Хороскоп
Овен
Доколку дојде до некои тешкотии на емотивно поле, обидете се да не ги гледате објективно. До нивно расчистување ќе може да се дојде подоцна, но сепак, размислете за последиците. Не идеализирајте го саканото лице, бидејќи не е потребно тоа.
Бик
Односите со партнерот ви се стабилни. Се тече во нормелен тек, но една ситница од негова страна може да расипе се. Со Овновите можни се некои проблеми, па затоа обидете се да ги држите на поголема дистанца.
Близнаци
Решавате многу проблеми, иако немате доволно доверба во себе. Во исто време работите повеќе работи, па тоа дополнително ве исцрпува. Ви се советува истрајност, особено во односот со саканото лице.
Рак
Држете се на дистанца. Доколку некои ситни лаги ви помагаат да ги сочувате своите нерви од стрес, искористете ги. Бидете умерени, ценете се самите за да ве ценат и другите. Со Рибите ќе размените некои идеи.
Лав
Моментално јасно знаете што сакате. Добро се чувствувате, наоѓате излез од секоја ситуација. Доколку егото го држите постојано под контрола - се ќе биде во најдобар можен ред. Во спротивно, можни се психички проблеми.
Девица
Она што ќе го започне Близнакот, ќе го завршите вие. Не влегувајте со нив во каква било расправија, бидејќи сте дијаметрално спротивни. Само со насмевка проследете ги неговите алузии.
Вага
Брачно-партнерските односи можат да бидат во криза. Околностите ви нудат едно, а желбите се друго. Сите проблеми ќе ги решите, иако не за брзо време. Водете сметка што ќе зборувате.
Скорпија
Само стресови и незадоволство. Се обидувате да ги прекинете, но тоа во последно време тешко ви поаѓа од рака. Разговарајте со партнерот и со пријателите и ќе видите каде грешите. Себични сте и субјективни.
Стрелец
Доколку имате здравствени проблеми, обидете се да не размислувате околу нив. Ако сте љубовно ориентирани, само уживајте. Не оптоварувајте се со глупости. Совет за сите Стрелци, само повеќе љубов.
Јарец
Наидувате на некои бурни реакции од околината. Луѓето не се толку добронамерни и чесни како што мислите. Присетете се на некое претходно искуство, па тогаш сигурно ќе се опаметите. На грешките се учи.
Водолија
Размислувате за љубов, секс, среќни сте и задоволни. Доколку не се сконцетрирате на работите што треба да ги завршите, можни се непријатни доживувања. Ви се советува претпазливост во сообраќајот и во ракувањето со електрични апарати.
Риби
Фантазијата може да направи буквално се. Од вас се бара конкретна акција. Доколку не можете да ја исполните, препуштете му ја обврската на својот партнер. Осамените Риби ќе пронајдат партнер кој ќе ја исполни нивната празнина.
|