Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
12.06.2012, 17:41

Интервју - Грчките проблеми се врвен приоритет

Николаус Граф Ламбсдорф, специјален претставник за ЈИЕ во германското МНР

Слободанка Јовановска


Господине Ламбсдорф, ја следите ситуацијата во Македонија подолг период. Според Вас, оди ли земјата во вистинска насока?

Јасно е дека Македонија сака да оди во вистинска насока и да стане членка на НАТО и на ЕУ. Јасно е, исто така, дека тоа не станува полесно. Ние во Унијата имаме свои проблеми и се справуваме со нив, но тоа не значи дека не посветуваме внимание и на проширувањето, што секако ја вклучува и Македонија. Знаеме дека прашањето со името е нерешено и дека е проблем и за НАТО и за ЕУ, но секогаш велевме дека многу или повеќето реформи што се неопходни за да влезете во Унијата може и треба да бидат остварени без оглед на прашањето со името. Во некои случаи Македонија направи прогрес, но и натаму остануваат да се направат многу работи.



По искуството со грчкиот гнев кон Германија, го разбирате ли сега повеќе проблемот на нашата земја со Грција?

Грција има навистина сериозни проблеми. Нам ни е жал за Грција и за грчкиот народ. Овие проблеми, како и да е, немаат ништо со спорот за името и со македонските проблеми. Овие грчки актуелни проблеми се толку сериозни и фундаментални што се врвен приоритет. Кога Грција повторно ќе добие избрана влада - како што се надеваме, стабилна и што гледа нанапред - прашањето со името ќе се врати и ќе мора да биде решено со помош на Атина и Скопје.



Ако не можевме да го решиме спорот со Јоргос Папандреу, кој се сметаше за пофлексибилен од другите грчки политичари, како ќе го решиме со националистите и екстремистите, за кои очекуваме дека ќе победат на овие избори? Можат ли националисти да решат национални прашања?

Пред се', за да се најде решение се потребни двајца, овој пат Скопје и Атина. Не е доволно да се надеваме дека ќе има добар соговорник на едната страна. Ако другата не соработува, тоа не помага многу. Не знаеме се' уште како ќе изгледа следната грчка влада и никој навистина не знае како ќе се однесува и какви приоритети ќе има. Јасно е дека ќе има тешка работа пред неа. Но, кога биде избрана владата во Атина, Скопје ќе треба да направи сериозни напори да го продолжи тоа што беше почнато со Папандреу.



Според Вас, што е најголемиот проблем сега на Македонија на кој треба да се одговори ургентно?

Би го посочил недостигот од економски развој, и тоа во целиот регион. Се' уште се справувате со премногу политички прашања, не само меѓу Србија и Косово, туку и со константни проблеми во Босна, политички пресметки во Тирана... За жал, тоа ви го одзема вниманието од оние проблеми што се исто толку сериозни и ги погодуваат граѓаните и економскиот и социјалниот развој. Не е ништо ново она што ЕУ ви го кажува вам и на другите земји. Ви треба владеењето на правото, функционални институции и демократски систем кој вклучува слобода на медиумите и на изразувањето, што на долг рок ќе привлече странски инвестиции, на одржлива и долгорочна основа. Само тогаш странските инвеститори ќе дојдат во регионот. Според мене, ова е главен проблем во целиот регион.



Мислите ли дека регионот со последните политички промени оди повторно назад? И дека можеби ЕУ има дел од вината за тоа што место европски, на власт се враќаат националистички структури?

Не гледам како и зошто ЕУ придонела за тоа?

Па, со тоа што не' држи премногу долго надвор од евроинтеграцијата...

Мислам дека треба да ви возвратам на „комплиментот“.

Реформите треба да се спроведат од избраните политичари во вашите земји. Ниту ЕУ ниту Европската комисија не се оние што ги прават реформите. Ние можеме да помогнеме, со оглед на искуството што го имаме и да кажеме како, но политичките одлуки треба да бидат направени од владите тука. Ако не го сторат тоа, тогаш нема прогрес на патот до Брисел. Не мислам, сепак, дека регионот оди назад, но треба да има повеќе прогрес. Јас сум убеден дека може, но само ако има политичка волја за тоа.



Ако ги рангирате балканските земји според прогресот, која е на врвот која на дното?

Всушност, ние не го правиме тоа од добра причина, иако паѓаме во искушение. Секоја земја треба да се проценува според нејзините постигнувања. Секако, имаме предвид, на пример, од која позиција дојде Албанија и како изгледаше една генерација претходно. Од тој аспект напредокот на Албанија е значителен. Тоа истото важи и за Македонија. Сите земји напра��ија огромен прогрес, некогаш одеа и назад, но има прогрес. Ние немаме ранг-листа кои повеќе кои помалку, но сите имаат исти права и можности од самитот во Солун и сите може да станат членки на ЕУ.



Македонија не беше ни спомената на Самитот во Чикаго, а и препораката за преговори тешко дека ќе биде имплементирана и годинава. Како е можно, дури и во ситуација како оваа, кога не се можни преговори со Грција, да нема „план Б“ за Македонија?

Всушност, нема „план Б“ за никого. Има само „план А“ за регионот, а тоа е ЕУ. Сите земји овде сакаат да станат членки на Унијата, а ние сакаме да се реформираат за да го постигнат тоа. Навистина, некогаш се прашувате дали можеби има алтернатива на Унијата, а и многу е тешко да се стане членка. Тешко е, но јас не гледам таква алтернатива. Како и да е, она што можат да го понудат Турција, Русија или други не е алтернатива и не може да се спореди со она што може да го даде ЕУ. Нема „план Б“, тој би бил само стагнација.



Зар не се плашите дека Македонија ќе крене раце од евроинтеграцијата?

Не, навистина не се плашам дека Македонија или некоја друга земја ќе се откажат. Прецизно, бидејќи нема алтернатива. Што ќе значи, всушност, тоа? Ако сакате да го реформирате вашиот политички систем, ако сакате странски инвестиции и економски раст, ќе ви треба помош, асистенција и поддршка, вклучувајќи ја и финансиската на ЕУ. Понекогаш работите се забавуваат, некои политичари се заинтересирани повеќе од други да ги направат реформите, некои се похрабри или поспособни - тоа се случува. Но, да се откажат едноставно - тоа не е можно.



Премиерот Бојко Борисов рече дека за Бугарија е неприфатливо името Северна Македонија. Според Вас, има ли место за Софија во преговорите за името, односно на некој начин и таа да биде консултирана?

Зависи, пред се', од двете стани - Скопје и Атина. Ако сакате да ја вклучите Бугарија и ако сметате дека е неопходно да прашате за нејзиното мислење, имате право да го сторите тоа. Можеби Бугарија има мислење за спорот со името, но навистина не сум слушнал каква би била бугарската позиција. Или, ништо конкретно за да се решава сега. Сигурен сум дека Бугарија има интерес да се реши спорот и интерес Македонија да направи прогрес на патот кон ЕУ и НАТО.


Статијата е прочитана 626 пати.

Испрати коментар



Судството тешко прифаќа критика од новинарите
Различна мисла во ВМРО-ДПМНЕ
Слободното новинарство е кислород за општеството
Пратеник на „Златна зора“ ветува ќотек за името Македонија
Кој го избриша Стив Наумов
Десет номинации од СДСМ за градоначалник на Штип
Армијата не знае што да прави со „сухоите“
МВР купи блиндиран „мерцедес“ од 600.000 евра



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 24°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |