Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
31.07.2012, 20:12

Ахмети и Тачи земаат плата, но ретко влегуваат во парламентот

Иако пратеничката функција е една од најпосакуваните, пратениците откако ќе ја освојат фотелјата забораваат на своите обврски

Гордана Дувњак

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети е пратеник со најмногу оправдани отсуства од законодавниот дом. Тој во изминативе шест месеци, отсуствувал дури 91 пат од пленарни седници, а графите со податоци во собраниското издание „Мојот пратеник“ се полни со нули. Не е забележана ниту една негова пратеничка активност во работата на паламентот. Ниту еднаш немал дискусија, не поставил пратеничко прашање, не учестувал во работата на комисиските тела, па дури и не гласал.

Рамо до рамо со Ахмети е неговиот политички ривал, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој отсуствувал 90 пати. А, во седумчлената група на пратеници, кои ретко може да се видат во парламентот се и Ирфан Деари (82), Фијат Цаноски (80),Ермира Мехмети (66), додека Љубисав Иванов-Ѕинго и Ристо Манчев, отсуствувале по 63 пати.

Статистиката покажала дека најголем број пратенички прашања во споменатиот период поставил социјалдемократот Горан Сугаревски-10, а по него со девет прашања следуваат Јордан Пачков од ВМРО-ДПМНЕ, Амди Бајрам од Сојузот на Роми и Зијадин Села од ДПА, како и лидерот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија со осум прашања.

Пратениците некако повеќе сакале да поднесуваат предлог закони како група, отколку во свое име, а посебно во тој дел се истакнува опозицијата. Најагилна била групата на опозициски пратеници предводена од Андреј Петров, која предложила 21 закон, а потоа следат онаа на Радмила Шекеринска (20), на Горан Мисовски од Нова социјалдемократска партија (18). Пратеникот Изет Зеќири од партијата на Руфи Османи (Национална демократска преродба) е пратеник со најмногу предложени закони -11, а потоа следат сопартијката Фламуре Демири Креци со шест закони, додека Сузана Анова од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Поповска од ДОМ и Талат Џафери од ДУИ се поднесители на по три закона.

Најголем амандманџија во парламентот е Билјана Казанџиска од СДСМ, која поднела 228 забелешки на закони, а не помалку вредни биле нејзините сопартијци Менде Диневски (219), Тања Томиќ (209)и Светлана Мазгаловска Вучетиќ (192). Изет Зеќири од НДП, исто така, поднел голем број амандмани -197.

Ќе остане забележано дека пратеникот од партијата на Руфи Османи - Зеќири е прв дури во две категории: пратеници шпто најмногу дискутираат и најмногу реплицираат. Социјалдемократката Весна Бендевска е „кралица на процедурата“, па интервенирала процедурално 29 пати, а нејзиниот партиски колега Игор Ивановски - 24 пати. Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, 22 пати се јавила за збор „процедурално“.

Групата на „молчаливци“ во законодавниот дом е прилично долга и на неа се наоѓаат дури 28 пратеници кои не се јавиле за дискусија ниту еднаш во анализираниот период. Покрај споменатите Ахмети и Тачи, друштво им прават и Хајрула Мисини, Авдија Пепик, Арбен Џафери, Дешира Имери...

Во публикацијата „Мојот пратеник“ е нотирано и дека 17 пратеници немаат ниту едно отсуство од парламентот, а меѓу нив, се Веле Ѓорѓиевски, Стефче Трпковски, Диме Маџовски, Благоја Стојановски, Голупчо Ангелов, Марјанчо Николов, Миле Пачемски, Ванчо Апостолов, Цветанка Иванова, Димитар Стевананџија, Горан Сугарески, Ромео Тренов, Драган Цуклев, Весна Бендевска, Менде Диневски, Дивна Јовковска –Ефтимоска и Лилјана Кузмановска.


Статијата е прочитана 702 пати.

Испрати коментар



По автопат низ Балканот
Лепавцов и Еленовски - амбасадори на квадрат
ВМРО-ДПМНЕ води во анкетите пред СДСМ
Населението осиромаши, но не и политичарите
И платата за лекари мегдан за препукувања
Министерот им броел услуги на лекарите?
Поглед на Олимп



Istocna Makedonija, 01.08.2012 08:55:24
Od neutralna retrospektiva,opozicionite pratenici, nekako,se poagilni.A pratenikot Izet Zekiri e sigur no najsofisticiraniot i najpotkovan pratenik vo Par lamentot.Covekot,zalutal pomegu mnogu drugi,koi ispagaat smesni koga mu oponiraat so repliki na negovite,osobeno,ekonmski,analizi.
Mene, 01.08.2012 09:39:50
Според ова испаѓа дека за пратениците не важи Законот за работни односи и одредбите за санкционирање на отсуство од работа. Како што не важат и еден куп други работи....
milekov, 01.08.2012 13:08:23
a zosto da doadjat na rabota koga ne morat i koga neja sakaat ova drzava a nie gi molime pa duri i plata davame samo da ziveat vo mkd.........
skopijanec, 01.08.2012 13:11:40
emi dodeka gruevski mu gi polni gebovite normalno nema da dojdat
jimmy1, 01.08.2012 13:25:08
Nasle pa zasle. Pa neli se boreja za covekovi prava???? Nisaj vrata zemaj plata.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Френклин до злато со светски рекорд
На трката на 200 метри грбно Американката Миси Френклин златниот медал го освои со време на нов светски рекорд, а изнена...
Првите медали во атлетика за Мајевски и Дибаба
Мајевски го одбрани златниот медал од Пекинг во дисциплината фрлање ѓуле, а Дибаба од Етиопија го освои златниот медал в...
Преглед на освојувачи на медали - 7.ден
По седмиот натпреварувачки ден 54 држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |