15.08.2012, 21:57 Генерал Дуби: Ми беше чест да работам со Македонија
Ми беше чест да работам со многу Македонци во текот на годините. Нивната посветеност на професионализмот е за восхитување, изјави американскиот генерал Мајкл Дуби на церемонијата по повод неговото унапредување во заменик командант на северната команда НОРТКОМ.
Дуби, кој досега беше командант на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт со која Армијата на Република Македонија има долгогодишна соработка, беше одликуван со орден на воени заслуги од страна на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, поради неговите заслуги за соработката меѓу АРМ и гардата на Вермонт.
- Би рекол дека релациите меѓу Армијата на Република Македонија и на Националната гарда на Вермонт и Армијата на САД се позитивни и стануваат посилни, особено со успешното распоредување во Авганистан. Со текот на времето АРМ станува посилна и тие се наш добар партнер, изјави генералот Дуби за Гласот на Америка на македонски јазик.
Армијата на Македонија и гардата на Вермонт соработуваат од 2005 година, а по повод 20 годишнината од формирањето на АРМ, претседателот Иванов со орден за воени заслуги покрај генералот Дуби, ја одликуваше и гардата на Вермонт.
Полковник Јорданчо Миладиновски, воен аташе на Македонија во Вашингтон, изјави дека генералот Дуби повеќе од шест години ја проовира воената, но и цивилната соработка меѓу Македонија и САД.
|