Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
02.08.2012, 17:06

Градот херојски се одбрани од огнот

Сведошта за пожарот во Струмица. Градоначалникот Заев со својот мотор ги вадел повредените

Сузана Тасева



Чадот и мирисот на изгорено исчезнаа од Струмица, но во паметењето на струмичани засекогаш ќе останат тажните спомени од пламените јазици, кои проголтаа три човечки животи. Деветте жешки јулски денови засекогаш ќе потсетуваат дека боговите на огнот Хефест и Вулкан малку требаше својот бес да го истурат на градот под Царевите кули. Поцрнетите ридови, веднаш над градот, на местото викано „Двата пата“, кое за многу струмичани е едно од најубавите места за прошетка, сега е само пусто место без својот заштитен знак-боровите самоници.

И неколку денови по гаснењето на големиот пожар тој се' уште е главна тема во градот. Како и зошто се случи струмичката трагедија е најчесто поставуваното прашање. Иако анализите се' уште се прават и истрагата трае, сепак заедничкиот заклучок од сите учесници во гаснењето пожарот е дека огнената стихија ги обедини сите на локално и државно ниво за справување со пожарот и спасување на градот и животите на граѓаните.

Дваесет и трети јули 2012 година ќе остане запишан во колективната меморија на струмичани, но и ден, кој додека е жив, ќе го памети и струмичкиот градоначалник, Зоран Заев.

„Критичниот момент се случи по бурата проследена со дожд и силен ветер, некаде околу 18,40 часот на 23 јули. Дождот најверојатно предизвика хемиска реакција, по што следуваше вистинска експлозија. Од експлозијата, огнот кој гореше на врвот на еден од двата рида, за само 20 секунди се симна во подножјето и на дното на ридот, каде што се наоѓаа луѓето. Огнот ги поклопи луѓето кои таму правеа засеци за спречување на пожарот и се префрли на соседниот рид, кој изгоре, исто така, за двае��ет секунди. Тоа е критичниот момент кога се случи несреќата. Таа се случи на две локации - едната беше на долниот дел од долот помеѓу ридовите, а другата на горниот од истиот дол. Повредените и загинатите се наоѓаа на двете локации. Дебелата подлога од паднатите иглички од боровите, таложена со децении, предизвикува подземно тлеење на огнот, кое е иницијална каписла за распламтување и во комбинација со ветрот го направи своето“,раскажува Заев.

Тој заедно со пожарникарите, на првата линија, осум дена учествуваше во гаснењето на пожарот. Чаршијата и луѓето директно вклучени во гаснењето на пожарот се уште зборуваат за моментот кога Заев со неговиот мотор на четири тркала влегол во пламените јазици за да ги извлече повредените.

Пожарникарот Димче Диков, кој учествуваше во извлекувањето на повредените од пламените јазици, вели: „Вистинска драма се случуваше на ’Двата пата’. Најпрвин дотрчаа неколку деца со изгореници по рацете и нозете и бараа помош и во паника викаа дека горе има повредени. Јас и еден колега истрчавме нагоре и го најдовме еден од сега загинатите браќа легнат на патот. На ��едум-осум метри го најдов и другиот брат. Тој беше приклештен со рацете и нозете за дрвото, целосно изгорен и само повторуваше: подобро задушете ме, не ме оставајте жив! Во тој момент се слушна брмчење на мотор и одеднаш на патот се појави градоначалникот Заев. Со моторот неколку пати сврте околу нас, бидејќи ништо не се гледаше од густиот чад. Успеавме заедно со него да го подигнеме помладиот од двајцата браќа, кој лежеше на патот, да го ставиме на моторот и успеавме да се искачиме до местото каде имаше возило за да го транспортираме до болницата“, раскажува пожарникарот Димче, кој заедно со другите пожарникари и со луѓето од шумското претпријатие и „Комуналец“ се погрижиле и за останатите повредени.

Командирот на струмичките пожарникари, Мијалче Крстев, вели дека неколкумина граѓани помогнале во битката со пожарот. „Тие беа наши извидници. Со мотори постојано шетааа по непристапните и ризични места по ридовите и ни даваа информации каде гори и каде да правиме засеци за да не се шири. Дури на неколку пати беа во улога на пожарникари“, раскажува Крстев.

Авиони гаснат пожар на Скопска Црна Гора

Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување помагаа во гаснењето на пожарот што избувна вчераутро на падините на Скопска Црна Гора во атарот на селото Виниче. Околу педесет припадници на Противпожарната единица и „Македонски шуми“ се бореа со огнената стихија што зафати нискостеблеста деградирана шума. И покрај нивните напори, пламенот се ширеше, па мораше да се вклучат и специјализираните „ер-трактори“.

Надлежните информираат дека се локализирани сите други пожари што тлееја на територијата на Македонија.


Статијата е прочитана 3695 пати.

Испрати коментар



Да се повлече новиот Правилник. Како да се исклучите од „Топлификација“
Паника кај потрошувачите поради струјата и парното
Сообраќајка кај „Алумина“
Нема лекари за трансплантација
Велес сардисан од улични кучиња



Трпе, 03.08.2012 12:23:11
Честитки за храброста и пожртвованоста на младиот струмички градоначалник.да беше некој друг самобендисан со денови ке трубеше и ке се фалеше величејки ја сопственото јунаштво.Како што слушав на сител една изјава на градоначалникот на општина Василево кој е од актуелната власт.Повивикал за воздушно гасење на пожар во неговиот реон но кога дознал дека во струмишкиот реон пожарот бил со поголем размер дозволил воздушните трактор��иња таму да се упатат.Дали приметувате кој фактор е овој василевски грабоначалник да одлучува каде да одат противпожарните авиончиња.Зарем тоа што е грабоначалник од власта треба да има некој привилеги.За струмичкиот градоначалник се дозна после неколку дена за неговата хуманост и храброст за спасување на човечки животи и народно богатство.
delcevec, 03.08.2012 15:55:24
Bravo Zoki.Dokazuvas na delo sto znaci prav Socijaldemokrat.Zasluzuvas i veruvbam deka ti treba da ja vodis drzavata.Site ke glasame za tebe.
Aleks KARPOS, 03.08.2012 18:23:19
Ogromna pocit i podrska za graganite na opstina Strumica. Zaev e primer za najuspesen gradonacalnik vo Makedonija

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Френклин до злато со светски рекорд
На трката на 200 метри грбно Американката Миси Френклин златниот медал го освои со време на нов светски рекорд, а изнена...
Првите медали во атлетика за Мајевски и Дибаба
Мајевски го одбрани златниот медал од Пекинг во дисциплината фрлање ѓуле, а Дибаба од Етиопија го освои златниот медал в...
Преглед на освојувачи на медали - 7.ден
По седмиот натпреварувачки ден 54 држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |