Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
12.06.2012, 17:51

Различна мисла во ВМРО-ДПМНЕ

Додека Бичиклиски прави роуд-шоу ��о старите фабрики, градоначалникот на Кочани зборува за сегашниот пустош во Источна Македонија

Наум Котевски



„Во Кочани се живее мачно. Тоа е град со најголем број невработени во источниот регион, а можеби и во државата според бројноста на работоспособното население. Над 9.000 граѓани чекаат на бирото за вработување, што е речиси исто со бројот на вкупно вработените во нашата општина“.

Ова не се зборови на некој изреволтиран опозиционер. Ова е само мал дел од отворањето на душата на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, актуелен градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, во интервју за „Утрински весник“.

Некогашниот пратеник и' ја соопшти на јавноста својата своевидна „еретичка мисла“ во контекст на синхронизираната и константна кампања на неговата партија дека работите во државава се тргнати напред. И дека опозицијата нема морално право да ја обвинува власта за тоа што во Македонија постојано се гради, поради тоа што кога социјалдемократите биле на власт, не изградиле ништо и постојано ги уништувале изградените капацитети. Тоа, деновиве, самоуверено го констатира и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, на своето роуд-шоу по старите фабрики запуштени во времето на претходната власт.

„Знаете ли колку несреќи создадовте со затворањето на оваа фабрика. Знаете ли колку луѓе завршија на болничка постела“, изјави Бичиклиски пред „Годел – Кожарница“, за вчера со слична реторика да поентира и од пред фабриката „Треска“.

Димитровски прави мало отстапување од стратегијата на својата партија на постојано потсетување на минатото. Тој сака трезвено да зборува за сегашност и за иднината и тоа за време на прерано започнатата предизборна кампања за локалните избори наредната година.

„Во Кочани се живее од социјалната помош и по малку од оризот. Имаме 6.600 пензионери и 2.600 домаќинства кои живеат од социјална помош.

Тоа што сум јас градоначалник од владејачката партија нема, само по себе, да ни донесе инвеститори. Тие бараат сигурност на нивните инвестиции, бараат добра патна мрежа. Источна Македонија е најзапоставена во смисла на развојот“, ќе и' ги „украде“ зборовите на опозицијата Димитровски, разочарано констатирајќи дека Кочани е исклучен и од гасоводниот систем.

На еден од првите тројца графички инженери во државава не му паѓа на памет да бара нов градоначалнички мандат, во ситуација кога, како што вели, секој ден 90 отсто од луѓето што доаѓаат во неговата канцеларија бараат работа, која тој не може да им ја обезбеди.


Статијата е прочитана 1357 пати.

Испрати коментар



Судството тешко прифаќа критика од новинарите
Слободното новинарство е кислород за општеството
Интервју - Грчките проблеми се врвен приоритет
Пратеник на „Златна зора“ ветува ќотек за името Македонија
Кој го избриша Стив Наумов
Десет номинации од СДСМ за градоначалник на Штип
Армијата не знае што да прави со „сухоите“
МВР купи блиндиран „мерцедес“ од 600.000 евра



РНД, 13.06.2012 10:56:03
Феликсе, опозицијава што џафка - тоа и е работа, ама почнаа и твоиве да пуштаат по некој крик дека не е се така “портокалово“.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 24°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |