Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.08.2012, 09:31

Дипломатска кавга меѓу Лондон и Кито за Асанж

Дипломатиите на Велика Британија и на Еквадор се во остра вербална расправија околу Џулијан Асанж, откако Владата во Кито ги обвини британските власти дека се „заканиле“ со суспендирање на дипломатскиот имунитет и екстериторијалност на нивната дипломатска мисија во Лондон.

Британскиот Форин Офис со писмо го известил еквадорското Министерство за надворешни работи дека Велика Британија „има легална основа“ за апсење на основачот на Викиликс во зградата на еквадорската амбасада во Лондон, каде тој престојува безмалку два месеци.

Во писмото се вели дека доколку еквадорските власти не се подготвени да го решат случајот со присуството на Асанж во нивните простории, Велика Британија ќе го искористи правото што го има со одредбите на Законот за работењето на дипломатските и конзуларни простории од 1987 година.

Владата на Еквадор одлучи да го публикува британското дипломатско писмо, што ја предизвика расправијата меѓу дипломатиите на двете земји.

- Длабоко сме шокирани од оваа закана на британската Влада, изјави во Кито министерот за надворешни работи на Еквадор Рикардо Патино. Тој ја обвини Владата во Лондон за „повреда на меѓународните правила“ за работа на дипломатските служби, порачувајќи дека „Еквадор не е британска колонија“.

Во јуни годинава Асанж, кој е австралиски државјанин, побегна од куќата што му беше судски определена за живеење, откако му беше дозволено да се брани од слобода и се сокри во зградата на еквадорската Амбасада во Лондон, каде веднаш побара азил.

Ваквата своја одлука тој ја објасни со несогласувањето да биде екстрадиран во Шведска, каде е осомничен за силување и за сексуално насилство. Асанж меѓутоа тврди дека случајот е „направен за да биде предаден на властите на САД“, кои според него се подготвуваат да го судат за „шпионажа“.

Властите во Кито синоќа најавија дека своето решение околу барањето за азил на Асанж ќе го соопштат денеска во 12 часот по Гринич. Дипломатски експерти во Лондон објаснуваат дека Форин Офисот и министерот Вилијам Хејг имаат овластување за суспензија на дипломатскиот имунитет на просториите на Амбасадата на Еквадор, за да може да се изврши апсење на бегалецот. Тие тврдат дека Владата на Велика Британија е цврсто решена да ги исполни своите меѓународни обврски и да го екстрадира Асанж во Шведска. Доколку и добие азил, основачот на Викиликс тешко ќе може да замине за Еквадор, а пред тоа да не биде уапсен, кога ќе излезе од еквадорската Амбасада, пред која синоќа имаше забележливо повеќе полицајци од обично.


Статијата е прочитана 346 пати.

Испрати коментар



Во честитката до АРМ, Груевски ја пофали за 2001 година
Понудата на бугарскиот „Раикомерц“ за ОХИС одбиена
„Израелски Асанж“ објави „тајни планови“ за напад врз Иран
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
ЕЛЕМ склучи договор за ветерниот парк во „Богданци“
„Пуси рајот“ прогласени за виновни за хулиганствo
Младенов за Џафери - И Бугарија загуби добар пријател
Македонците трети по барањето азил во Швајцарија
Ристовски - Македонските граѓани не можат да добијат азил во ЕУ
„Ер-тракторите“ се`уште гаснат во „Јасен“
Сарачини - Денеска ќе се знае дали е успешен тендерот за продажба на ОХИС
(ФОТО) Во МО одбележани 20 години од формирањето на АРМ
Претседателот на грчкиот парламент му одговори на Вељаноски
Жител од Лојане притворен поради криумчарење мигранти
Масакр пред рудник во Јужноафриканската Република
Трагедија во Ниш - Си ги убил сопругата и детето, па се самоубил
Пакети со храна за 100 социјално загрозени семејства од муслиманска вероисповед
Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили
Свечености по повод 20. роденден на АРМ
Рикер од недела во посета на Македонија
(ФОТО) Иванов - АРМ е гарант на нашиот интегритет и суверенитет
Шефот на норвешката полиција поднесе оставка
ИKEA ќе отвара ланец нискобуџетни хотели
Германската екстремна десница доби право да прикажува карикатури на Мухамед
Итна седница на Организацијата на американски држави за Асанж
Почина патријархот на Етиопската православна црква
Финска се подготвува за распад на еврозоната
ВМРО-ДПМНЕ - „Слупчане" не е чин на визионерство, туку на лицемерство
Лебот почна да поскапува од Велес
Арбен Џафери погребан во Тетово
Бугарска компанија достави понуда за ОХИС
Еквадор му даде азил на Асанж
Австралија објави истражување за македонската дијаспора
СДСМ - Политиките во владината коалиција некоординирани
„Катар ервејз“ воведува линија до Белград
Иран ги отфрли обвиненијата за вмешаност во нападот во Бургас
Ѓорѓиев - Денарот е и ќе продолжи да биде стабилен
Псалтиров - Не сум кодош, туку жртва на тогашниот систем
Зголемен бројот на превезени патници на аеродромите
Со Проектот за кредитирање на микро и мали претпријатија ќе се вработат 159 лица
Бразилските дождовни шуми се соочуваат со истребување на животинските видови
Франција ги дистанцира Ромите
Засилени контроли, забрани и санкции за спречување пожари
Војводина ќе прогласи елементарна непогода поради сушата
Лустриран поранешен општински советник во Куманово
Украина времено ги укина визите за македонските државјани
Банкротот е единственото решение за Грција
Арбен Џафери ќе биде погребан денеска во Тетово
Полјак уапсен за вчерашните убиства на имигранти во Атина
Пожарот кај „Јасен“ се шири кон Скопско
Cончево со мала локална облачност
Генерал Дуби - Ми беше чест да работам со Македонија
Членовите на Владата приватно биле во Слупчане
Почина Арбен Џафери
(ФОТО) Протести во Скопје - Аман, доста е од скапа струја, парно и бензин!
Британија прва ја напуштa ЕУ
Пендаровски - Случајот во Слупчане е без преседан
Египќанецот Морси ги предизвикува предвидувањата



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...
(ИНТЕРВЈУ) Многу е тешко да се измери успехот
„Да не беше филмот ’Продолжи‘, во овие места немаше ни да дојдам, воодушевен сум од убавината и големиот број извонредни...
Салман Ружди: Иран и јас имавме многу интимен однос
Треба да се каже дека Арапската пролет е готова. Младите луѓе кои ги почнаа демонстрациите беа политички невини. Нависти...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |