Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
15.08.2012, 17:50

Последната битка на Арбен Џафери

Почесниот претседател на ДПА и истакнат политичар почина вчера во 15,50 часот на Клиниката за неврохирургија во Скопје

Арбен Џафери, долгогодишен лидер на ДПА и пратеник, почина вчера во 15,50 часот на Клиниката за неврохирургија во Скопје, каде што шест дена беше во кома по доживеаниот мозочен удар. Имаше 64 години и во изминатите две децении остави впечатливи траги во македонската политика, како контроверзен, но харизматичен лидер на една од водечките партии во албанскиот блок. Роден е во Тетово на 24 јануари 1948 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград.

Иако три дена беше во стабилна состојба, но во бессознание, на Џафери завчера, како што велат лекарите, нагло му се влошила здравствената состојба, како последица на големо крвавење во мозокот.

Според неврохирурзите, биле преземени сите тераписки можности, но ваквите случаи најчесто завршуваат фатално.

Почесниот претседател на ДПА повеќе години се лекуваше од Паркинсонова болест, поради што бавниот и засипнат говор стана негов препознатлив знак. Џафери се препознаваше и по контроверзните, но автентични ставови за иднината на државата и на меѓуетничките односи, бидејќи еднаш се залагаше за соживот меѓу Албанците и Македонците, а друг пат повикуваше на мирна поделба на државата. Но, и неговите политички противници се согласуваа дека стилот и реториката на Џафери ги карактеризира луцидност и елоквентност.

„Тоа е најнормалната работа што би можел да ја направам“, изјави Џафери пролетта 2007 година кога замина од лидерската позиција во ДПА и му го препушти кормилото на Мендух Тачи.

Влошеното здравје, но и заморот од дневната политика, се споменуваа како причини за неговото повлекување. Оттогаш, Џафери живееше на релација Тетово - Приштина, додека неговото семејство, сопругата и децата, долги години живеат во Норвешка.

Но, иако во изминатите неколку години беше на поголема дистанца од дневната политика, Џафери никогаш не се оддалечи од партијата што ја основаше и каде што остана почесен лидер. Во последните месеци, тој можеше почесто да се види на јавна сцена. Присуствуваше на седницата на Централното претседателство на која беше донесена одлуката за соработка со опозицијата од македонскиот политички блок, а потоа се појави и на средбата на раководствата на СДСМ и на ДПА.

Како лидер на ДПА, Џафери, во периодот 1998-2002 година, беше дел од власта, односно од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Љупчо Георгиевски. Во август 2001 година беше меѓу четворицата лидери на партии што го потпишаа Рамковниот договор, чија 11-годишнина се одбележа пред неколку дена. (А.М.М.-Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 4431 пати.

Испрати коментар



Бесими жали што не бил разбран за Слупчане
Аман, аман во зорт заман
Се отвораат универзитети на секое ќоше
Депонијата гори, комуналците во штрајк



jane, 16.08.2012 00:22:01
Negoviot recnik i stil na zboruvanje ostavi pozitiven vpecatok kaj mene, i edinstven koj mozese da mu se priblizi po stilot na Tupurkovski Socustvo do familijata.
Коста Стоименовски, 16.08.2012 00:56:11
Арбен Џафери беше и ќе остане запомтен како врвен интелектуалец. Со неговата смрт албанската заедница во Македонија, но и Македонија како држава ќе остане посиромашна за еден еминентен мислител и државник. Бог да го прости и лесна му земја.
eden covek, 16.08.2012 02:23:38
Ova e covekot koj najmnogu go pocituvam od site albanci. Edinstveniot koj go razbira vistinski odnosot makedonci-albanci i, koj znaese sto e toa sto treba da se napravi za da se razresat mnogu problemi na ovoj paln. Pred se vistinski intelektualec. Socustvo do negovite najbliski
Alter, 16.08.2012 06:49:06
Eden od retkite politichari sto go kazuvashe ona sto go misli. Socuvstvo do semejstvoto.
Гошев, 16.08.2012 14:39:54
Албанскиот полиар кој најтечно и најлитературно го говореше македонскиот јазик. Елокветнен и без конкуренција во албанскиот табор. Почивај во мир голем човеку!
Daco, 16.08.2012 18:27:43
Arben Dzaferi ce ostane vo secavanje vo Makedonija kako eden od najdobrite Makedonski politicari, lesna da mu e zemjata i socustvo do negovite najbliski.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...
(ИНТЕРВЈУ) Многу е тешко да се измери успехот
„Да не беше филмот ’Продолжи‘, во овие места немаше ни да дојдам, воодушевен сум од убавината и големиот број извонредни...
Салман Ружди: Иран и јас имавме многу интимен однос
Треба да се каже дека Арапската пролет е готова. Младите луѓе кои ги почнаа демонстрациите беа политички невини. Нависти...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |