15.08.2012, 17:01 Што прават денеска
Антонио Димитриевски
- извршен менаџер
Како и секој друг ден, станувам во 7,30 ч. и ја носам ќерка ми во градинка. Работниот ден ми почнува со утринско кафе, проверка на мејловите и контакти со медиумите и сопственици на клубови. Продолжувам во Универзална сала каде што го спремаме првиот „Акустик сквер фестивал“. Во 15 ч. ја земам ќерка ми, а по ручекот одам да го посетам татко ми во домот „Сју Рајдер“.
Вера Јанковиќ
- диџејка и водителка
Денеска, се надевам, денот најдобро ќе ми оди! Мора! Се пакувам за Далмација, одам на Чиово, Трогир, Сплит... Јадран ме очекува... Дефинитивно најсилната енергетска зона, потребна енергија пред претстојниот „Макфест“ и диџејските активности кои следуваат во наредниот период.
Игор Митровиќ
- пејач
На работа сум од 8,30 до 16,30 ч, потоа мал одмор дома, па одам кај мојот стилист Митко Занов да се спремам за вечерашната фотосесија за една нова фирма, чие сум заштитно лице. Штом заврши фотосесијата одам да се олабавам на пијачка со една другарка што се враќа од одмор и ја немам видено три месеци. Пред спиење проверувам мејл, фејсбук и инстаграм.
|