29.05.2012, 18:32 Георгиевски подготвен да коалицира со СДСМ
На повидок љубов меѓу коалицијата „Пелистер“ и СДСМ: Создадени се сите услови за соработка, порачаа од ЛДП
Горан Адамовски
Создадени се сите предуслови за предизборна соработка меѓу СДСМ и коалицијата „Пелистер“. Претседателот на најголемата опозициска партија, Бранко Црвенковски, во последното интервју изрази подготвеност да седне и да се договори и со оние со кои имал различни идеолошки погледи само за да се собори, како што го нарекува, режимот на Никола Груевски. Притоа, според Црвенковски, СДСМ дури и не мора да го даде идниот премиер. Во ВМРО-Народна и во ЛДП се согласуваат дека имаат заеднички политички непријател, не криејќи ја се' поизвесната соработка.
„Коалицијата со СДСМ не е повеќе табу-тема за нашата партија. Се согласувам дека суетите и минатото треба да ги заборавиме и да работиме за доброто и просперитетот на македонскиот народ и држава“, ни изјави вчера Слободан Близнаковски од ВМРО-НП, давајќи до знаење дека некогаш незамисливата коалиција меѓу Љупчо Георгиевски и Бранко Црвенковски станува извесна. Близнаковски тврди дека разговори со СДСМ се' уште не биле почнати. Најпрво ќе се одело на зближување со останатите партнери од коалицијата „Пелистер’“ (ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство), а потоа ќе се разговарало со двете најголеми партии во земјава.
„Како десноориентирана партија, сакаме да му дадеме шанса и на ВМРО-ДПМНЕ, но од она што секојдневно го гледаме на улиците низ нашата земја, како и по Самитот во Чикаго, акцент ќе ставиме на опозициските партии. Македонија станува црна дупка и тоа мора да се спречи“, вели Близнаковски.
Иако Црвенковски, во емисијата „Х/О“ на Канал 5 остави простор воопшто да не дојде до соработка с�� коалицијата „Пелистер“, сепак, се' погласни се гласиштата дека таа ќе биде прогласена за официјална на големиот митинг на СДСМ во Скопје на 2 септември.
„Ги споделуваме точките за кои сме загрижени: застојот во европските и евроатлантските интеграции, демократијата, нарушената безбедност и соживотот, и најважно, катастрофалниот стандард и економската моќ на граѓаните. Тоа создава услови за една заедничка соработка“, ни изјави лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски.
Во ЛДП, Народна, Обединети за Македонија и Достоинство вчера се подготвуваа за пат во Охрид каде што ја најавија својата прва трибина со која, како што велат, почнува процесот на делегитимирање на власта. СДСМ, пак, викендов од Струмица ги почнува своите протести и митинзи.
„Сметам дека е добро што двете опозициски групации водат паралелни активности и тоа е нешто што ќе ја разбуди и анимира опозициската атмосфера во Македонија. Сериозна е намерата, време е да се дејствува веднаш“, вели првиот човек на либералдемократите, Жерновски.
Од Народна велат дека им даваат поддршка на социјалдемократите, но нема да излезат на улица, барем не на првиот митинг во Струмица. Како ќе изгледа соработката меѓу двете опозициските коалиции, останува да се види. Црвенковски вели дека најважно е да се тргне Груевски од власт, а потоа, откако земјата ќе се демократизирала, лесно ќе се организирале избори и ќе се видело кому народот ќе му ја довери иднината. |
|
Статијата е прочитана 6554 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Gjorgji, 29.05.2012 22:30:41 | Navistina praviloto deka, zlostornicite se vrakjaat na mestoto na zlostorot bilo vistinito.
Ova e vekje smeshno. |
| pile, 29.05.2012 23:04:10 | Ima izvonredni clenovi na VMRO DPMNE koi ne se slozjuvaat so aktuelnata politika na raznebituvanje na Drzjavata po ovaa aktuelno rakovodstvo.Treba da im se dade sansa na istite.Kako i DUI dobro da razmisli kako ke se odnesuva posle vakvoto obedinuvanje, posebno ako se znae veke deka budjetot za predvideni trosoci za NATO so denesniot rebalans se namaluvaat ni pomalku ni poveke tuku za 70% sto e dovolen znak koja e namerata na Vlasta, i bez obrakanje vo Sobranieto.Ekspertska Vlada so mandat od dve godini socineta i od opoziciskiot front i od gragjanskiot sektor i partiski neopredelenite,na R.Grcija ke i ponudi zaminuvanje na Gruevski i familikjata od Vlast,garancija za nepodnesuvanje tuzjba za nadomest na steta vrz osnova na Haskata presuda, za soglasnost za ime ,,Republika Makedonija``, so sto ke se postavat novite temeli na ponatamosni dobrososedski odnosi megju dvete prijatelski zemji i deblokada na evroatlanskite integracii na R.Makedonija.Gruevski ima mozjnost da izbere.SEGA |
| mene, 29.05.2012 23:26:04 | ako otide ljubco so branko togas ke gi izgubi site vmrovski glasovi i samo ke mu ja zajakne pozicijata na grujo. |
| Ljupcho G., 30.05.2012 00:39:46 | За Република Македонија многу поважен документ од пресудата е Советодавното мислење на Мегународниот суд во Хаг од 1948, во кое се вели дека не смеат да се поставуваат ниту да се гласа за дополнителните услови надвор од дефонораните ОПШТИ од член 4 од Повелбата. Во Рез. 817 се дава изјава дека кандидат испони условите за прием и ОПШТИТЕ услови се исполнети. Со тоа дополнителни услови за реферирање и преговарање се надвор од Повелбата и нелегални. Врз база на тоа, РМ треба да иницира воспотавување уставното име во Генералното собрание на ООН! |
| makedonoid, 30.05.2012 00:48:09 | opasni se ovie od sdsm, samo za da se dograbat od vlasta spremni se direktno od bivsi jugosloveni da preminat vo bugarofili, navistina nesto novo i invetivno na politickata scena vo r.makedonija da se pojavi komunisticko-vrhovisticka vlast no koj znae se e mozno |
| Vojvoda, 30.05.2012 02:23:46 | Mi se chini deka Ljubcho sozreva kako politichar, a takvite vo DPMNE i nivnoto glasachko telo ne pominvaat. Mislam deka vo kampanjata za poslednite parlamentarni izbori imashe najdobar nastap. Na zalost, pomina kako shto pomina. Verovatno sega vide shto raboti negovata bivsha mashinerija, pa se odluchi za sorabotka so najlutiot ideoloshki protivnik. Shto bi rekol narodot, od dve zla, biraj pomaloto. Se nadevam deka SDSM i Branko izvlekoja pouka i nema da bidat nikakvo zlo. Pozdrav, vojvodo! |
| prist, 30.05.2012 05:48:40 | pred izvesno vreme razgovarav so familija VMRO-vci koj shto potishteni od ovaa siromashtija, a inaku privatni biznismeni, donatori na vmro, se zakolnaa deka ke glasaat za SDSM. chitajki go tekstov nishto poveke ne me chudi i iznenaduva. mislam ke imame interesni sledni izbori. |
| sando novoselec gogovski, 30.05.2012 06:28:24 | Dvolični luge so dvojni državlanstva kako Bugarinot Ljupčo da na se mešat vo makedonskata politika FALA |
| ФЕЛИКС, 30.05.2012 07:29:20 | Одлична идејно различита комбинација во која едниот се сложува да нема Македонци туку граѓани на Македонија и она мистериозното јазично македк-macedc од една страна,од друга страна заговорник да ние сме северњаци но без објаснување дали за меѓусебна употреба помеѓу соседот и ние или erga omnes.Добро е што вака се групираат изборни губитници на едно место,со можност за проширување.Едино пречи можеби збиеноста на губитниците на м2,но верувам ќе издржат до пролет каде што ги чека ист изборен резултат од локален аспект. |
| Istocna Makedonija, 30.05.2012 07:44:21 | I normalno e da se burno reagira na vakva koalici
ja,koja i najmnogu gi plasi aktuelnive!Sega i nor-
malno reagiraat i gledaat vo tugite dvorovi,a treba da se bide realen i najprvo da se vidi so
kogo tie koaliciraat(DUI,Socijalisticka...).No,ke
bide mnogu,mnogu interesno.Vo stravot se go-
lemi ocite,nikoj ne e vecn,se e menlivo,pagaa i
dinanastii,abdiciraa kralevi,se rusea diktaturi,a
vo edna mala i siromasna zemja,saka na novokom
ponirani ,,komitisakaat vecno da vladeat,a nemaat nitu 30% poddrka od naselenieto! |
| toni, 30.05.2012 09:04:31 | site zaedno protiv rezimot na grujo i familijata...dole diktatura...sloboda i demokratija za narodot! |
| Do Android-makedonoid, 30.05.2012 09:53:25 | Zosto se plasite od ova koalicija?Zosto se plasite od bilokakvo dvizene sto bi ve isteralo od vlast?!
Ako padnete od vlast, nisto strasno nema da se sluci.Nekoi ke ginat niz zatvor, nekoi ke begaat vo Avstralija, a nekoi si od Stip ili Bitola ke prodolzat da pasat kravi. |
| Od BT, 30.05.2012 10:05:56 | Samo ako mozi da se smeni imeto na kkoalicijata od Pelister vo so sakate.... |
| konstrnirani, 30.05.2012 11:15:15 | Ljubov? Za kakva ljubov zboruvate? Ochigledno pojma nemate deka vo politikata nema ljubov tuku samo interes koj e vo soodnos so situacijata |
| Прв гласач на дпмне, 30.05.2012 11:20:19 | Нека коалицира Љубчо со кого сака. Ние само Ѕинго да си го задржиме!Спасот е во Ѕинго и Сириза!(И „Златна Зора“ на Шехтански и Тодор Петров!). |
| demokrat, 30.05.2012 11:35:36 | FELIKS, da pukas kon opozicijata sekogas si spremen a na statijata za stanovite na Stavrevski nikade te nema. Ne za drugo, ni treba tolkuvac da objasni kako Stavre kupil stan vo Washington i spored koi kriteriumi negoviot stan vo Ohrid cini 5000 evra, a onoj vo Skopje 19500 evra!? |
| Romney_Texas, 30.05.2012 12:04:43 | Do patriotite: Ima li Latas dvojno drzavanstvo? |
| od ostrijot, 30.05.2012 13:01:26 | so ljubco vo koalicija nee bas sjajen izbor no zadobroto na makedonija i makedonskijot narod
ponekogas mora dase rizikuva. |
| Petre, 30.05.2012 14:04:18 | Georgievski ne uspe vo Bulgaria za gradonacalnik,kako ke uspee za da vodi drzhavata?
Georgievski zaedno so Crvenkovski ke ja prodavat nasata mila drzhava. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Ведро
|
Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
|
Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|