16.08.2012, 12:59 Засилени контроли, забрани и санкции за спречување пожари
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска презентираше нов сет мерки на Владата за превенција од пожари
Засилени контроли на критичните точки за појава на пожари, како и забрани и санкции со цел да се намалат причините за нивна појава, најави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, презентирајќи го новит сет мерки на Владата за превенција од пожари.
- Значително и по обем на луѓе и по интензитет на присуство на терен ќе се засилат контролите на критичните точки. Шумската полиција ќе дејствува максимално ангажирано со зголемен капацитет. Во лоцирање на причинителите и критичните точки ќе се користи и авионско и хеликоптерско надлетување и следење, а ќе биде активно вклучен и редовниот полициски состав од МВР, информира Ѓорѓиев.
Според него, секој што ќе биде фатен во активности за причинување пожар ќе биде строго санкциониран.
Моментно во Македонија се активни три пожари, во Јасен, Радуша и во Чашка. Посериозно загрозување на главниот град и на останатите населени места моментно нема, истакна Ѓорѓиев.
Теренските анализи и искуства покажале дека основен фактор на загрозување при главните причини за настанување на пожарите е човекот. Главни причини за нивна појава е несовесното палење пасишта и стрништа, се подметнуваат и како активност за прикривање нелегална сеча на дрва, а во определени случаи со цел по нивното гасење да се појави саморастечката печурка „смрча“ која е ретка и на пазарот постигнува високи цени.
Според владината одлука, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Шумската полиција ќе ги зајакнат контролите во реонот околу Македонски Брод, Скопје и Тетово. Воведена е забрана за берење и откуп на печурките „смрча“ која првично ќе биде во сила до 5 септември.
Владата воведе и две нови санкциски мерки за намалување на опасноста од појава на пожари од палење стрништа и пасишта. Останува да важи и забраната за движење во шуми, со исклучок на случаите кога веќе е договорена посета на туристи. за тоа постои посебна методологија со пријава на движењето низ шумата и организрано движење во придружба на стручни лица од шумското претпријатие.
|
|
Статијата е прочитана 340 пати.
|
Испрати коментар
|
|
glupendra, 16.08.2012 13:57:56 | Se dodeka nekoj saka sumarstvoto da bide samo drzavno i na sopstvenicite da im zabranuva dvizenje vo svojot privatem posed - sumata ke gi imame nazalost ovie problemi. Kade e inspektoratot za sumarstvo i lovstvo da deluva preventivno i kade e sumskata policija zadolzena za cuvanje na sumite. |
| ЈОНЧЕ ОД БУЧИН, 16.08.2012 18:49:06 | Не може да се контролира секоја површина од страна на надлежните служби. Затоа, уште пред 14-15 години му дадов предлог на градоначалникот:Сите корисници на социјална помошт, (а такви ги има на целата територија на Македонија), во текот на годината да бидат ангажирани одреден број на денови. Тоа би било за потреби од чистење на снег, чистење на речни корита, чистење на направени депонија, помошт при поплави, пожари и сл., а најмногу ќе бидат корисни во летниот период со нивното присуство како стражари по шумските предели, нормално со направени распореди и во присуство на службени лица. Во тој случај, не верувам дека некој ќе се осмели да прави пожари, зашто нема да знае од која страна ќе го пресретнат. Ете на таков начин барем малку ќе вратат од она што го примаат во текот на годината. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 21°C
Ведро
|
Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
|
|
|
|
|
|