16.08.2012, 11:31 Украина времено ги укина визите за македонските државјани
Во Украина македонските граѓани ќе можат да патуваат на краткорочен престој без визи до 15 март следната година
Македонските граѓани можат да патуваат во Украина на краткорочен престој без визи до 15 март следната година.
Одлуката за укинување на визите ја донесе завчера украинскиот претседател, со желба за развој и практично остварување на принципите на добрососедско партнерство меѓу Украина и Република Македонија, интензивирање на билатералните контакти во сите области на заемни односи и потврдувајќи ја намерата да се продолжи соработката во сферата на либерализација на режимот за заемни патувања на граѓаните, соопшти денеска Амбасадата на Украина во Скопје.
Според одлуката, државјани на Република Македонија, кои ќе престојуваат во Украина до 90 дена во рок од 180 дена од денот на првото влегување, ќе влегуваат на нејзината територија само со важечка патна исправа без поседување визи, покани, односно други документи, предвидени со важечката билатерална Спогодба за заемни патувања на граѓани. Задолжителни се патничко осигурување и доказ дека граѓанин поседува доволно средства за престојот во Украина.
Одлуката нема да се применува за граѓани кои влегуваат во Украина со цел вработување или друго со планиран престој повеќе од 90 дена. |