Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
12.06.2012, 17:26

Армијата не знае што да прави со „сухоите“

Авионите „Су-25“ се приземјени уште од 2004 година како неперспективни

„Сухоите“ се минато за Армијата, но Министерството за одбрана се' уште размислува како да се ослободи од нив. Ниту продажба, ниту пак повторно реактивирање на руските авиони „Су-25“ засега не е во игра, велат извори од Министерството за одбрана. Министерот Фатмир Бесими вчера изјави дека начинот како да се ослободат од нив ќе биде разгледуван во претстојниот период во рамките на реформскиот процес на одбраната.

Станува збор за четири авиони од типот „сухои“, кои веќе осум години не го надлетуваат воздушниот простор во земјава. Тие беа набавени од Украина за време на кризната 2001 година. Беа во употреба само неколку години, по што беа проценети како неперспективни и не можеа да бидат ставени во формацискиот состав. Иако имаше обиди за нивна продажба, Министерството за одбрана изминативе години не успеа да изнајде решение за авионите „Су-25“. Тие фаќаат прашина на воената писта на аеродромот Петровец и чекаат да биде изнајдено соодветно решение за нив.

„Се' уште нема конкретно решение што ќе се прави со нив, ниту пак дали ќе се набавуваат нови авиони за да се зајакне военото воздухопловство. Засега ситуацијата е статус кво“, велат во Министерството за одбрана.

Министерот Бесими во вчерашниот говор по повод денот на Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана рече дека нема да се отстапи од модернизација на военото воздухопловство.

„Расположливите хеликоптерски капацитети се делумно модернизирани и надградени, според програмата ’Александар‘. Наша заедничка намера е во периодот до 2015 да се воспостави соодветен систем за воздушно набљудување и јавување поврзан со соодветни капацитети на НАТО преку програмата АСДЕ. Со ова ќе се обезбеди слика за состојбата во националниот воздушен простор и ќе се овозможи постојан увид во состојбата на воздушниот простор над Македонија“, истакна министерот за одбрана.

Според него, во наредните две години ќе се доразвие студија за расположливоста на воздухопловните капацитети во однос на животниот век на употребата, со процена за замена во однос на типови и динамиката на воведување во оперативна употреба на нови типови. Намерата е да се доизградат способностите за извршување мисии дење, ноќе и во сложени метеоролошки услови на целата територија. (Д.Т.)



Статијата е прочитана 2245 пати.

Испрати коментар



Судството тешко прифаќа критика од новинарите
Различна мисла во ВМРО-ДПМНЕ
Слободното новинарство е кислород за општеството
Интервју - Грчките проблеми се врвен приоритет
Пратеник на „Златна зора“ ветува ќотек за името Македонија
Кој го избриша Стив Наумов
Десет номинации од СДСМ за градоначалник на Штип
МВР купи блиндиран „мерцедес“ од 600.000 евра



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 24°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |