Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
31.07.2012, 20:24

Лепавцов и Еленовски - амбасадори на квадрат

Расфрлањето во дипломатијата почна да зема данок. По преамбициозното отворање на нови амбасади

Слободанка Јовановска

Расфрлањето во дипломатијата почна да зема данок. По преамбициозното отворање на нови амбасади, со што бројката на наши преставништва стигна и до педесет, сега се најавува обратен процес. Прва жртва ќе биде амбасадата на Македонија во Белгија која, заради рационалност и штедење, комплетно ќе се пресели во нашата мисија при Европската унија во Брисел. Тоа значи дека амбасадорите Андреј Лепавцов и новоименуваниот Лазар Еленовски ќе работат во исти простории и ќе си „дишат во врат“, но барем нема да се трошат дополнителни средства за изјнајмување на зградата за амбасада, бидејќи таа во која сега е мисијата при ЕУ е сопственост на Македонија. Спојувањето на амбасадите се планира за 1 октомври и, знаејќи колку пари има во касата на Министерството за надворешни работи во моментов, малку е веројатно дека оваа најава нема да се случи. Во прилог на тоа е и последното намалување на бројот на нашите дипломати делегирани во Брисел во двете амбасади, вклучувајќи ја и мисијата при ЕУ која важеше за најбитна и најбројна, поради желбата Македонија подготвено да ја дочека одлуката за почеток на преговори за членство во Унијата. Иако таква одлука благонадежно се навестува од Брисел во декември, бројот на дипломати е значајно редуциран во Брисел.

Според пресметките во МНР, ваквото спојување ќе донесе заштеда од 15.000 евра месечно или 50.000 евра годишно. Инаку и досега трите амбасади (со мисијата во НАТО) на Македонија во белгиската престолнина ги делеа ресурсите, а пред се возилата и на ист трошок ги подготвуваа приемите за националните празници и други поводи. Макед��нија практично ќе добие амбасада на квадрат и во неа ќе има амбасадор од ВМРО-ДПМНЕ и амбасадор предложен од ДУИ, кој самиот пред два дена јавно порача дека тој и натаму е социјалдемократ. Патем, Македонија на почетокот на државноста имаше еден амбасадор (Јован Теговски) кој ја претставуваше земјата и во НАТО и во ЕУ, а ја покриваше и Белгија, па дилемата е дали ова рационализирање ќе запре тука или по амбасадите ќе се спојат и амбасадорските функции во Белгија, барем на две. Дилема е исто така дали и некои од веќе именуваните амбасадори на егзотични дестинации ќе се најдат на удар на рационализирањата, откако еден од нив наводно најавил дека веќе не ја сака амбасадорската фотелја.


Статијата е прочитана 4161 пати.

Испрати коментар



По автопат низ Балканот
ВМРО-ДПМНЕ води во анкетите пред СДСМ
Населението осиромаши, но не и политичарите
И платата за лекари мегдан за препукувања
Министерот им броел услуги на лекарите?
Ахмети и Тачи земаат плата, но ретко влегуваат во парламентот
Поглед на Олимп



ZLATE, 01.08.2012 01:13:48
Dobro bi bilo Martin Trenevski da se vrati, covekot ne go biva za nistio, a i mnogu gluposti ispotreska,dost bese nema potreba od vakvi kadri, mora da se racionaliziraat misiite.
Lana, 01.08.2012 09:32:46
ova sto momentalno se slkucuva vo mnr go nema nikade...Nie postarite diplomati, potroshivme cel zivot za da se dovedeme do situacija nekoj si Sasho Markovski-ekspert po ekonomija, rodnina na desnata raka na premierot da ni se zakanuva so otkaz....edna novodojdena Sanja Mitiovska, koja raboti vo mnr samo 5 meseci da ni se fali so faksimilot-pecat od potpisot na Ministerot i da i kazuva kolku e glavna...edna Sefica na kabient koja nema vreme za nikogo, samobendisana, bez bon ton na oblekuvanje i odnesuvanje....strashno...a za pari, za pari da ne zboruvame!!!samo sto mi e mnogu zal kako na postar covek i dosta priznat od mnogu stranski ambasadori i ambasadi, sto noviot mnr ne mu e gajle za nishto, gi gushi novite mladi deca...50 procenti od niv, ne gi biva za nishto, a drugata polovina se samo deca rodeni, sholovani i ziveeni vo stranstvo, kade zborat po 2-3 jazici a se shkolovani na prestizzni univerziteti./..Zalosno...Vakov minister-laden tip i nezainteresiran nemalo ni vo 1995..
m. edelweiss, 01.08.2012 10:05:26
Dodeka ogromen procent od sopstvemicite i upravitelite se so krivicni prijavi i se vece naviknuvaat deka sekoj koj stopanisuva te pravi visok na vrednost avtomatski e gresen a uste zgora na toa mora da sfati deka mora da bide tretiran kako kriminogen covek, uz ogromna radost na masata koj e na teret na ovie danocni obvrznici, koja masa likuva zatoa sto e rigorozno sankcioniran skoro sekoj stopanstvenik oti e faten kakokriminogen. Sega e situacija na strav od bilo kakva aktivnost kaj ovie kompanii, oti iakovladata dava najpozitivni napatstvija, sproveduvacite nemaat ama nikakov sluh za istoto a mozda e se stavaat nad interesite na drzavata. Sega nema dovolno sredstva vo budjetot i se stedi zatoa sto nema priliv, ama nema priliv oti uplasenite stopanstvenici ne sakaat zaradi svoite dobri nameri da se vleckaat po sudovi i da slusaat nebulozni obvinenia i tn i tn.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Сабота
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Три златни медали за Американците
Американците на 6.ден од натпреварувањата во „Акватик центарот“ во Лондон освоија три златни медали и беше поставен еден...
САД и Кина во „војна“
Американците ги обвинуваат Кинезите за манипулација со гените, а тие им одговараат дека се љубоморни...
Преглед на освојувачи на медали - 6.ден
По шестиот натпреварувачки ден 49 држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | П��литика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |