Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
15.08.2012, 17:21

Платата според ефикасност казни четвртина лекари

Помалите плати создале невиден револт кај лекарите, поради што тие не исклучуваат своето незадоволство да го изразат со протест

Јасмина Јовановска



Една четвртина од лекарите во државното здравство се казнети, а речиси исто толку се наградени. Ова е првичниот резултат од новиот модел на плаќање на лекарите, кој во македонските болници и клиники почна да се применува од 1 јули годинава. Поточно, од 1.600 лекари колку што се влезени во системот на платата според ефикасност, 470 зеле за еден до 20 отсто помала плата, а за толку проценти повисока плата зеле 420 доктори.

Помалите плати создале невиден револт кај лекарите, поради што клиничките лекари не исклучуваат своето незадоволство да го изразат со протест на крајот на месецот. Велат дека од ваквиот систем најдебелиот крај ќе го извлечат пациентите.

„Пациентите не се бројки и во здравството нема ’еден и еден се два‘. А, системот плата според ефикасност ќе ги принудува лекарите да се тепаат за пациенти за да се соберат повеќе поени. Место едноставно лекување, на болните ќе им се прават непотребни посложени интервенции. Пример, и да може состојбата да се реши со таблети, пациентите ќе се лекуваат со операција која носи повеќе поени. Со тоа ќе се оптовари и Фондот за здравствено осигурување, кој нема да го издржи финансискиот товар. Крајниот цех ќе го платат болните, не ни бега инвалидизирано население“, вели д-р Снежана Георгиева од Клиниката за гинекологија, една од казнетите лекарки која зела 18 отсто помала плата.

Таа прашува кој рекол дека во државното здравство има неработници, па сега мора да се ловат со плата според сработеното. „Цело лето работам за цела Македонија и сега ќе земам плата помала од лекар во штипската болница кој ми препраќал пациенти“, револтирано вели д-р Георгиева, според која искусните лекари нема да дозволат да работат со помладите лекари за да не им ги земат поените за плата.

За да го амортизира незадоволството на лекарите, министерот за здравство, Никола Тодоров, сепак, се смилува и вчера реши да се сретне со синдикатите на лекарите и со Лекарската комора за да го чуе нивното мислење за овој проект на Министерството за здравство, иако тој е во практика веќе еден месец. Исходот од средбата е да се формира петчлена комисија преку која ќе се бара да се одложи платата според ефикасност на одредено време, додека не бидат надминати слабостите на системот.

За Самостојниот синдикат за здравство и формирањето ваква група е успех. „Нема да дозволиме некој од лекарите да зема помала плата од основната. Системот има повеќе слабости на кои му укажавме на министерот. Не може да се казни еден лекар за да се награди друг. Мора да има посебен начин за стимулирање. Не може со одлука на управните одбори да се регулира новата плата. Таа треба да е влезена во закон, или во Колективниот договор за вработување“, вели д-р Љубиша Каранфилски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство.

Дали Синдикатот побарал системот да се одложи, д-р Каранфилски рече дека ќе го направат тоа преку групата. А тоа што досега не успеале да го разубедат Тодоров за платата според ефикасност, за д-р Каранфилски не значи дека министерот немал слух, бидејќи проектот бил наследен и морал да почне во практика.

„Ако има оправдани грешки, ќе се испрват, секој може да згреши“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров, кој не отстапува од платата според сработеното.

Но, Клиничкиот синдикат цврсто стои на ставот дека платата според ефикасност треба да се стопира. „Концептот е неприменлив во практика“, сметаат од Клиничкиот синдикат и доколку не дојде до тоа, не е исклучена можноста да има штрајк на крајот од месецот.


Статијата е прочитана 1233 пати.

Испрати коментар



Граѓаните го кренаа гласот против поскапувањата
Македонија со најниски плати, но со скапа струја
Изумрени риби го покрија Тиквешко Езеро
Подобрен пристапот до информации од јавен карактер



yoko, 16.08.2012 01:08:56
Jak vi e pretsedatelot na sindikatot prav maneken. ,,neli,, so meko ,,l,,. Edno se so Zivko Mitrevski. Ako doktorite sega krenat strajk pa mozi sneg da zavrni srede leto. Ke napravat predupreduvacki strajk, za predupreduvackior strajk sto imaat namera da go napravat za toa celo vreme ke predupreduvaat. A dodeka da napravat strajk, Makedonec ke se kaci na Mars.
Goran, 16.08.2012 05:04:44
I vo Bugarija, plakanjeto na lekarite-specijalisti,e spored ucinok. Ne znam,zosto se bunat lakarite vo Makedonija.Ako si strucnjak vo svojata oblast,lugeto ke razberat za tebe i ke idat na pregledi.Ke imas dovolno poeni,za 100% palta ili nagrada. Jas mislam, deka se bunat onie lekari,koi sto znaat, deka ne se steknale so solidni znaenja, od medicinata,za vreme na nivnoto studiranje ili specijalizacija.Uplaseni se,deka nema da kaj niv da podjat pacienti za pregled.
do nikola todorov i grujo, 16.08.2012 06:39:25
poretardirana rabota od ovaa ne smislil grujo. NE E RABOTA NA LEKARITE DA BRKAAT PACIENTI. TOA E RABOTA NA MENADZERITE (ONIE MATEMATICKI NISALA POZADI TODOROV). NE E RABOTA NA SIVACKITE NA KOSULI DA ODAT VO GERMANIJA DA BARAAT RABOTA. TIE SIJAT. TAKA I JAS. STO CE MI DADE ONA MIZERNO DIREKTORCE DA OPERIRAM, - CE OPERIRAM. AKO NEMA PACINETI TOA TREBA DA MU SE NAMALI PLATATA NA MENADZERITE NA VEMERETO KOI ZA TOA ZEMAAT PLATA. toa sto pacientite begaat od drzavnite kliniki kako od cuma, vinovni se direktorcinjata -menadzerite posto gi pretvorija vo konjusnici. a i pacinetite se dilaat od grupi koi gi nosta kaj NAJDOBRITE DOKTORI i si gi delat parite so doktorite.
zic, 16.08.2012 07:59:32
plata po ucinok , he he he , ziva glupost, sega u hodnik ce gi pregleduva i ce pravi iljada pregledi, kako na shalter, na sekoj pacient ampicilin i teraj si rabota , mora da fati norma. ovoj minister napravi rshum so obrazovanieto , sega se obiduva so zdravstvoto , mene mi lici na nekoj cirkuzant koj se ismejuva na medicinata i pacientite , sekoj greshel, a lekarot ako zgreshi togash ete go na televizija i lae.
Kate_Strumica, 16.08.2012 13:19:01
Od edni zemat na drugi davat amalogika.Zemat od onie koi ne se so niv a davat na vmrovci.Pravat razdor vo drzavata.Ovoj Todorov obrazovanieto go napravi popara a sega zdravstvoto celosno ke go unisti.
dr snezana, 16.08.2012 13:24:12
platata e zagarantirana so zakon za rabotni odnosi i nikoj nema pravo da ja namali bez povreda na rabotnite obvrski . moze istaknati rabotnici da se nagradat ,no nikoj nema pravo da ja namali i taka malata plata na lekarite specijalisti i da gi savi vo kosot so plata na sredno medicinskiot personal . za zal mnogu e slab sendikatot na zdravstvenite rabotnici, a komorata lekarska samo sobira clanarina a pravata na lekarite ne gi interesira zatoa nasite mladi lekari begaat od makedonija vo koja ne e ces da si lekar tuku sram .
Stojan, 16.08.2012 15:02:29
Не ви е крив Грујо !!??? Не ви е крив Тодоров!!??? Криви сте вие што си ги гласавте !!!! Наздравје да ви е............
Митре, 16.08.2012 15:23:34
Шо се буните, шо сакате бе? Па, нели сакате во ЕУ?! Па реформите мора да се спроведат, па тоа е услов за влез во ЕУ.. Е, мои наивни македонци, да знаете уште што се не чека да изреформираме за да влеземе у таа пуста ЕУ, а што за последици ќе има мизерен живот за преку 90% од жителите на Македонија... ехееее.. само ако, така ни треба, кога сме наивни и инертни... сакајќи шута рогови, останала и без уши. Власта свесно го прави ова и секоја власт ќе го прави истото... само нијанси се во прашање, така е кога ќе го дадеш з... под кирија... ;)
pacient, 16.08.2012 16:44:47
Goran ili nemas pojma od zdravstvo ili imas partiska zadaca da branis vakvi nebulozi. Predlagam koga ke imas potreba (no ne ti posakuvam) da se lekuvas vo privatnite bolnici pa ti i tvojot novcanik da osetite sto znaci doktori da rabotat na procent od ostvarenoto. Debelata papka so debela faktura i uredni naodi (najcesto nepotrebni ispituvanja) ke ti ostane za spomen isto kolku i recenicite bidete sreken nisto ne vi najdovme

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...
(ИНТЕРВЈУ) Многу е тешко да се измери успехот
„Да не беше филмот ’Продолжи‘, во овие места немаше ни да дојдам, воодушевен сум од убавината и големиот број извонредни...
Салман Ружди: Иран и јас имавме многу интимен однос
Треба да се каже дека Арапската пролет е готова. Младите луѓе кои ги почнаа демонстрациите беа политички невини. Нависти...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |