15.08.2012, 17:02 Мое ќоше
Аман, аман во зорт заман
Ерол Ризаов
Стаса фактурата за квази патриотизмот и примитивниот популизам
Квази патриотизмот и популизмот почнаа да тропаат на вратата на Владата. Што ќе сееш, тоа ќе жнееш. Ако меѓуетничките односи се градат со лицемерие само за рамковна поделба на власта, нормално е да дочекаме македонската армија да салутира пред споменикот на паднатите борци на УЧК кога министерот за одбрана на Македонија Фатмир Бесими им полага венец на загинатите албански борци во воениот конфликт 2001 година. Особено, ако истиот министер два дена пред тоа истата церемонија ја направи и пред споменикот на паднатите борци на АРМ во истата војна, само на спротивната страна. Паничното демантирање и кубење коси на државниот врв пред она што сите го видовме е нова уште поголема грешка и очигледна последица на една погрешна политика. Врховниот командант на државата претседателот Иванов вели тоа не биле негови офицери, а не биле ни на АРМ, тоа биле фантоми во македонски офицерски униформи. Негови офицери биле само кога првиот пат министерот Бесими оддавал почит. Ќе му каже ли некој на врховниот командант дека се работи за истите офицери.
Ако пак ја претворите Владата во пожарникарско друшто што гаси пожари со пиштол на вода за деца, или во хуманитарна организација што дели субвенции како милостина, или инвестициски фонд што отвара и затвара фабрики, или мецена што гради споменици, триумфални капии и жални врби среде Вардар, или берза која зголемува и намалува цени, или агенција која вработува и отпушта, ако владата наместо демократски и пазарен амбиент гради имиџ дека пали и гаси и одлучува за се' во земјата и притоа се расфрла со милијарди денари народни пари како пијан милијардер, тогаш, во зорт заман неминовно ќе се појави „Аман“ да бара намалување на цените, работа, правда и подобар живот. Ете тоа е крајниот резултат од лажниот патриотизам и примитивниот популизам.
Како дојде до тоа. Отворениот ригиден став кон Охридскиот договор на премиерот Никола Груевски јавно изречен, донесе еднонационални популистички поени. Ама однесе многу поени на другата страна, не негови, оти негови на таа страна одамна нема, туку ги потроши тие на коалицискиот партнер. Постојаното потпалување на меѓуетничките огнови ја храни двоглавата ламја која строго по албанско-македонска линија управува со земјата. Ако Ахмети сам ги гасне свеќите на 11 годишнината од Охридскиот договор, ако соживотот се сведе на доктрина на трикови за давање и земање на права и поделба на власта по сфери на интереси на коруптивно владеење, салутирањето пред паднатите борци на ОНА или УЧК, сеедно, е само почеток.
Економијата и пазарното стопанство, како и демократијата, си имаат свои закономерности кои особено се чувствителни на интервенции од политиката, односно на државата. Кога владата со политички одлуки и со притисок одлучува колку ќе биде цената на житото, на лебот, на струјата, на парното, на тутунот, на грозјето... кога владата гради фабрики, споменици, кога врши пресија врз регулаторните комисии кои ја одредуваат цената на топлинската и електричната енергија по различни критериуми во зависност од политичката, партиската и бизнис припадност, а не од пазарот, тогаш тоа се вика волунтаристичко управување со државата кое нема врска со економските реформ�� и со пазарните правила. Владите се одговорни да создадат демократски амбиент, правна и стабилна држава каде законите важат подеднакво за сите. Тоа е првиот предуслов за вложувања. Владите не градат фабрики, ниту вработуваат, ниту одредуваат цени. Тие градат стабилно општество со надлежни институции кои самостојно одредуваат услови кои ги диктира домашниот и светскиот пазар. Водењето економска политика со државен интервенционизам кој не е во развојна функција, туку претежно е социјална помош резултира со „Аман“ и со антиреформски популизам. Владите кои се држат до економски реформи ги насочуваат буџетските инвестиции главно кон инфраструктурни објекти и повисок општествен стандард и се' она што значи поквалитетен живот на граѓаните. Штом власта влезе во забранетите економски зони со предизборни арбитражи, тоа значи панично збогум на реформите.
Прилепувањето на опозицијата кон популистичките барања за намалување на цените на струјата и парното, кон примамливоста на ефтини политички поени со вмровски квази патриотизам кон Албанците воопшто не и приличи и ја сместува во носител на калкулантски евтин популизам, кој е уште полош од примитивниот на ВМРО ДПМНЕ . Веројатно затоа во ДПМНЕ добро го препознаваат овој јазик и затоа се избезумени по последните настани кога пред нивни очи нивното најмоќно оружје почна да пука против нив.
Опозицијата ако трча на 100 метри јавајќи на националистичкиот бран во меѓуетничките односи и ако бара цените и натаму да се одредуваат во владините кабинети брзо ќе испадне од трката бидејќи соборувањето на ВМРО ДПМНЕ е маратон кој треба машки да се истрча. Тука не помага ни Усеин Болт, ни свети Болт. Туку само со чесна и демократска војна да се бара довербата за подобра Македонија.
|
|
Статијата е прочитана 4005 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Goko, 16.08.2012 00:10:53 | Vo Njujork se odrzuva sudenjeto na trojcata direktori od Telekom za aferata so podmituvanje na politicarite.
Vo Crna Gora barem pisuvaat nesto za toa. Ovde toa nikoj ne go spomenuva.
Eve eden sajt od Crnogorska novina kader se pisuva za toa.
http://www.dan.co.me/ |
| Itar Pejo, 16.08.2012 00:18:14 | Ne mi bese jasno dali spomenikot e na UCK ili ONA pa poglednav na Google. Mi stana uste ponejasno. Tamu ima nekakvi grobovi. Ima fotografii na zrtvi, megu koi i deca. Znae li nekoj sto se slucilo vo Sluocani ili e toa edna od famoznite beli (crni) strani od nasata istorija? Vistinata za Slupcani mozda e prezezok kosten i za Erol? Pa se setiv i na uste nesto: seuste ne se rasvetli sudbinata na izceznatite makedonci i albanci od 2001 ! |
| deko, 16.08.2012 01:47:01 | Едвај чекам да дојдат на власт Бране,Љубчо,Тито,Тачи тогаш ќе потече мед и млеко по улиците,никој нема ништо да работи,ќе цути криминалот,данок нема да се плаќа,ќе шверцува се диво и живо,нагло ке влезе демократијата кај нас,ќе нема невработени,цените ќе паѓаат секој ден итн,итн.Свака част ако некој нормален очекува од овие луѓе нешто арно.А најсмешно од све ми е каде овие екс политичари наоѓаат истомисленици и подржувачи.XA,XA,XA,XAAAAA. |
| bibec, 16.08.2012 02:58:25 | Gospodine Rizaov samo sakam da vi kazam deka imam golema pocit kon Vas i Vaseto pero. Sekoja cest! |
| граѓанин, 16.08.2012 07:09:05 | Не се замара Груевски со народски и рамковни ситници. Тој си е фокусиран е битни проекти - лустрација, фасадерство и се разбира на БЦ. |
| nato-jato, 16.08.2012 07:22:16 | Taka e , od pozicijata vidovme sto ne snajde, ama opozicijata eden koknkreten predlog ne ponudi kako alternativa osven sto ni kazuva deka ovie ne cinat treba oni da dojdat na vlast, i najverojatno da go prodolzat istoto po stoti pat na nas grb. Barem da imaat doblest za lokalnite izbori da kazat deka kje go ukinat zonskoto parkiranje vo Skopje- reketot na vlasta sprema vozacite, barem nesto da ponudat da guknat 6 godini gi dribla Grujo ko Mesi , a ovie samo mrcat nesto ,ednostavno nema alternativa nikakva. |
| Миле - Охрид, 16.08.2012 08:21:26 | Прв пат се согласувам со Ерол. „...Владите се одговорни да создадат демократски амбиент, правна и стабилна држава каде законите важат подеднакво за сите...“. А ние треба да ги поттикнеме да отворат процес за исфрлање од правниот систем сите дефектни механизми кои го кочат демократскиот систем и луѓето ги делат на привилегирани и останати заради нивна расна, верска, етничка или друга припадност. Репер треба да ни бидат функционалните демократии во земјите членки на ЕУ. Охридскиот договор ја одигра својата улога. Време е тој да се напушта во согласност со постојниот систем на одлучување и во согласност со сите граѓани на Македонија. Не со чин, туку во демократски процес и со добра воља и визија. Визија која Македонија ќе ја гледа како граѓанска држава каде ќе нема „специфики“ и „оригинални решенија“. Држава каде важечките вреедности и принципи на функционирање ќе бидат еднакви со оние во функционалните држави на ЕУ. |
| ЗДРАВЕЦ, разбира се, 16.08.2012 08:41:51 | Авторот на текстот е до тој степен контрадикторен што читателот во еден замав ја чита напишаната глупост како евтино четиво за забава.
Демек потребно е да се создаде демократски пазарен амбиент во кој ќе ги исклучи притисоците или интервенцијата на државата во контролата на покачувањето на цените на одредени производи. На пример на пченицата.
Тогаш, зошто оние несреќници од некое си невладино здружение распрдени момци и девојки со свирчиња во запенетите усти (дали само таму?) Аман (можеби од СДС-то како нивни поттикнувачи, инспиратори и организатори) излегоа по скопските улици?
ПС Не ми е потребен одговор од Ерол. Таква пракса има авторот, влегува во дискусии со читатели кои не се согласуваат со него. Уште еден доказ за глупавоста на авторот, а и на целата редакција џанам. |
| PAVLE ALIMASKA,PRILEP, 16.08.2012 09:32:47 | Браво ЕРОЛЕ,нема човек ниту што да додаде,ниту што да одземе,но како сето ова да го разбере оној дел од популацијата кој е слепо заведен од ГРУЕВСКИ и кој се оправдува што ќе одлучи оваа влада.ЗА секоја нивна инфантилна постапка веднаш наоѓаат контра прашање за тоа што направила опозицијата некогаш кога била на власт и тоа станува тема за дискусија кај заведените.Тешко со овој наш народ ,кој кубурот го чува за зло време,а злото го гази ли гази безмилосно. |
| Мето, 16.08.2012 11:42:16 | Почитуван Г-дине Ризаов, сакам да се придружам до bibec и да ја искажам мојата почит кон Вас и Вашето дело. Се надевам дека имате свој механизам да се заштитите од некултурните и неаргументирани коментари кои ве напаѓаат а ништо не кажуваат. Му требате на творечки насоченото граѓанство во РМ. |
| melbourne, 16.08.2012 12:29:16 | A so kakvo mastilo(ink)be Erole pisuvas koga tebe ne mozat (retki LUGJE)da te razberat. |
| Do Zdravec, 16.08.2012 13:12:42 | Zdravec izvini, ama navistina ne si zdrav! Prvo, kolku shto jas znam avtorot ne se upushta vo debati (a bilo bi pozelno) nego se oglasi vo dva navrata, koga na nekogashniot Feliks, a segashen Jovan.vlada@, so fakti mu reche deka laze, i vcherashnata intervencija do nekoi si deka tokmu toa go kazal vo posledniot pasus. Znachi vie patriotite bi da lazete do bezsvest, a da nikoj ne intervenira i taka, so lagi vechno da si vladeete. E nece moci! Vtoro, i ti kako vprochem i site patrioti ja optuzuvash SDSM da stoi zad protestite. Abe choveku, pa bilo bi vistinska katastrofa da opozicijata stoi po strana. Upamti, ne stoi *zad*, nego *ispred*, so site svoi resursi. Cel na sekoja opozicija e posle dzentlamenskite 100 dena, da krene vo osvojuvanje na vlasta, koristejci gi site slabosti na protivnikot. I shto ima tuka zlochesto? |
| Goce USA, 16.08.2012 13:51:19 | Voopsto ne mi smeta sto polozile venec na spomenikot na UCK. Mislam deka e mnogu korekten potegot na ministerot da go napravi toa na spomenicite na dvete strani. Pominaa 11 godini od toj nesreken konflikt i vreme e da se pomirime. Na kraj na kraista i tie se lugje koi zaginale vo konfliktot. I tie imaat majka i familija. Bez razlika sto bile na drugata strana i sto se borele za nekoi svoi ideali. I onaka nivnite komandanti sedat vo Vladata. |
| do deko, 16.08.2012 14:21:31 | Deko bi trebalo da znaes deka kravata i pcelata ne ziveat zaedno pa ne moze da potece med i mleko po ulicite.Ama tie politicari sto gi nabrojuvas mozat da ja vratat siromaskata ni drzava na prav pat.Badijala subvenciite na laznite pcelari i kravari. Vistinskite kravari i pcelari ne mozat da dobijat ni skrsena para ako nemat kniska od DPMNE. |
| Трпе, 16.08.2012 14:39:39 | Краток коментар од претходните но сепак многу добро кажано.Само нема кој да го разбере.На актуелната пропагандна власт преку реклами им успеа народот да го поделат на наши и ваши.А овој ваков таков народ не се ни потрудува да погледне подалеку од носот а не пак да види дека џебот некој му го испразнил. |
| Ilija, 16.08.2012 18:12:47 | Mi visi prashanjeto:ZOSHTO AMERIKANSKATA AMBASADA ZASTANA ZAD MINISTEROT(chitaj albancite vo Makedonija) |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 21°C
Ведро
|
Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
|
|
|
|
|
|