16.08.2012, 11:55 Војводина ќе прогласи елементарна непогода поради сушата
Покраинската Влада на Војводина усвои работен заклучок за подготовка на предлог за прогласување на овогодишната суша за елементарна непогода.
Во заклучокот до сите покраински секретаријати и соодветни институции се бара да ја преиспитаат можноста за соодветини олеснувања на земјоделците, со цел да ги намалат штетите од сушата и да се подготват за квалитетна есенска сеидба.
Војводинскиот секретар за земјоделство Горан Јешиќ вчера изјави дека вкупната штета од овогодишната суша во Војводина е проценета на една милијарда евра.
Тој најави дека како превентивна мерка за ублажување на последиците од сушата, околу 15.000 земјоделски домаќинства во Војводина во период од една година ќе бидат ослободени од плаќање на надомест за вода.
|