Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
08.06.2012, 17:37

Борисов: „Не снимајте хитлеровски филмови за нас“

Според бугарскиот премиер Македонија не се заблагодарила искрено за добрината и поддршката што ни ја даваат. Со „Северна Македонија“ ќе имало претензии кон бугарската територија, вели Бојко Борисов

Од нашиот известувач
Слободанка Јовановска


Софија - Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера од форум за Балканот во Софија место да објасни зошто ја гледа Бугарија како дел од спорот за името на Македонија, повика да престанел манирот кај нас оваа соседна држава да се преставува како хитлеровска.

„Ние никогаш не се мешаме во други земји. Само кога правите хитлеровски филмови за нас. Бугарија никогаш немала свастика на знамето. Ние никогаш не се мешаме туку напротив, први ја признавме Макеоднија, работевме да ви паднат визите, ви помагаме и сега ни одговоривте - со хитлерски филм. За што се мешавме досега? За Цар Самоил ли се мешавме, за Кирил и Методиј? Или кога ги гоните нашите преставници од паметниците ли се мешаме? Ние сакаме да сме браќа, да се уважуваме и да се почитуваме, да правиме железници, патишта...“, реплицираше емотивно Борисов на новинарското прашање.

Изјавата дека името „Северна Македонија“ не било прифатливо за Бугарија Борисов ја дал, како што рече, само затоа што бил прашан за тоа од новинар и си го кажал мислењето.

Околу инсистирањето на Софија за заедничко славење на празниците со Македонија Борисов потсети дека двете земји за тоа потпишале декларација и сега треба да ја почитуваат. „Зошто место да си ја гледате европската интеграција, вие создавате вакви проблеми. Може да празнуваме секакви празници, соседи сме, но хитлеристи не сме. Ние ги спасивме бугарските Евреи за кои и царот Борис поднесе лична жртва. Од каде ја најдовте таа тема“, рече Борисов.

Според него, тоа било „благодарам“ за нивната добрина, добрососедство и поддршката што ни ја даваат. „Оставите со историјата да се занимаваат историчарите, а ние со финансиската дисциплина, инфраструктурата и други теми“, порача луто Борисов. На прашањето зошто не доаѓа во Македонија, иако посетата ја најави многу одамна, Борисов одговори дека ќе дојде кога ќе добие покана.

„Зар не ве канат, зар не сте добредојден во Македонија“, беше следното прашање на кое тој одговори дека постои одреден начин за канење, па наброја кој се висок функционер од Македонија бил во Бугарија, вклучувајќи го и премиерот Никола Груевски, кој бил добро примен.

Ден претходно Борисов во една телевизиска емисија изјави дека „Бугарија е стриктно против име со географска одредница како можно решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција“. Според него, име како „Северна Македонија“ или слично на него е целосно неприфатливо, бидејќи со таква одредница се опфаќале и бугарски територии, што ќе иницирало можност за територијални претензии.

Во изјавата за бугарската ТВ Плус Борисов нагласи дека со Бугарија биле дискутирани повеќе верзии за името на Македонија, вклучувајќи го и „Северна Македонија“. „Реков дека нема да го прифатиме, бидејќи утре може да речат дека Благоевград е македонски“, изјави Борисов, алудирајќи на најголемиот град во Пиринска Македонија.

Шефот на дипломатијата Николај Младенов на прашањето, од каде и' е на Софија идејата дека Македонија може да има територијални претензии кон Бугарија одговори дека единствен начин да бидат затворени сите прашања е да се погледне напред и да се разбереме дека реалната интеграција во ЕУ и НАТО отстранува секакви сомневања за претензии на една земја спрема друга.

„Ние живееме на Балканот, се познаваме многу добро и си ги знаеме навиките и карактерите, па тоа што го кажа денес премиерот сакам категорично да го потврдам, дека Бугарија секогаш ја поткрепува европската ориентација на Македонија. Дали како ќе се реализира зависи од самата Македонија“, одговори заобиколено Младенов, додавајќи дека таа интеграција зависи и од решениетот за спорот со Грција. Тој потсети дека Бугарија прва ја призна Македонија и во тој однос нема никаква промена. Запрашан зошто сепак се покажува ваква лутина кон Македонија и зошто како да владее студен мир межу двете земји и нема взаемни посети, Младенов одговори: „Мене лично и на сите во Бугарија не ни се допаѓа постојаното задевање на Бугарија зашто Македонија не видела ништо лошо од нашата земја“.

Запрашан дали има место за мешање на Софија околу тоа како треба да се вика Македонија, тој одговори дека Бугарија не се вклучува во тој дијалог бидејќи тој е меѓу Макеоднија и Грција. „Но во крајна линија, кога различни варијанти се ставаат на масата и се разгледуваат, ние секако имаме наше гледање за развојот на односите на Балканот“, рече Младенов. Колку подолго земјите се настрана од евроинтеграцијата толку посложени за решавање ќе бидат отворените прашања.

Кои се пак конкретните отворени прашања сега меѓу двете земји, беше следното прашање на кое Младенов одговори: „Има натрупани прашања кои со години наназад останаа без дејствување. На пример, Софија и Скопје немаат се' уште железничка врска, од бугарска страна е изграден а од македонска има доста што треба да се направи. Има определено забавување последните месеци на реализацијата на прекуграничните програми на ЕУ и постојаниот фокус во макеоднија кој што кажал во Бугарија не помага на општественото мислење тука во нашата земја“.


Статијата е прочитана 6987 пати.

Испрати коментар



Умре Бихаќка, се роди Павел Шатев
Ниту Иванов не оди на инагурацијата кај Николиќ
Груевски
Спортот во функција на толеранцијата
Новите уставни судии го почнаа мандатот
Разногласие во СДСМ за коалиција со Георгиевски?
Колку побрзо во НАТО, толку подобро за стабилноста



apostol, 08.06.2012 19:22:38
Ete koj ceka ke doceka, posle tolku vreme I makedonskite bugari koi se znacitelen del od makedonskoto naselenie, docekaa bugarskiot premier borisov da go iskaze svojot stav deka e za imeto makedonija bez geografski dodatoci I konecno nekoj od evropskite I nato drzavi otvoreno da se sprotistavi na grcite I da ne podrzi nas kako makedonci
TRPEV, 08.06.2012 19:41:44
KOJ SI IMA MUVATA NA KAPATA I SI VIKA IS .AKO NI SE TOLKU PRIJATELI STO NE ASIMILIRAAT NA PODMOLEN NACIN , NEKA NE PRIZNAAT I KAKO NAROD I KAKO DRZAVA .AKO SAKAT DA IM SE PRIKLUCINE VO EDNA DRZAVA JAS SE SLOZUVAM SAMO KAKO STO BEFNE VO SOSTAVOT NA SFRJ I SO NIF KAKO DVE REPUBLIKI VO SDNA DRZAVA I KE SE VIKAME BUGAROSLAVIJA .SUPER
Сашо Славчев-Варна ,България, 08.06.2012 19:46:57
НЕ е хубаво да се караме,една кръв сме.
jovan, 08.06.2012 20:00:24
Se slozuvam so Borisov deka ne treba bespotrebno da se prepucavame, od pricina sto dvata Balkanski naroda se bliski i po obicai i jazicno. Makedoncite, Bugarite i Srbite se prvi sosedi so mnogu slicen jazik i obicai i krajno vreme e da ne nasednuvaat na nekoj nadvoresni sili koj imaat interes ovie narodi postojano da se neprijatelsi nastroeni. Makedonija e spremna iskreno i otvoreno da sorabotuva so sekogo, a posebno so ovie dva soseda. No postoi edno golemo NO, za koe spomenative sosedi treba da pridonesat da go snema. Makedoncite so pravo se pretpazlivi vo odnosite so Bugarija. Sepak Makedoncite ne se glupav narod i znaat koja e celta na Bugarija. Borisov e*isfrustriran* od Makdeonija, bidejki ne mu uspea nemu i na negovite prijateli(Crvenata mafija) da ja*okupiraat* Makedonija finansiski.Potrosia premnogu pari, a nikakva naklonost ne dobija. Nema ni da dobijat, od pricina sto ja promasija cela rabota. Oni si znaat zosto i kako.
malce zacuden, 08.06.2012 20:27:46
„Мене лично и на сите во Бугарија не ни се допаѓа постојаното задевање на Бугарија зашто Македонија не видела ништо лошо од нашата земја“. :) Да, секако, ако изоставиме две три инцидентчиња како непризнавањето на нашиот јазик и нација, како испраќањето на македонските Евреи во конц логори во Втора Светска, како ВМРО Врховистичка (многу супер друштво на луѓе, баш фер биле они спрема македонскиот народ), како трчање газ преку глава во странство за да се докаже дека сме Бугари, ама како што велам, ситници се ова, треба просто да ги обожаваме за нивниот третман што ни го пружале последниве 150 години. Прави ни се „браќа“. Не викам дека не треба да се свртиме кон иднината, само они први нека го применат тоа.
Mitko, 08.06.2012 20:31:26
I dedo mi sto go odnele vo koncentracionen logor vo Svistov i za toa treba da im zablagodaram?!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Четврток
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Одлуката на Хашкиот суд е важна, но таа не го решава прашањето за името

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |