07.06.2012, 18:36 Едиторијал
Старо за ново
Деспина Трајковска
Во Скопје преку ��оќ почна да се брише уште еден белег од историјата. За само неколку часа вагоните и пероните на Старата железничка станица тргнаа кон минатото. И додека речиси на секој чекор се обновуваат објекти во духот на старо Скопје, се урна целината на едно од најпрепознатливите зданија во главниот град. Остатоците од некогашниот железнички центар останаа без вагоните и пероните. Иако не автентични, сепак, по толку децении тие беа претопени со Скопје. Отидоа курбан за трговски центар. Бадијала што комерцијалниот објект, наводно, ќе имал фасада која ќе се претопи со амбиентот, кога Старата железничка станица ќе се претопи со новата зграда - трговски центар. Шмекот сигурно нема да биде ист, оти таа ќе биде и дел од предвидениот влез на трговско-деловниот комплекс што ќе се гради во непосредна близина.
Од стара и препознатлива, дури и во светски рамки, преживеаната Старата железничка станица ќе отвори нова ера. Се чини, втор пат ја живееме пораката на Тито кога во постземјотресниот период рече дека „Скопје повторно ќе се изгради и ќе биде гордост и симбол на светската солидарност“. Така и е, делумно. И премиерот еднаш рече дека во Скопје сега се гради како некогаш по катастрофата што не' снајде далечната ’63.
И Тито и Груевски не само што рекоа, туку и го живее(в)ме тоа време. Токму и тие запечатени зборови неколку децении не' потсетуваа на преживеаното. Но, до неодамна. Буквите на пораката истакнати на еден од ѕидовите на Музејот од забот на времето ги збришаа сеќавањата. Така барем тврдеа надлежните. Наводно, материјалот од буквите, па и лепилото сами од себе се уништиле. Но, во налетот на градежната експанзија тие не се на дневен ред за обнова. Паднаа од ѕидот, враќање назад нема. Апсурдно, кога речиси сите нови зданија се дел од агендата за старо-ново Скопје.
Денес пероните, вагоните, пораката на Тито како симболи на Старата железничка станица, утре којзнае кој, зошто и каде ќе чепне во историјата.
Уште еден пример за човек да се запраша што и како се гради. Дали е стручно издржано, архитектонски потковано, естетски вклопено, финансиски оправдано...
Да градиш каде ќе стигнеш, без поширока стручна расправа, иако се задира во срцето на градот, е целосно неоправдано за дел од јавноста. Да менуваш лик на едно градско препознатливо јадро е неразбирливо исто како и присилно да застаруваш фасада на комерцијален објект. Финансиски оправдано и исплатливо во случајов, ама за идниот инвеститор на објектот кој речиси за багателна цена го купи парчето земја.
Како и да било, реалноста е таа. И со неа ќе се соживееме. И овој пат, по се' изгледа, никој надлежен не се грижи премногу. Оние храбрите и погласните попусто ќе зборуваат. Исто како и за палмите, за фонтаните во Вардар, за најавеното тркало на мост, галиите во Вардар... Секое чудо за три дена.
Но, се уверивме дека реалноста може и да се смени. Како и кој? Досега успеа само Прометеј. Разголените му гениталии предизвикаа бура во јавноста. Наводните женски невладини организации испаднаа мажи во целава ситуација. Ако митолошкиот лик преку ноќ се исправи гол среде Жена-парк, но за ден-два го облекоа, се докажа дека, сепак, и невозможното е возможно. Можеби вреди да се почека да поминат проекциите на филмот „Прометеј“ во 3Д-издание. Што ли ќе видат некои во тридимензионалното? Можеби ќе се пренесе и на терен. Како се движат нештата, ретко кој може да фати крај со крај и да пресече од каде извираат идеите за старо-ново Скопје. Кој и до кога во каков филм живее? |
|
Статијата е прочитана 1392 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Вандализам, 08.06.2012 01:07:46 | Однесувањето на актуелната власт кон Старата железничка станица е вандализам без преседан! Срамота, срамота, срамота! |
| Зоки, 08.06.2012 07:23:08 | Кога некој ќе дојде од село, облекува партиски кондури, станува сељак и си лечи комплекси, сега ќе видат скопјаништава што јас можам. Жалосно, нека му го сменат и името на Скопје, така комплетно ќе го збришат. |
| Istocna Makedonija, 08.06.2012 07:55:22 | Nesto sto posledno trebalo da se rasturi vo Skop-
je e ambientalniot smek na epohalnata stara Ze-
leznicka stanica.Od tamu,kako studenti odevme
vo univerzitetskite centri vo Zagreb,Ljubljana,
Belgrad,Pariz,London...Da,vo onaa drzava,vo
koja(ne e nostalgija)pristojno se ziveese,a tragicno ne uspevame nasava,mala Makedonija
da ja napravime takva.I,nemojte da sporeduvate
istoriski licnosti,so site imanentni doblesti i slabosti
(Tito)so nekoi...Isto kako dilemata,koj e podobar
fudbaler-Mesi,ili nekoj si Janko Jankov?! |
| x, 08.06.2012 08:44:03 | Da ne se sekirame ke napravat na nova lokacija postar peron arhitektot e od Trebinje . |
| od SELJAK, 08.06.2012 09:38:05 | Do ZOKI: sem drugo, i jas sum seljak, golem Skopjanu. Vo Makedonija eden od najpogrdnite zborovi, ako nekoj saka mnogu da te navredi, e, da te nareče SELJAK! Mizerija, niskost, potcenuvanje! Vo uslovi, vo koi existira selo i negovi žiteli vo MK vo 21. vek!!! - teško se živee. A sepak živeat. SELJACI. GLUPACI. NIKAKVECI..! A od kade dojdoa vašite dedovci, dragi SKOPJANI??? Od koe selo? Državata go napravi seloto za nikade, go zanemari, go poniži! A bez selo nema grad, pametnjakoviču, gradsko čoveče ZOKI! Cela MK se nabi vo eden grad i site mislat, deka živeat vo CENTAR NA SVEMIR!! I am sorry, treba malku da prošetate, SKOPJANI! Svetot e golem i mnogu pozanimliv nego toa vaše SKOPJE! Do temata: starata železnička - gajle nema, ke napravime replika, i sé e rešeno. |
| od Fr., 08.06.2012 11:42:52 | Ne maozam da poveruvam deka nekoj od Opstina Centar ili od Vladata iml tolku losha dushaili,voopshto ja nemal, da ja unisti nasata STARA( za starite skopjani NOVA) stanica, ukrasot na Skopje, najubava zeleznicka stanica na Balkanot, na koja sekoj patnik i se voshituvashe!Se skjavam na denovite po zemjotresot,dopisnicite od celiot svet pisuva za nejzinata ubavina, za Izlez za PATNICITE sto za nim imash znacenje na onie sto tamo nastradaa i postanaa* PATATNICI*.. Kako e mozno,edna direktorka na muzej Kondijanova ,da ne e zapoznata so onoa, sto go opkrazuva muzejot , iako ne e stara skopjanka i daleku pomalku ne ja cvstvuva bolkata na skopjanite, ,da zaboiravi deka ima dolznost i odgovornost kon nim i sé sto se blizi do muzejot.Ni vetjai da gi vratat *BUKVITENA* na ona suvena fraza od TiTO po zemjotresot, kade se,umrea li i tie zaedno odgovrnosta na nadleznite,dushata na Skopje i sjopjanite? Vlado,ne dozvoluvaj de ve kolneme i da ostanete najcrnoto petnona makedoskata istorijata!
|
| Vstina i samo vstina!, 08.06.2012 13:25:36 | Fala Despina za kolumnata, posebno za informacijata za porakata na starata zeleznichka stanica, bidejki odamna ne sum bil vo Skopje, a i se pomalku zelba imam. Inache, bukvite gi odstranija pred nekolku godini so izgovor da se dotraeni i demek, ke gi obnovat i povtorno ke gi vratat. Popat im ,,snema pari,,. Za pametta, vo druga prilika. Inache, za sekoj chesen i realen makedonec, so minimum pochit kon doblestite i istorijata, namesto Aceta, tamu treba da e tokmu Tito, so pogled kon starata ZS i negovata poraka za Skopje. I idiotite, pardon, patriotite da ednash konechno svatat, da ne zborime za Tito zatoa shto e Tito ili shto bil komunist, nego zarad toa shto go storil za nas - ni dal drzava i identitet! Makedoncite se borele pod razni vojskovodci, no na nitu eden ni na kraj pamet nemu padnalo takvo neshto. Na kraj od kraishtata, shto pa Ace i Filip storile za deneshna nasha Makedonija? Patrioti, odgovorite! |
| Провинцијалец, 08.06.2012 18:10:44 | До СЕЉАК: господине СЕЉАК, јас не сум од Скопје, но не сум ни од село. СЕЛАНЕЦ е човек кој потекнува од село како што сте и вие, а СЕЉАК е карактерна особина која е својствена на некои луѓе, а рака на срце, кај нас ги има премногу, па макар тие и да потекнуваат од Скопје, Штип, Куманово, Велес, Битола или било кој друг град. Затоа ве молам немој да се навредувате бидејќи сум сигурен дека Зоки мислел на СЕЉАЦИТЕ, а не на СЕЛАНИТЕ. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Ведро
|
Среда
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
Одлуката на Хашкиот суд е важна, но таа не го решава прашањето за името |
|
|