Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
15.08.2012, 17:26

Македонија со најниски плати, но со скапа струја

Цената на киловат-час струја е приближна на онаа во Хрватска, но таму просечната бруто- плата изнесува илјада евра, а кај нас е 500 евра

Маја Томиќ


Во Македонија можеби се плаќа поевтина струја во споредба со поширокиот регион и Европа, но со честите поскапувања на електричната енергија сме на сигурен пат брзо да станеме земја со најскапа струја и да се изедначиме со европското ниво. Според образложенијата на Владата и на Регулаторната комисија за енергетика Македонија има најевтина струја, а бидејќи сме дел од европската енергетска заедница, домашната цена треба да се изедначува со регионалните цени. Дополнителна причина, пак, за честите поскапувања е фактот што енергетските компании немаат доволно струја и мораат да ја увезуваат по високи цени, па се во финансиски загуби.

При тоа, ниту Владата ниту Регулаторната комисија не споменуваат дали со просечна плата од 350 евра, според официјалната статистика, треба и може да се ставаме во ист кош со соседите, а уште помалку со Европа. Во овој контекст треба да се додаде и дека Македонија има и највисока стапка на невработеност и на сиромаштија.

Според официјалните податоци за цената на струјата во поранешните југословенски републики, само Хрватите и Словенците плаќаат поскапа струја од нас. Со последното поскапување на струјата од август годинава од околу 10 отсто, просечната цена на киловат-час за еднотарифно броило изнесува 0,054 евро центи или 3,32 денари, а за двотарифно 4,18 денари. Во Србија еден квч. чини 0,037 евро центи, во Хрватска е 0,053, во Словенија е 0,144 евро, во Република Српска и БиХ 0,024, а во Црна Гора еден киловат-час чини 0,030 евро центи. Притоа, единствено во Македонија на вкупната сума од сметката се наплатуваат плус 33 отсто за таканаречена ангажирана моќност. Таа се плаќа и во Србија, но таму се пресметуваат 0,27 отсто за еден киловат-час, во Хрватска, Република Српска, БиХ и Црна Гора не се наплатува моќноста, а во Словенија изнесува 1,21 отсто на киловат-час.


Бруто платата пак, за јуни месец во Македонија изнесува 498 евра, во Србија 482, Хрвтска 1.064, БиХ 656, Република Српска 697, Словенија 1.536 и во Црна Гора 727 евра.

Македонија предничи и со стапката на невработеност, во што, не само во регионот туку и пошироко сме на врвот многу години наназад. Таа во првиот квартал од годинава во Македонија изнесуваше 31,6 отсто, во Србија беше 25,5, во Хрватска 17,3, во БиХ и Република Српска 27,6, во Словенија 11,8 и во Црна Гора 12,36 отсто. Македонија е на врвот и според стапката на инфлација. Во првиот квартал од годинава инфлацијата изнесуваше 3,9 отсто и само Србија регистрира повисока стапка од 7,9 отсто. Во исто време, Хрватска заблежа инфлација од 2,3, БиХ и Република Српска од 3,8, Словенија од 1,9 и Црна Гора од 3 проценти.

Не држат ни тезите на надлежните дека Македонија единствена од сите поранешни ју-држави имала евтина дневна тарифа на струјата, од 13 до 16 часот, па затоа морало да се укине. Евтината дневна тарифа се' уште важи во БиХ и во Република Српска и преку лето трае од 13 до 16 часот, а во зима од 22 до 24 часот. Во лето, пак, евтината дневна тарифа е од 14 до 17 часот и од 23 до 24 часот, додека секоја недела цел дена се пресметува евтина струја. Владата на Србија деновиве објави дека размислува за скоро враќање на дневната евтина тарифа, по два часа секое попладне, со цел да се заштити стандардот на граѓаните и социјалните категории на население.

Според некои пресметки, со укинувањето на дневната тарифа на струјата за домаќинствата, во државната каса ќе се зголеми приходот по основа на данок на додадена вредност за 600.000 евра месечно, или ќе се собираат по 20.000 евра дневно. Таа сума е двојно повисока од онаа што досега потрошувачите ја плаќаа како 18 отсто ДДВ на потрошената струја во попладневните часови.

Во изминатите шест години електричната енергија поскапе двојно. Таа претставува основен енергенс за граѓаните и за стопанството, па нејзиното поскапување, како и секогаш, ќе предизвика пораст на цените на основните продукти. Значи, во состојба на криза и сиромаштија скапата струја ќе биде голем удар по џебот на граѓаните, но и генератор на нова инфлација.


Статијата е прочитана 1992 пати.

Испрати коментар



Граѓаните го кренаа гласот против поскапувањата
Изумрени риби го покрија Тиквешко Езеро
Подобрен пристапот до информации од јавен карактер
Платата според ефикасност казни четвртина лекари



Mene, 16.08.2012 01:35:28
Другпат пишете и дека другите земји имаат алтернатива на струја, т.e. Гас. А убаво проверете ги цените, затоа што мислам дека има и други земји што плаќаат поефтина струја од нашата. Цената што сте ја пресметале во табелата не ви го вклучува покачувањето од 10 насто. А земјите не се подредуваат на памет туку по цена, ако сакате да поентирате за тоа колку е висока цената. И за на крај, цената не е висока, туку НЕТО платата при оваа инфлација е многу ниска. Не барајте пониски цени, барајте повисоки плати. Законски мора да се обврзат работодавците платите да ги растат со инфлацијата. Па ако е криза и се смрзнати платите 3 години, треба да се замрзнат златните споменици, тркалата, вртелешките и врбите.
dragan, 16.08.2012 07:50:05
dobra statia , no vo Kumanovo osven tie sto se budjetari , jas ne poznavam nekoj drug da zema plata povisoka od 20.000den, a ostanatite 95 posto znam deka zemaat plata odvaj 12.000den. koj e toj prosek , mora da nekoi zemaat po 2-3000 eur.pa prosekot da se kaci. Sramota e za strujata , no na ovaa vlada i treba pari , a na koj nacin da gi sobere, site resursi se iscrpeni , pa vaka na ovoj nacin udri. no , narodot si gi izbra i ce si gi trpi.
Imame uste za k(g)radenje, 16.08.2012 08:39:52
Di Mene - ne si vo pravo. Pa Vladata uste nema zavrseno so spomenicarsikot zanes. Nemame natraveno uste dovolno spomenici na site revolucioneri, site dejci pa i nasi antiucki pretci. treba da se izgradat spomenici na Kleopatra , na Homer na Aristotel na Parmenion na Olimpijada . DVo plan se izgradba uste na 2-33 Kocevi plazi kraj Vardar, da se posadat bambusovi drva i izgradat uste 2-3 Triumfalni porti pod koi sveceno na bel konj ( koj isto taka treba da se kup[i) ce pominuva nasiot mil lider i vodac so svojata svita na poltroni.
Дуки, 16.08.2012 08:41:37
Цените се неточни не ја вклучуваат моќноста од 33,3%, значи треба да се додаде една третина. Не е влезено покачувањето. Уште една нелогичност која сега е искористена во текстот. Поефтино е да бидете на едно тарифно броило отколку на дво тарифно.Цената на струјата со укинувањето на ефтината дневна тарифа генерира состојба според која ви е поефтино да се префрлите на една тарифен модел, поефтино е. И на крај од каде бре во Македонија просек од 500 Евра , доста бре, просекот е околу 200 Евра.
Petre, 16.08.2012 11:04:28
Земете било која сметка и поделете го крајниот износ со п��трошените киловати во истата. Ќе видите дека просечната цена изнесува околу 5 денари по киловат. Ова заради тоа што во сметките, покрај цената на киловат струја, има доста други давачки:33% ангажирана моќност, 18% ДДВ, улично осветлување, камата за секој ден задоцнување со плаќањето. 5 денари се 8,13 евро цени. Ете тоа е цената која ја плаќаме по киловат во моментов, пред најновото поскапување.
сузе, 16.08.2012 11:20:58
Зошто досега никој ниту еднаш не даде информација за овие 33,33 ангажирана моќност?Ги има или ги нема во другите земји????
РНД, 16.08.2012 12:05:47
Се надевам дека во блиска иднина ќе можете да напишете една статија за цените на Греењето во регионот, а уште поубаво би било ако може да се напише статија за Спомениците. Дали сме рекордери во светот по изградени спомници со никаков квалитет - но во рекордно време !!!
Трпе, 16.08.2012 14:21:36
Многу пати спомнатото дека во РМ се додека има овци ке има и волна.Мора по нешто да бидеме познати во регионот па и во светот.На владата им одговара да се увезува струја наместо да се градат енергетски капацитети кои ке произведуват електрична енергија според стандардот на граганите.Нафта сме немале па други ја диктирале цената на нафтените деривати иако и ова е само една голема лага на власта на која пари и требат за разно разни глупости.Се шушка дека власта на свои блиски членови и гласноговорници ги дотира за електрична енергија и горива за автомобилите.Некаде ги носат фискалните сметки но тоа треба новинарите да го истражат.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...
(ИНТЕРВЈУ) Многу е тешко да се измери успехот
„Да не беше филмот ’Продолжи‘, во овие места немаше ни да дојдам, воодушевен сум од убавината и големиот број извонредни...
Салман Ружди: Иран и јас имавме многу интимен однос
Треба да се каже дека Арапската пролет е готова. Младите луѓе кои ги почнаа демонстрациите беа политички невини. Нависти...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |