16.08.2012, 10:15 Полјак уапсен за вчерашните убиства на имигранти во Атина
Еден 47-годишен Полјак е уапсен во Атина под обвинение дека го извршил вчерашното двојно убиство во атинската населба Сеполија, соопшти денеска грчката полиција.
Вчера во Атина беа пронајдени две тела на имигранти. Едното тело беше пронајдено во контејнер за смет во центарот на Атина, додека другото беше пронајдено во еден стан на приземје. Подоцна беше утврдено дека се работи за полски имигранти.
Полицијата соопшти дека телата имале по четири убодни рани од нож и оти кај осомничениот е пронајдена облека со дамки од крв, а имал и рани од борба со жртвите. |