Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
31.07.2012, 20:22

ВМРО-ДПМНЕ води во анкетите пред СДСМ

Осум месеци пред локалните избори, се топи разликата меѓу вечните ривали и сега таа изнесува 6,5 проценти

Владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и во последната анкета на Институтот за демократија и МЦМС има повисок рејтинг во опозициските партии во македонскиот и во албанскиот кампус. Сепак, осум месеци пред локалните избори, последните резултати покажуваат дека се топи разликата меѓу политичките ривали ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и таа сега изнесува 6,5 проценти.

Според истражувањето, партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ ужива повисок рејтинг во однос на опозициската СДСМ, 25,5 отсто наспроти 19 отсто од определените гласачи. Што се однесува до расположението на албанското гласачко тело, ДУИ е во предност во однос на ДПА со 11,1 спрема 6,6 отсто. Голем е процентот на граѓаните кои не сакаат јавно да дадат одговор на прашањето за кого би гласале ако утре се одржат избори. Речиси една третина од испитаниците, односно 32,4 отсто не сакаат да одговорат за која партија би гласале на следните избори.

Интересно е тоа што речиси една третина од граѓаните или 31,3 отсто излез гледаат во нова политичка опција за која би го дале својот глас. Но, уште поголем е процентот (49,7) на оние кои не би „експериментирале“ со нова политичка опција што евентуално би се појавила на политичката сцена. Ваквото расположение надвладува и кај двете најголеми етнички заедници во државава.

Истражувањето на Институтот за демократија „Societas Civilis“ - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е спроведено во текот на овој месец. Станува збор за теренска анкета во домаќинствата која била спроведена од 19 до 26 јули на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници. Популациската рамка на примерокот било население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност биле пол, етничка припадност, возраст и место на живеење. Испитаниците одговарале на прашања за рејтинзите на политичките партии и предизборните здружувања меѓу политичките партии.

Една четвртина од испитанците очекуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори (25,1 проценти), додека победа на СДСМ очекуваат 15,2 проценти од вкупниот број испитанции.

Граѓаните во поголема мера се скептични дека предизборното коалицирање ќе и' донесе победа на опозицијата, така се изјасниле дури 51,5 отсто од анкетираните. Од друга страна, пак, 20,8 отсто од граѓаните очекуваат победа на опозицијата. Исто така, 56,2 проценти не ја одобруваат коалицијата меѓу Љупчо Георгиевски и Бранко Црвенковски, образложувајќи го тоа со недостиг на политички кредибилитет кај овие политичари. Помал дел или 18,4 отсто ја одобруваат коалицијата меѓу Георгиевски и Црвенковски, бидејќи сметаат дека власта треба да си замине по секоја цена. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 2474 пати.

Испрати коментар



По автопат низ Балканот
Лепавцов и Еленовски - амбасадори на квадрат
Населението осиромаши, но не и политичарите
И платата за лекари мегдан за препукувања
Министерот им броел услуги на лекарите?
Ахмети и Тачи земаат плата, но ретко влегуваат во парламентот
Поглед на Олимп



Трпе, 01.08.2012 01:15:17
Кој ке победи одлучуват неопределените.Анкетите се чиста пропаганда за замајување на јавноста.Изборите се вистинската анкета.И на последните избори дпмне-овците со коалиционите парти водеа со голема разлика а победија со многу мала разлика.На следните избори господ нека им е на помош .Народот се лаже еднаш,двапати но трет пат не.Минатата година победија и самите знаат како,затоа сега се во паника.Сигурно не поради квалитетно и одговорно владеење.
pile, 01.08.2012 01:59:18
Posle ovaa istrazjuvanje za rejtingot na partiite vo Republeka Makedonija,vo idnina za vladeackata DPMNE sekoj den ke nosi pad na nivniot rejting, od koi pricini im prdlagam na agenciite da vrsat kako predpladnevno taka i vecerno ispituvanje na rejtingot, a toa posebno e ocekuvano posle vcerasnat podrska na DUI na opoziciono makedonsko albanskata koalicija.Istrosenosta na politikite na DPMNE za izminatiot 6 godisen period, baziran na neresavanje na sustestvenite potrebi na gragjanite i manipulacija so sopstvenite gragjani za smetka na opstojuvanje na vlast preku organiziranje vo dva navrati predvremeni parlamentarni izbori Gruevski i familijata ke ja cini politicki zaborav, dokolku ne reagira na vreme.Da si podnesat ostavka i da se stavat vo funkcija na pravnata drzjava,so sto ke se formira preodna Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost so preoden rok do dve godini,so pravo da go resi sporot so imeto i izvrsi deblokada na evroatlanskite integracii na zemjata.GRUEVSKI I FAMILIJA ODDET
Mark, 01.08.2012 07:18:07
E pa vaka - od 32-te% sto odbile da odgovorat barem polovinata ke izlezat da glasaat, sto mislite za kogo? Veke se menuvaat rabotite, da se molime Boga na podobro! I sto vo nasava situacija e najvazno - se menuva i stavot na najvazniot nadvoresen faktor - SAD!! Poslednite sredbi i izjavi na ambasadorot Volers sosem jasno go navestuvaat toa, nesto sto na celiot narod i drzavava im dava barem zrak na nadez za izlez od ovie crnila..
Istocna Makedonija, 01.08.2012 08:51:01
Neli bese do pred nekolku meseci razlikata,kolku i da se pristrasni anketive,pomegu 13 i 15 otsto.
trpana, 01.08.2012 10:27:53
A koja e alternativata i sto nudi?????Sto?
сузе, 01.08.2012 11:09:10
Колкаво е водството ќе кажат оние долу на листата кои се неопределени и одбиваат да одговорат.А молчењето е злато се до денот на изборите.
jimmy1, 01.08.2012 13:28:22
Dodeka ima slepci vaka ke bide. No sepak jas ne im veruvam tolku na ovie anketi.
graganin, 01.08.2012 17:51:39
Ni ednite,ni drugite ne mi go podobrija kvalitetot na ziveenjeto. ... Se si ostanuva isto ili poloso... Podobro nikogas nema da bide.
stojko, 01.08.2012 18:46:03
А што ќе се случи ако евентуално дојде до промена, уште потешко за народот!!!
zedorf, 01.08.2012 21:25:56
a bre koj go lazzi narodot 6 pati gubat i narodot mu e krif demek bil budala i ne znael sto pravi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Френклин до злато со светски рекорд
На трката на 200 метри грбно Американката Миси Френклин златниот медал го освои со време на нов светски рекорд, а изнена...
Првите медали во атлетика за Мајевски и Дибаба
Мајевски го одбрани златниот медал од Пекинг во дисциплината фрлање ѓуле, а Дибаба од Етиопија го освои златниот медал в...
Преглед на освојувачи на медали - 7.ден
По седмиот натпреварувачки ден 54 држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |