Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
12.06.2012, 17:50

Слободното новинарство е кислород за општеството

Во Скопје уште една дискусија за „Медиумите и слободата на изразување“

Горан Адамовски


Да се утврди стриктна казна за клевета без оглед дали тоа ќе биде една, две или три просечни плати и со тоа да не му се остави можност на одреден судија близок до овој или оној да ја толку правдата на свој начин и да одредува паушални надоместоци за душевна болка на тужителот. Ова е предлогот на новинарот Александар Чомовски, со кој би требало да се воведе ред во новинарскиот живот во земјава изнесен на вчерашната дебата во Скопје на тема „Медиумите и слободата на изразување“, организирана од Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за демократија „Societas civilis“, на која беше промовирано и новото издание на списанието „Политичка мисла“.

Чомовски не мисли дека спас на слободата на изразувањето ќе биде декриминализација на клевета, бидејќи смета дека во пракса нема да се смени ништо. Сепак, според Чомовски, новинарството денеска нема никаква идеја и мотив за пресврт на денешната состојба.

„Слободата на изразување е кислород на едно демократско општество и тоа е систем што функционира, а не нешто што допрва треба да се воспостави“, смета претседателот на Управниот одбор на МПМ, д-р Срѓан Керим. Тој рече дека треба да се воспостават механизми на саморегулатива, одговорност, но и дека никој нема право да ги лустрира новинарите.

„Медиумските куќи треба да ги концентрираат силите околу истражувачкото новинарство. Некои велат било скапо. Да, ама ништо не е скапо кога треба јавноста да ги добие потребните информации“, уверува Керим.

Според Чомовски, новинарите биле стерилни исто како и политиката. „Ќе ви дадам еден пример: македонските комунистички новинари во транзицијата беа предвесник на македонската самостојност. Ние предложивме мирна дисолуција од поранешната држава. Но, и виновни сме што им дозволивме на политичарите мирно да спијат и да спроведат криминална приватизација. Денеска дозволуваме глупави изјави и перфидни пресметки. Не сме иницијативни, не презедовме ништо да ги спречиме спрегите меѓу газдите и политичките елити“, критичен е Чомовски.

Коментарите на Чомовски го испровоцираа претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, да му реплицира дека новинарите не се камикази и оти не треба да се чека од нив да стават експлозив на себе за да се пресметаат со оние што прават проблеми.

„Има криза на политиката, а не на новинарството. Ги навредувате колегите, Вие што гасите светла во една телевизија, а палите во друга. Новинарите не се тука за да градат и да растураат држави. Работата е што немаме политичари со визија, тие се во постојан расчекор со она што го зборуваат и она што го прават“, реагираше Селмани.

Според него, не може да се бара одговорност од новинарите кога нема слобода за изразување. Најпрво треба да се создадат услови, па да се бара одговорност. Се потсетува дека порано новинарите се тепале да прашаат на прес-конференција, а денеска се плашат. Се согласува дека денеска медиумите повеќе пропагираат отколку што информираат.

„Владее информативен терор“, убеден е Селмани.

Новинарите му забележуваат на судот две работи. Првата е што не стои во нивна заштита кога добиваат отказ на работа, а втората е што судиите не знаат да препознаат што е клевета и навреда, а што слободно изразување. При одредувањето на материјалниот надомест, судиите треба да ја имаат предвид материјалната состојба на новинарот и да не го загрозуваат постоењето на медиумот. Пред судовите ќе се бара правда, а на Владата во лице ќе и' се каже да престане да врши притисок, вели првиот човек на ЗНМ.

Првиот човек на МПМ, Срѓан Керим, нагласи дека медиумите мораат да ја одиграат клучната улога во јакнењето на институциите, држејќи ги под притисок, но притоа задржувајќи ја својата објективност и независност.

„Етиката е најбитна во секоја професија. За да бидеш кредибилен, треба да пишуваш аргументирано“, изјави првиот човек на МПМ.

Претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Трајчевски, се пофали дека овој состав стриктно ги почитувал законските прописи и вети создавање фер услови и рамноправна положба во електронските медиуми. Во нивната стратегија е предвидено решавање на конфликтот на интереси на сопствениците, средувањето на проблемот со медиумска концентрација и спроведување нови технологии.


Статијата е прочитана 461 пати.

Испрати коментар



Судството тешко прифаќа критика од новинарите
Различна мисла во ВМРО-ДПМНЕ
Интервју - Грчките проблеми се врвен приоритет
Пратеник на „Златна зора“ ветува ќотек за името Македонија
Кој го избриша Стив Наумов
Десет номинации од СДСМ за градоначалник на Штип
Армијата не знае што да прави со „сухоите“
МВР купи блиндиран „мерцедес“ од 600.000 евра



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 24°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |