16.08.2012, 18:08 Поглед
Лекари (не)работници
Јасмина Јовановска
Јулската плата што според новиот модел по успешност беше поделена во здравството, едни лекари ги казни, а други ги награди. Казнетите лекари добија за еден до 20 отсто помали плати, а за толку проценти повисока плата добија наградените лекари.
Овој начин на плаќање- по учинок, предизвика големо разочарување кај лекарите. Тие велат дека иако работеле како и досега, па дури и нешто повеќе, сепак се казнети и не добиле цела плата.Новата плата, згора на тоа, ги подели лекарите на работници и неработници, а како што велат тие најлошото е што ќе мора да се „тепаат“ за земање на што повеќе пациенти под нивен надзор. Некои од лекарите велат дека за да заработат за цела плата, ќе мора на пациентите дури и да им измислуваат дијагнози за лекувањето да биде посложено и така да соберат повеќе поени.
На здравството секако му треба нов начин на вреднување на трудот на лекарите. Но, не таков што ќе му земе од платата на еден лекар за да му се даде на друг лекар. Ова ќе создаде раздор во лекарската средина, па нема да биде чудно ако лекарите почнат да се однесуваат како гладијатори во арена. А тоа не им приличи, зарем не?!
Јасно е дека идејата беше со новиот начин на плаќање на лекарите да се стави крај на еднаквото вреднување и на кои се пасивни, и оние лекари кои поактивно работат. Но, од друга страна, по масовниот лекарски егзодус од државното во приватното здравство, речиси стана невозможно да се „забушава“ на работното место во државните клиники од проста причина што има недостиг од лекари во смените.
Токму затоа, новиот здравствен систем треба да им обезбеди фер натпревар на лекарите за плата. Но, за тоа моделот за плата треба да биде добро осмислен и да биде дел од закон, а не само одлука, која може да се менува на кој како ќе му текне. |
|
Статијата е прочитана 1185 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Haralampie, 17.08.2012 00:35:10 | STRAJK i nisto drugo. Ako se krene Klinicki pagja Vlada, dali e svesno ona dete od minister koj gazi po dostoinstvoto na doktorite, brise pod so nivnite tituli, trud i strucnost. Nema da pomine proekt pri koj spisocite za ucinok se pravat vo mesnite komiteti na dpmne. |
| Читател, 17.08.2012 00:39:13 | Јасминке, немој да кажуваш како треба да се наградуваат лекари, наставници, судии дали тоа е исправно или не... Министеров тодоров направи буквално ршум и во образованието, а сега и во здравството. Тоа ќе ни се одрази нас на обичните граѓани. А за наградување или казнување има многу други по популарни методи, другото е на штета на луѓето. Така не се практикува власт и не се менаџира во министерствата се со сила. Затоа луѓето ќе бегаат од државава и ќе одат онаму каде нивниот труд вистински се вреднува без да имаат страв дали се ос ВМРО или од СДСМ. |
| човек, 17.08.2012 07:58:10 | Ако само малку сме реални ќе утврдиме дека мачниот пат на медицинскиот персонал почнува со самото запишување во средно. Додека останатите ученици го живеат “средношколскиот живот“ медицинарите глава не креваат од учење. Студираат 5 години, па потоа мора да полагаат специјалистички. Работат во услови какви ќе им понуди државата (или газдата). Сите ние својот живот и животот на своите деца им го ставаме во нивни раце. Можно ли е еден пратеник кој освен партиска книшка како предуслов да зема поголема плата од лекар? Или чистачка, механичар во подобростоечка фирма да зема поголема плата од лекар? Впрочем-земаат ли пратениците плата по учинок? |
| Lidija, 17.08.2012 10:20:33 | Za rabotata na lekarite imam samo edno golemo blagodaram! Ako nekoj lekar ovoj mesec zemi 1000 denari povisoka ili poniska plata, toa voopsto nema da vlijae na i taka niskiot standard na zivot na lekarot. Dobro rece edna lekarka: Pacientite ne se brojki i zalosno e sto so sila se turka idejata pacientite da stanat brojki. Zalosno i za pacientot i za lekarot! Eden pacient moze da bide potezok za lekuvanje od deset drugi zaedno. |
| milan, 17.08.2012 11:40:12 | Do lekarite: Zar ne e vreme da dignete glava i da stavete kraj na ova bezumie.Pa vie ste barem skolovan svet (neste selani pa da ve lazat so subvencii a cenite na proizvodot da vi gi namalat , se izvinuvam na selanite koj cesno zarabotuvat i se macat.) Vie ste lekari koj se borite za coveckiot zivot i zdravje i krajno vreme e na univerzalniot minister da mu dadete sut karta.Nekoj ke rece porano ne bese podobro ,da ama ovie od SDSM barem stavaa za minister lice od lekarskata fela,a ne seznajko kako ovoj segasniov.Ako ostane reformata na ministerot, mi preostanuva da gi sozaluvam lekarite a posebno pacientite. |
| сузе, 17.08.2012 12:10:51 | Елвис Бајрам со основно зема поголема плата од било кој лекар!Калимеро нема правда! |
| mitre, 17.08.2012 12:36:42 | Добро им прават !!??? Кога стигна едно министерче да ги дрибла како сака, да им гази по човечкото достоинство........добро им прави, кога не знаат да речат СТОП на здравствени услуги............Дотогаш, нека ги дрибла, не се за жалење...... |
| Доктор-КА, 17.08.2012 22:52:28 | Министерот не ги казнува лекарите туку ќе ги казни пациените! Тешко тој што има мака! Према овој систем, лекарите ќе се трудат да заработат повеќе бодови а НЕ за квалитет, бидеќи квалитетот во работата не се наградува. Пред околу 20. години беше донесен правилник со бодови за секоја лекарска услуга, се применуваше кратко време. Ова сега е само импровизација! Се сложувам медицинскиот персонал да биде наградуван према вложениот труд, ама за тоа треба да постојат точно дефинирани правила, прописи, норми! За тоа е потребен труд, знаење, анализи! Бирократите во Мин. за Здравство немаат таков капацитет! И ова лудило ќе помине, кој ќе преживее ќе раскажува за глупостите во едно „лудо време„. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 24°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 15°C
|
Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
|
|
|
|
|
|