Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
12.06.2012, 17:23

МВР купи блиндиран „мерцедес“ од 600.000 евра

Ова ќе биде трето блиндирано возило во возниот парк на полицијата. Возилото, тврдат од полицијата, нема да и' биде лично доверено на министерката, или на некој друг. Ќе го возат по потреба

Безмалку 600.000 евра вреден „мерцедес С-класа 600“ со највисок степен на заштита пазарило Министерството за внатрешни работи минатата недела. Станува збор за најавената набавка на блиндиран автомобил, кој ќе биде на услуга за потребите на полицијата. МВР ја купило колата од скопскиот дистрибутер „Мак ауто стар“, кој, според објавената зделка, единствен доставил понуда на јавниот повик објавен од Министерството.

Од таму вчера ни рекоа дека блиндираниот автомобил ќе се чува за посебни потреби. Односно, нема да бил наменет исклучиво за министерката или, пак, за другите високи функционери во полицијата.

„Така е впрочем со сите возила со кои располагаме. Ниедно не е лично доверено на некој од функционерите. На пример, џипот кој често го користи министерката се користел при разни настани, за гости и слично, кога имало потреба од висок степен на заштита. Така ќе биде и со новото возило“, ни изјави вчера Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавност во МВР.

Ова ќе биде трето блиндирано возило што е дел од возниот парк на полицијата. Таа досега располагаше со две блиндирани возила, кои се амортизирани во голема мера. Последен пат вакво возило била набавено пред 12 години.

Колку за споредба, возило со речиси исти перформанси набави и хрватската Влада во времето на Иво Санадер. Нив возилото ги чинеше поевтино отколку МВР, но, под притисок на јавноста, хрватските власти се откажаа од набавката. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 6217 пати.

Испрати коментар



Судството тешко прифаќа критика од новинарите
Различна мисла во ВМРО-ДПМНЕ
Слободното новинарство е кислород за општеството
Интервју - Грчките проблеми се врвен приоритет
Пратеник на „Златна зора“ ветува ќотек за името Македонија
Кој го избриша Стив Наумов
Десет номинации од СДСМ за градоначалник на Штип
Армијата не знае што да прави со „сухоите“



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...
(ИНТЕРВЈУ) Многу е тешко да се измери успехот
„Да не беше филмот ’Продолжи‘, во овие места немаше ни да дојдам, воодушевен сум од убавината и големиот број извонредни...
Салман Ружди: Иран и јас имавме многу интимен однос
Треба да се каже дека Арапската пролет е готова. Младите луѓе кои ги почнаа демонстрациите беа политички невини. Нависти...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |