Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
16.08.2012, 19:17

Си велам

Умре ли Охридскиот договор?

Ерол Ризаов

Денес Рамковниот договор е позначаен за Македонците отколку за Албанците

Смртта на Арбен Џафери, еден од најмудрите и најзначајни современи политичари во Македонија, и осамениот Али Ахмети, кој со ослабен капацитет на белите дробови одвај ги изгаси 11 свеќи на роденденската торта на Охридскиот договор, како да испратија „последен поздрав“ до најзначајниот документ што го имаат потпишано Македонците и Албанците во поновата историја на Македонија. Од сите петмина домашни потписници Борис Трајковски, Арбен Џафери, Имер Имери, Љупчо Георгиевски и Бранко Црвенковски, живи и политички активни се само последните двајца.

Има силни струи во албанските и во македонските политички и интелектуални елити кои сметаат дека Рамковниот договор многу бргу историски е истрошен, или дека откако е инкорпориран во Уставот, веќе е непотребен. Радикалите на двете страни, се разбира, одат спротивставено многу подалеку, едните сметаат дека Охридскиот договор е капитулантски акт на срамен пораз и предавство на Македонија, а другите сосема обратно дека Албанците се' уште ни оддалеку не ги оствариле своите најзначајни демократски права. Охридскиот договор за нив е чиста козметика и предавство на албанските интереси. Двете екстремни позиции го погребуваат Договорот убедени дека нивната страна е оштетена и дека е неопходен нов договор соодветен на односите на силите.

Додека го упокојуваат Охридскиот договор и му организираат опело, на двете страни топло им препорачувам сега, по 11 години, без чад од барут и мирис на изгорено, без потресни сцени од погреби на млади луѓе, без јазик на омраза во медиумите, да се обидат со должна воздржаност да ги прочитаат трите странички од Договорот и со малку поголем напор да ги допрочитаат уште нецели десетина страни анексите на Рамковниот договор кои се сметаат за негов составен дел. Ако го направат тоа со студена глава и здраворазумски, веројатно ќе ги откријат крупните и исклучително значајни одредби за иднината на сите граѓани на Република Македонија. Слободен сум да тврдам дека само заслепени шовинисти и милитанти не можат да ги видат едноставните и историски факти кои се документирани сигурно не како Библија, но како најзначајна гаранција за територијалниот интегритет и неделивоста на Македонија. За некрофилите на сопствената татковина преправени во патриоти ги издвојувам следниве проидобивки од Охридскиот договор, кој е архивиран во Обединетите нации и со потписи на преставниците на ЕУ и на Америка, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Овој историски документ потпишан од највисоките политички лидери на Албанците и на Македонците и гарантиран од ЕУ, Америка и ОН ги содржи следниве клучни одредби: прво, Рамковниот договор е документ што преставува „усогласена рамка за обезбедување на иднината на демократијата во Македонија и овозможување на развојот на поблиски и поинтегративни односи меѓу Република Македонија и евроатлантската заедница“. Со други зборови, без Рамковниот договор и негова примена, се вели збогум на демократијата, ЕУ и НАТО. Второ: „Овој Рамковен договор ќе го промовира мирниот и хармоничен развој на граѓанското општество, истовремено почитувајќи го етничкиот идентитет и интересите на сите македонски граѓани“, здравје поразбирлив, попрецизен и појасен екстрат за идниот општествен развој на Македонија

И сега одиме на неколку основни принципи за кои, уште на првата годишнина од Охридскиот договор кога на тоа парче хартија мнозинството во земјата гледаше како на срамна капитулација и предавство на татковината, напишав дека еден ден овој документ повеќе ќе им треба на Македонците отколку на Албанците. Таа констатација тогаш изгледаше прилично екстремно, дури и антимакедонски, што беше разбирливо, бидејќи уште беа свежи раните и гробовите од наметнатиот воен конфликт во Македонија. Не ги сакам ситуациите кога луѓето фалбаџиски се повикуваат на дополнителна памет, во стилот - за сето ова јас укажував, ама немаше кој да ме послуша. Такви мудреци сега има на претек, но ќе се обидам да ја изнесам фактографијата што ја пишував пред десет години зошто Рамковниот договор е значаен за сите граѓани, а особено за мнозинскиот народ - Македонците.

Еве само неколку обврзувачки цитати од Рамковниот договор исклучително значајни: „Целосно и ��езусловно се отфрла употреба на насилство за остварување политички цели. Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија“.

Еве го следниот основен принцип според мене најзначаен: „Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се зачуваат. Не постојат територијални решенија за етнички прашања“. Овој дециден принцип е најзначајната домашна и меѓународна гаранција што ги прави нервозни погребувачите на Охридскиот рамковен договор. Во Македонија нема ниту еден сличен документ меѓународно признат, гарантиран и архивиран. Зад него покрај легитимните демократски избрани претставници на Албанците и на Македонците, и државниот врв претседателот на државата и премиерот, се јавуваат двете клучни политички и воени меѓународни сили - Америка и Европската Унија. Она што помалку се знае во Македонија е фактот што Охридскиот договор не им пречи само на домашните екстреми и милитанти, туку е трн во окото на целиот Балкански Полуостров, бидејќи по својата демократска поставеност е недостижен за сите балкански земји, а по некои компетентни согледувања и во повеќе европски земји. Компромитацијата на Охридскиот договор е цел и на повеќе разузнавачки служби. Досега на тој план со домашна поддршка имаат постиганото делумен успех.

Не е случајно што во сите обраќања до Македонија од страна на Америка и на ЕУ и од голем број други земји упорно се повторува да се почитува Охридскиот договор и да се имплементира целосно. Безброј пати е потенцирано од највисоките меѓународни кругови и центри на одлучување дека македонската влезница во НАТО и во ЕУ е Охридскиот договор.

Неговото непочитување, ригидниот став кон него за евтини дневнополитички поени е самоубиствен чин за иднината на Македонија. Затоа осаменоста на Али Ахмети во Музејот на современата уметност во Скопје без присуство на државниот врв, премиерот и претседателот и лидерите на опозицијата на 11-годишнината од Охридскиот договор е лош сигнал до поддржувачите на Македонија. Комеморативниот амбиент на прославата од годишнината на Охридскиот договор е тажна порака до сите граѓани.


Статијата е прочитана 2936 пати.

Испрати коментар



Дали политичарите се граѓани?
Искреност и иронија
Лекари (не)работници



Mapkoc, 17.08.2012 01:32:30
Спрема г. Ризаов, радикалите меѓу Македонците и Албанците имале спротиставена позиција кон Охридскиот договор. Едните и другите го доживуваат како предавство на интересите на двата етникума, што е безбели глупост. Али каква закана за иднината на Македонија доаѓа од нив? Југославија се распадна поради јаките центрифугални сили, со национализам и шовинизам како моќни двигатели. Спрема Десимир Тошиќ, жариштата на национализмот и шовинизмот беа централните комитети и владите на републиките и покраините. Овде пак, сериозна закана за земјата гледам во злосторничко лицемерие на коалиционите партнери, ДПМНЕ и ДУИ, кои се колнат во Македонија, а истовремено ги поттикнуваат и хранат анимозитетот и нетрпеливоста меѓу двата етникума. Скандалот со бојкотирање на одбележувањето на 11- та годишнина од Охридскиот договор отвора суштинско прашање: што владетелите мислат да сторат со Македонија? Ако добиле власт на изборите, не добиле и мандат да ја погребат.
seirdzija, 17.08.2012 01:34:32
Veruvam deka i na tebe ti se gadi od sekojdnevni DPMNE bljuvotini(i imeto VMRO ni go ogadija).Po potreba se patrioti,ama koga ke zatreba umeat i zlostornici da amnestiraat,a za Ohridskiot im e gajle na ovi nevideni LOPUZI!!!Uste kolku li samo nesreca i gluposti vo paket vo brzorastecka siromastija go ocekuva ovoj napaten mal narod.Po se sto vidovme i po se sto storija izgleda deka blisku e stapot do narodot,a kako liderot e isto taka blisku do narodot ...izgleda ke go jade istiot stap...oti od reklami,samoreklami na narodot mu e preko glava!!!!
A r a n g e l o v i c, 17.08.2012 05:39:09
Tolkuvanjata na aftorot se povolni, precizni i polezni za Makedonija i site gradjani vo nea. Drzavata RM e tatkovina na siot narod sto zivee vo nea. Ohridskiot dogovor e katalizator za mir, napredok, sozivot i blagosostojba. G. Rizaov e visoko vrednuvan novinar koj vo poveke navrati dava posakana edukacija na gradjanite. Go pozdravuvam i mu posakuvam dobro zdravje i mnogu radosti vo familijata.
tenderman, 17.08.2012 06:38:40
erole da ne preteruvas malku. koj od DUI pravi vakvi analizi kako tebe. saglam si ti ali ne? pa nemet pari povece vo drzavata za hapnuvanje, pa ali ali zaedno so onie kostumosani- nepismeni vodaci na dui go podbucnaa grujo da opni edno masno tenderce kako infuzija. ona sto me cudi e kako albancite ispadnaa pogolemi ovci od makeodncite. 90 % od niv vrsat nuzda po ulici i nemaat struja, a ne mozat da disat bez ali ali.
EU, 17.08.2012 08:24:44
Makedoncite i albancite (mislimanite) sto zivejat vo Mk morat zaednicki da doprinosat za podobra idnina na MK.MK bila i ke ostane kako multi kulti drzava.Samo nesovesni politicari od dvete strani pravat omraza pomedju naselenieto.MK e mnogu podemokratska drzava odkolku EU.Pr.statistikata sto se vodese vo Germanija pred nekoj den,vo Ger.92% se izjasnija da ne se pocituvat i voveduvat muslimanski praznici,(mada kaj nimi ima povece muslimani odkolku vo MK)a vo Mk toa odamna vovedeno i se pocituva.EU gi napravi ovie zakoni za Mk,a samite tie ne gi praktikuvat?
Leonid, 17.08.2012 09:18:38
Иако времето одамна ги прегазило твојата идологија и ставови, сепак едно кратко појаснување на замената на тези која ни ја промовираш цело време. Рамковниот договор е наметнат од надворешните сили (ЕУ, САД) и како таков е само попатна станица до нареден конфликт. Тој само ја замрзнува ситуација во полза на агресивното албанско малцинство чиј што цели се недвосмислено создавање на голема албанија. Све друго е продавање на демагогија која што одмана освен двјаца тројца закоравени соц реалисти друг и не ти ја респектира. Времето те има прегазено Ризаов.
Okvir, 17.08.2012 09:25:00
Gruevski lani reche: Go pochituvam ama ne go slavam! Pa nikoj ne go tera oro da igra. Neka bide prisuten na zvanichniot del, a koga ke nastapi *narodno veselje* neka si zamine. Kako premier, kolku i da mu se machi, mora da go pochituva. A pochituvanjeto ne podrazbira ignoriranje i apstiniranje, na protiv! Ma takvi se site patrioti, ne blagodarni i chudni, a posebno toj. Edno mislat, drugo zborat, a neshto sosem treto rabotat. Ne znam dali e toa patriotska, detska ili ciganska rabota ili se zaedno.
Генерација 1982, 17.08.2012 09:30:07
Луѓе, целата политика и наши делувања треба да оди во следнава насока: Што и да правиме, мораме да продолжиме заедно да живееме. Имаме многу разлики едни од други, на пр.: не ми се допаѓа некултурата на возачите на Бит пазар и Чаир, ама не се ништо поарни оние од Штип, Кочани, Делчево. Но мораме да се трпиме и да се интегрираме едни со други, колку и да си замеруваме меѓу себе. Многу пати јас лично сум ги замразил во одреден момент Албанците, но како созревав, гледам дека никаде не ме води омразата.
milan, 17.08.2012 09:33:11
Se sto e dobro,a dovaga od SDSM,za DPMNE ne e dobro i plukat po toa (bez razlika sto toa e dobro za drzavata.) Setete se na vremenata spogodba plukaa po istata a potoa so nea go dobija sporot vo Strazbur,pa se ispotepaa so falbi i reklami. Vo pravo e Erol, sto uste barame od ramkovniot dogovor,garantira ni nepovredivost na granicite i unitarnost na drzavata.Dogovorot ne moze da gi resi vnatresnite problemi i bezraboticata vo drzavata.Istiot da imase nacionalisticko-sovinisticki klauzuli ke bese mnogu prifatliv za radikalnite strukturi.
До Маркос, 17.08.2012 10:10:47
Госп Маркос, Југославија се распадна поради потрошеноста на историскиот модел, се друго што вие цитирате е последица на тој историски факт, да не беше така, немаше да се распадне. Затоа и авторот страхува политичките елити поттикнати од радикалите и нивниот популизам да не го потрошат историското значење на овој единствен документ меѓународно верификуван кој го потпишале Македонците и Албанците кој го гарантира територијалниот интергритет и целоста на Македонија. Овој документ е чинам поголема гаранција да се сочува Македонија отколку влезот во НАТО. Ама кој да види.
aleks, 17.08.2012 13:11:03
Se pravese drzava so cel lugeto podobro da ziveat i sto ispadna koga ke se napravi sporedba dali za lugeto bese podobro porano ili sega...
S.P., 17.08.2012 13:59:09
Ramkovniot dogovor e osnova na koja treba da se gradi povoena Makedonija. Ne zgresiv i Makedonija imase vojna imase izbeglici od Kosovo i go ima Ali Ahmeti komandantot na ONA koj so vojna resi da bara prava za Albancite vo Makedonija. Site koi mislat deka Ramkovniot ni go nametnale od strana se lazat toj morase da se napravi zosto nikoj ni albancite a najmalku makedoncite sakaa da vodat vojna do posleden zdiv i istrebuvanje. Pocituvaniot ni premier nema nisto protiv da formira koalicija so Ali Ahmeti zaradi licni interesi, no ima protiv da go slavi Ramkovniot dogovor koj znaci mir i prosperitet na davata etnikuma koi ziveat vo ovaa mala Makedonija. Toa samo pokazuva deka ovoj narod izbral pogresni vodaci.
bitolchanec za Makedonia, 17.08.2012 14:24:41
Erole, umren e ushte od denot na verifikacijata, avgust 2001. Eve zosho: 1. Osnovni principi: multietnichkiot karakter i podednakvite potrebi na site gragjani; 3. Razvoj na decentraliziranata vlast : popisi i policijata; 4. Nediskriminacija i pravichna zastapenost: ramnopraven tretman, vrabotuvanjeto vo javnata administracija; Aneks A: osnovnite slobodi i prava, ramnopravna zastapenost, crkvata odvoena od drzavata, prava i dolznosti na narodniot pravobranitel, Ustavniot ; Aneks B: drzavni sluzbenici i javna administracija; Aneks C; popis i izbori, vrakanje na begalcite, nediskriminacija i pravichna zastapenost. Treba li ushte? Ushte ednash se povtoruvaat osnovnite prifateni *znaenja* za STRATEGIJATA, imeno, lesno e da se napishi, teshko e da se sprovedi. Ako ednash napravime pravo gragjansko opshtestvo ne ke ni treba nikakvi dogovori. Site sme ednakvi pred Boga i pred drzavata, site i Bog i drzavata ne tretiraat podednakvo. Imaj si ubav vikend
od doma, 17.08.2012 15:57:53
Ramkoviot dogovor kako takov ne e umren,ama Albancite si go sproveduvaat i go nadminuvaat, no nastoj ,NE OTEPA! Dobro sto BITOLCANEC ZA MAKEDONIJ ni napisha nesto za toj mereten Ramkov, za da znaeme bidejki toj ne ni se objasni najnormalno, zvanicno od nadleznite . Deneska, po tolku godini,se nekoi novo baranje ni vadat od *kovceg*koe tie sami si go predviduvaat ili tumacat, po sopstven vkus. Kolku mu bevme blagodarni na Badenter(za koga vprocem ne mu se najde ime na nekoja ulicavo Skoje) tolku pôveke deneska go mrazime oti koga nesto ne im se bendisuva na nekoi, op- vednas skokaat ; Badinter, za nim mozen,za nas nekako kako da ne vazi...
BitolaHamiltonCanada, 17.08.2012 16:43:26
Prvo Presedatelot i Premierot da gi oladat glavite i povtorno da se potsetat shto veli Dogovorot,ako zaboravile.Presedatele !!!,ako si zaboravil,Ti si Presedatel na site gragani na Makedonija.Samo po taja osnova mestoto ti bese vo Slupcane.Megutoa koga ne vodi lider bez drzavnicka mudrost,shto drugo da ocekuvame od nego i negoviot naredbodavac osven da ni prodavaat demagogija.Za zhal,istoto go napravija Branko i Ljupco,dvajca iskusni drzavnici i politicari.Namesto da eskiviraat trebase da prisustvuvaat na proslavata.Nisto ne gubat,mnogu dobivaat.Osobeno koga VMRO go osuduva a Amerikancite koi se potpisnici na Dogovorot,ja poddrzuvaat proslavata i ja otcenuvaat kako pozitivena za idninata na Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што пр��ват денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Остри меѓународни реакции по пресудата за „Пуси Рајот“
Руската православна црква вчера ја повика државата да биде милостива кон членките на контроверзната панк група...
Депонијата се празни, комуналците добија една плата
Инсп��кторите за животна средина веруваат дека до понеделник сето ѓубре ќе биде изнесено од центарот на Тетово и депонира...
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |