Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
12.06.2012, 17:32

Пратеник на „Златна зора“ ветува ќотек за името Македонија

Ќотекот ќе се случел во парламентот ако не им се допадне предлогот за име на Македонија

Атина - Кандидатот за пратеник на „Златна зора“, Илијас Панајотарос, предупреди дека ќе има ќотек во грчкиот парламент доколку владата бара да се дискутира за решение за името на Македонија што нема да им се допадне.

„Ќе им го покажеме како предупредување видеото од ТВ Антена (видеото во кое портпаролот на ’Златна зора’, Илијас Касидиарис, напаѓа две пратенички во емисија во живо по расправија за изборите), па ако не го разберат, тогаш ќе им го објасниме“, изјави членот на неонацистичката партија. Панајотарос, слично како и неговиот сопартиец Касидиарис, кој покрај нападот на пратеничките треба да одговара на суд и за напад на студент од 2007 година, веќе има полициско досие. Последна црна дамка во неговото досие е нападот на имигранти во Атина минатата недела, во кој покрај него беше приведена и ќерката на лидерот на партијата Никос Михалолиакос. Меѓутоа, и Панајотарос и Касидиарис засега се извлекоа од затвор. Касидиарис поднесе тужби и против пратеничките и против телевизијата, обвинувајќи ги дека ја инсценирале дебатата за да извлечат таква насилна реакција од него. Насилството и почитта кон останатите партии од страна на „Златна зора“ се сведени на минимум откако нивниот лидер на митинг во Солун вербално ги навреди сите грчки политички лидери, почнувајќи од претседателот и премиерот, па се' до лидерката на Комунистичката партија Алека Папарига, која поради нејзината височина ја нарече „џебен болшевик“.

Битката да се исчисти грчкиот парламент од неонацистичките пратеници продолжува интензивно во сите медиуми. Лидерот на ултранационалистите ЛАОС, Јоргос Караџаферис, кој на минатите избори не успеа да влезе во парламентот, се надева дека оние кои гласале за „Златна зора“ ќе сфатат дека тоа не е партијата која мислеле дека е - и нема повеќе да гласаат за неа. (М.П.)


Статијата е прочитана 3699 пати.

Испрати коментар



Судството тешко прифаќа критика од новинарите
Различна мисла во ВМРО-ДПМНЕ
Слободното новинарство е кислород за општеството
Интервју - Грчките проблеми се врвен приоритет
Кој го избриша Стив Наумов
Десет номинации од СДСМ за градоначалник на Штип
Армијата не знае што да прави со „сухоите“
МВР купи блиндиран „мерцедес“ од 600.000 евра



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 24°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |