИ ИМ И ПОМОГНИМИ ДА ЈА НАДМИНАТ СВОЈАТА ФРУСТРАЦИЈА СПРЕМА УСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ. ПОЗДРАВ ДО Д-Р МИТРЕВ
НЕВЕН ГНЕВЕН, 17.08.2012 15:32:15
Камо среќа да имавме во Македонија уште многу специјалисти, стручњаци, ентузијасти и заљубеници во својата професија во оваа наша Македонија. Па такви умови и ентузијасти се ретки, во светот, а кај нас ги нема ни на рака да се избројат. Камо среќа и Државата повеќе да се завземеше за да се направат уште многу вакви институти, болници, а не да поставува споменици, врби и разни други глупости. Од такви институции и болници ќе има корист и Државата.но за тоа да го согледаат, треба само малку да размислат(ако не се плашат да се повредат).Од срце му пожелувам на ДОКТОР ЖАН МИТРЕВ да успее во планираните проекти, за добробит на Македонија. А што се однесува за eh mori majko, за него не се потребни вакви болници, туку онакви како што се преку Вардар. Му посакувам на Доктор Жан Митрев и Болницата Филип Втори, да најскоро им се остварат планираните проекти, за доброто на народот.
Krt, 17.08.2012 15:32:41
Ќе гради за почеток врз грбот на вработените (им ги намали примањата), а пред тоа користеше онолкав објект со закупнина како да користеше подземна гаража. На Кљусев веднаш да му изгради споменик голем како ВОИНОТ НА КОЊ. Други работи на виделина ќе излезат во некој нареден период.
Hari, 17.08.2012 18:38:38
Jovane, procitaj i rasprasaj se za strucnosta i kriminalot narecen Zan Mitrev pa posle zboruvaj gluposti. Se raboiti za prosecen lekar koj vo Germanija bese obicen doktor a ovde stana najbogatiot lekar vo Evropa. Go cicase Fondot i za vreme na SDSM i VMRO, placase reket na dvete partii i on stana NAJBOGATIOT DOKTOR vo Evropa.
Од некој од Струга, 17.08.2012 19:12:52
Јас искрено ги жалам Македонциве колку се цинични. Јас сум еден кој тој истиот Жан Митрев ме оперира со 4 бај паса благодареније на Митрев денес живеам јас предлагам да секој еден хуманист Македонски донира бар по 10 ден за ова дело на Жан Митрев а не да се јадете помегу себе затоа што Жан Митрев спаси многу животи. А ех мори мајко нека се изјаснит со име и презиме бар да се знае кој колку добро му мислит на Македонија од мене толку...
mitre, 17.08.2012 20:07:29
Се надевам дека новата болница ќе ја крсти АЛЕКСАНДР Д ГРЕИТ.............

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Остри меѓународни реакции по пресудата за „Пуси Рајот“
Руската православна црква вчера ја повика државата да биде милостива кон членките на контроверзната панк група...
Депонијата се празни, комуналците добија една плата
Инспекторите за животна средина веруваат дека до понеделник сето ѓубре ќе биде изнесено од центарот на Тетово и депонира...
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |