Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
12.06.2012, 17:51

Судството тешко прифаќа критика од новинарите

Вангеловски: „Судииите не ги тресат од ракав износите за отштета“

Гордана Дувњак



Тезите за постоење селективна правда во судските процеси за клевета и навреда во кои се тужени новинарите, се лесно изречени обвинувања на сметка на судиите, смета првиот човек на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Вели дека станува збор за релативно лесни кривични дела, кои по правило се поднесени од приватни тужители и во принцип не би требало да траат долго.

„Искуството од судската пракса ми говори дека впечатокот за долготрајноста на постапките и за овој вид кривични дела, главно, е резултат на обидот на тужените преку недоаѓање на рочишта или со ескивирање на доставата, да застари предметот“, оценува Вангеловски. Сепак, тој не е убеден и колку скопскиот Кривичен суд е вистинската адреса за протестот на новинарите. Вангеловски потсетува дека судските постапки се повеќестепени - минимум двостепени и завршуваат со пресуда на апелациските судови, а во определени случаи и пред Врховниот суд. Ваквата законска рамка остава можност за евентуална корекција на судските грешки од повисок суд.

„Не го оспорувам правото на новинарите за протест, но не ја гледам целта која ќе се постигне со изразување незадоволство пред првостепен суд. Повеќе сум за тоа да продолжи дијалогот меѓу новинарите и судиите и со ангажирање стручни лица да се лоцираат проблемите и да се укаже на потребата на следење на праксата на Европскиот суд за човекови права, како и на европските судови“, подвлекува Вангеловски.

Според него, казнената политика во овој дел е речиси непромената во изминативе петнаесетина години, но проблемите на релација судство –медиуми се појавиле во последниве години околу висината на отштетните барања за нематеријална штета. Признава дека доделената отштета од 30.000 евра во случајот со „швајцарските сметки“ во кои како тужители се јавија експретседателот на државата Бранко Црвенковски и поранешниот премиер Хари Костов, биле некаква пресвртница во судската пракса. А,потоа следеле и други случаи, во кои новинари биле задолжени да платат високи износи за отштета. Сепак, тој додава дека тие битно не отстапуваат во поглед на отштетните барања предвидени со други кривични дела. Вели дека е погрешна перцепцијата дека судиите ги тресат од ракав износите за оштета и оти тоа зависи од позицијата на тужителот.

„Не смее да се заборави дека степенот на душевна болка, времетраењето, интензитетот... не го утврдува судијата, туку вешти лица. Судиите не се стручни да се впуштат во такви процени и користат вештачења направени од стручни лица“, нагласува претседателот на највисокиот суд во државата.

Во однос на барањата за декриминализација на клеветата и навредата што ја бара ЗНМ во преговорите на Владата, неговиот личен став е дека тоа е нерационално барање. „Не гледам причини зошто би се влегувало во една таква авантура за толку мал број предмети, а уште помалку зошто има потреба од донесување посебен закон. Не велам дека нема простор за „пеглања“, но доволно е судиите да се држат до препораките на Стразбур и да создаваат ефикасна домашна судска пракса“, подвлекува Вангеловски.


Статијата е прочитана 267 пати.

Испрати коментар



Различна мисла во ВМРО-ДПМНЕ
Слободното новинарство е кислород за општеството
Интервју - Грчките проблеми се врвен приоритет
Пратеник на „Златна зора“ ветува ќотек за името Македонија
Кој го избриша Стив Наумов
Десет номинации од СДСМ за градоначалник на Штип
Армијата не знае што да прави со „сухоите“
МВР купи блиндиран „мерцедес“ од 600.000 евра



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 24°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |