31.07.2012, 20:05 Мое ќоше
Поглед на Олимп
Ерол Ризаов
Големата верба во бога оди заедно со сиромшатијата
Најолимписката земја во светот е Република Македонија. Без конкуренција. Најдоследно ја спроведуваме позната максима на основачот на современите олимписки игри Пјер Кубертен: Важно е да се учествува. Сите се искршија вежбајќи со години да освојат медали, а само Македонија демонстрира во Лондон олимписки дострели на нирвана и спокојство. Толку сме кул што олимпизмот го донесовме до совршенство буквално сведувајќи го на неговите изворни принципи. Со гратис билети пративме четворица натпреварувачи на чело со претседателот на државата. Со фиксен поглед во телевизорите го чекавме знамето и дечките и девојките што учествуваат на Олимпијадата, оти ако ви трепне окото отидоа без да ги видите.
Огорчен испратив протест до Би Би Си зошто на дефилето не го покажаа камерите нашиот претседател како што тоа го правеа со другите. Главниот режисер ми се извини со оправдување дека многу бргу поминала нашата четворка, а во тој момент претседателот не станал од седиштето, па не можел да го препознае. Се разбира, не му верувам и не го прифаќам извинувањето. Добро ни е познато грчкото масло во сите манџи, а добро ја знаеме и дволичноста на Европа.
Неисе, нека трча, рипа, скока, плива, нека се бори светот, нека стенка во напор, да докажува кој е најбрз, највешт и најсилен, ние си имаме наши рекорди кои можат да ги урнат само наши натпреварувачи, што редовно и ни се случува. Премиерот Никола Груевски неодамна ни соопшти стотици такви рекорди на кој може да ни позавиди светот. Иако е на чело на Владата веќе седма година и управува со Македонија, како со компанија со ограничена одговорност, нашиот премиер не е чаламџија. Скромно ни ги приопшти рез��лтатите само од едногодишното владеење за што му требаше помалаку од еден саат. Не беше лесно да се набројат 380 целосно завршени проекти и над 470 ново започнати и во реализација. Замислете што би се случило ако за изминатите шест години Груевски набројува што се' направила оваа влада и лично тој за овој напатен народ.
Нема да ги повторувам мудростите на премиерот дека не градевме автопатишта оти само еден отсто од населението се вози по автостради. Конечно ми стана јасно зошто немаме наши авиони. Па чуму ни се кога над 90 отсто Македонци никогаш не се качиле на авион. Па и со воз веќе никој не патува, затоа и ги укинуваме. Зошто ни се бродови ако немаме море. Што ќе ни' е автопат за еден отсто. Нема автостради, нема авиони, нема бродови, нема возови. Нема движење. Се' си стои на свое место.
Еве уште неколку шампионски места кои во шумата од преку 850 проекти само за една година не можат да се видат. Ќе набројам само пет дисциплини со европски рекорди. Земја со најсиромашен народ во Европа е Република Македонија. Семејства со пет-шест члена што имаат приходи под 600 денари на ден се во очајна положба на гладување. Според европските параметри, приходи од две евра по човек дневно е рамно на мизерија од размери на пандемија.
Според критериуми на Обединетите нации во годишниот извштај за 2011 години Македонија е прва во Европа по најнеквалитетен живот на нејзините граѓани.
Со децении го држиме рекордот по број на невработени, над 30 проценти, кој не може никој да ни го сруши, па ни земјите кои се пред банкрот.
Рекрдери сме во Европа, како земја кандидат за членство во Европската унија по чекање воз без возен ред. Чмаеме осамени во балканската чекална цели шест години без никакви изгледи да кинисаме за Брисел. Сите што беа зад нас стасаа пред нас.
Последната вест според мерењата на угледната Галуп интернешенел е дека Македонците се најрелигиозни во Европа. Над 90 отсто граѓани на Македонија веруваат во Бога. Господ ни' е последната утеха, затоа црквата ни' бае дека ако сме сиромашни на овој свет, ќе бидеме богати на оној свет. Силната на верата во бога оди заедно со нивото на сиромаштијата. Така некако е светската листа на бедата и верата.
Нашиот премиер Никола Груевски треба да прерипне една од овие пет срамни македонски олимписки дисциплини, па потоа да се фали со големите успеси. Наместо ситна боранија и кич споменици за олимписки златен медал се потребни подобар живот, повеќе работни места, помалку сиромаштија, повеќе верба во демократијата и во себе, отколку во бога и влез во европското семејство. Изгледа по овие патишта не се возиме ни еден отсто. |
|
Статијата е прочитана 3073 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 01.08.2012 01:09:58 | Nie doma soboruvame olimpiski rekordi vo megalomanija, zadolzuvanje, korupcija, friziranje podatoci, partiski vrabotuvanja, mladi sovetnici za sve i svasta a i sami neznaat sto sovetuvaat, mafijastvo. Toa se disciplini vo koj nikoj nemoze da ne nadmine, a nitu pa nekoj saka da ne nadmine. Tuka bukvalno vazi praviloto, vazno e da ucestvuvas i da cerupas sto poveke mozes. Od onaa olimpijada vo London i onaka ne moze da se ima korist, pa ne e ni bitna. Samo se ucestvuva, no ne moze da se cerupa, a koga nema za vo privaten dzep, i ne moze da se pravat spektakli pod triunfalnata kapija, togas toa e neisplatlivo. Na toj princip raboti ovaa Vladina garnitura, i do sega trebalo toa da go svatite. |
| seirdzija, 01.08.2012 01:12:53 | Se pomalko komentiram zatoa sto mi se gadi od tipovi sto ja vodat drzavata?Dali ke ima nekoj maz sto ke zatvori bagrata za siot kriminal,nesreca i siromastija vo koj ja davat drzavata ili pak kako posle prvoto vladenie na DPMNE se ke se zagubi po sudskite lavirinti???Samo toa e vazno...e TOJ MAZ ke pobedi na izborite!!! |
| Istocna Makedonija, 01.08.2012 09:01:27 | Erole,nemoj da ni gi potenciras kompelksite i infe
riornosta i na sportski plan.A nekogas,nasi sportisti
poedinecno i ekipno osvojuvaa i medalji na OI,SP
EP i vo takva sportska velesila,kakva bese eks JU.
Rusevski,Rexepovski,Salihi,Seidiu,Trstena,Sorov,
Rexepovski,Georgievski,Vangelovska,Gurovski,
Vidinik...I uste popodepresivno.Site eks republiki
se pred nas,a Hrvatska,Srbija...Crna Gora,Slovenija sportski velesili,ili tuka nekade blizu...A felerot,za
zal,najmalku e vo postistite.Imame talenti,nema vi
zii,programi,stimuli.... |
| Mudrec, 01.08.2012 10:34:17 | Nacijata koja e 4-ta vo Evropa vo kosarka i 5-ta vo rakomet ne zasluzuva ismevanje na sportski plan, osobeno ne od vnatre. Site gluposti deka sme najsiromasnata drzava vo Evropa ili deka imame najslab kvalitet na zivot se laga. Kako e mozno vo najsiromasnata drzava depozitite vo banki da rastat non stop, restoranite da se sekogas polni, a Zara da otvora najgolema prodavnica na Balkanot? Koj prosetal, znae deka sme daleku od Zapadot, no ima zemji kako Bosna, Kosovo, Albanija, Moldavija,Ermenija koi gi shieme vo sekoj pogled. I na kraj, osvrtot na religijata niz prizma na pari e komunjarsko bogohulenje. Jas ziveam super i veruvam deka Gospod mi pomaga i me vodi. |
| miki, 01.08.2012 10:56:31 | Точно е се Ероле...........ама на кого му кажуваш.........очогледно оваа мизерија му одговара на овој шутрачки народ и ете гледај пак ДПМНЕ води со 25%..........Значи добро им е, не се за жалење............. |
| jovan, vlada @, 01.08.2012 11:05:29 | Значи ако сублимираме според погоре напишаното од почитуваниот г-дин Ризаов, може да заклучиме дека е против изградбата на Градскиот стадион како еден од најмодерните на овие простори, дека залудно изгради сали за спортување на младите кој своето време наместо на улица со дрога во вена ��е го поминува играјќи и вежбајќи го спортскиот дух. Па зарем не ти е јасно чевече дека за спортски резултати е потребно најмалку период од 5 до 10 години за да се подтовтви една генерација до способни млади спортисти кој ќе ја преставуваат нашата држава на секаде во светот во сите спортови. Почнавме од нула се движиме напред кон успех сакал или не почитуваниот новинар, за жал неместо да промовира он демотивира. Македонски синдром за жал и после сакаме успеси, абе ајде .... Поздрав |
| milan, 01.08.2012 11:23:02 | Kako krenalo so ovaa kriminogena vlast,po se izgleda ekonomski i politicki mozeme da propadneme pa i drzavata da ja izgubime.Moe mislenje e: pod itno da se izbrka ovaa vlast i da se izbere prava garnitura koja ke go pokrene proizvodstvoto i ke ja ublazi siromastijata i nevrabotenosta,potoa ke razmisluvame za olimpizmot i sportot.So prazni stomaci i so prazni paricnici nema trening ni na Grujevite populisticki igralista. |
| Над, 01.08.2012 11:23:52 | „Над 90 отсто граѓани на Македонија веруваат во Бога„ Се сеќавам кога 90% граѓаните беа атеисти. Се прашувам кога лажат? |
| od ostrijot, 01.08.2012 11:47:45 | poleka erole mozebi predsedatelot nego prepoznal znameto pa zatoa nestanal. |
| Разлика меѓу мене и Риза, 01.08.2012 12:18:09 | Тоа што чекаме за влез во ЕУ толку долго не е заради мојата Македонија која неизмерно ја сакам и ќе се жртвувам економски само достоинствено името и идентитетот да си го зачувам а блокадата е само заради една фашистичка членка Грција. А Риза баш го заболе за македонската вистина тој би и да попуштиме на фашистичкото барање ама да си влезе тој во ЕУ за неговите било подобро. е јас и моите ќе издржиме во одбрана на правото и вистината македонск. Е тоа е разликата помеѓу квислинг и патриот. Покриј се бе човеку прозирен си веќе. |
| Vinci, 01.08.2012 12:39:02 | E moj Erole, vistinata sto im ja pleskas vo lice nekogo go boli.Na takvite kako mudrec koj demek super zivee (neli znae deka edno od osnovnite nacela na hristijanstvoto i dr.religii e skromnosta),ocigledno stvarnosta treba da im se prikaze slikovito.Za iskazanite nebulozi nemam komentar, osven za sienjeto na zemjite koi sto gi navede.Pred mnogu godini i bese taka, ama denes tie ne stignaa i prestignaa. Sto da se kaze za Bosna i krvaviot rat, ili pak slikovit primer od segasnosta za izgradeniot avtopat vo Albanija, koj za nas barem za sega pretstavuva mislena imenka, sporedbeno so nasata krpenica od avtopat, i edinstveno ke se slozam deka site gi sieme po perenje mozoci i koi se ne gluposti..... |
| pretpriemach, 01.08.2012 13:02:01 | I prethodno napisav, a sega ke povtoram: pomladite kolegi samo mozat da ucat od tebe!!! Ovoj tekst sigurno uste dolgo ke go pametam po shegobijnosta i ironijata.... po lesnotijata na iskazuvanjeto... po ostrinata na kritikite...po nevoobicaenosta na stilot....a za spojuvanjeto na temite i subjketite mozam da recam genijalno... |
| Komunjarski Vardarec (ne komita), 01.08.2012 13:23:38 | Sportot e olicvotorenie na drzavata. Nikogash neshto poesbno ne sme bile, ama pa nikogash i do tolku nisko. Zgora na toa, momentno imame neverovatno falbadziski premier. E toa go dosega nemavme. Inache, nekoi sportski polu uspesi koi gi nie izdignavme na ramnishte na uspesi od drzavno znachenje, e nasha zalna rabota. Da go podsetam Mudrecot, deka 4 ili 5 mesto vo kosharka, rakomet,vaterpolo, odbojka ili bilo koj drug sport za ex YU beshe ravno na sportska katastrofa. Srbija i Hrvatska gi zadrzaa tie kriteriumi t.e. se shto ne e zlato ne e vredno. Vprochem, tokmu rakometnoto prvenstvo za srbite beshe fijasko poradi osvoenoto *samo* vtoro mesto. Treba li za Hrvatska da zborime? Na krajot za standardot i kafeanite na Mudrecot. Da, ti i Feliks ste zadovolni (nesporno) kako i 1/4 od naselenieto, pa pijat i se gostat po kafeanite i restoranite, no shto so onie 3/4 koi nikako ne vleguvaat vo takvi objekti ili vleguvaat nivnite deca koi cela vecher cedat edno sokche. Prashaj gi kafeandziite. |
| Треба и полошо, 01.08.2012 13:49:04 | Нека се прошетаат господата по источните краишта да видат како се користат спортските сали и игралишта.На овој народ му треба стап за да се освести каде оди.
Ерол само пиши коментарите кажуваат дека сторијата ја постигнала целта. |
| respekt, 01.08.2012 14:15:03 | Како и секогаш, одлична колумна.Само би те дополнил Ероле, шампиони сме и по бројот на глупаци и платеници на власта. А за ,,патриотите,,веке нема што да се каже, секаде во светот оние кои ги амнестираат убијците на сопсвениот народ се прогласуваат за предавници.Кај нас и онака се е наопаку. |
| slobodan eliseev, 01.08.2012 14:35:48 | Vreme bese da se pojevis majstore na pisaniot zbor,bez tebe Utrinski ne e UTRINSKI,na tekstot nemam sto da mu dodadam ili odzemam .... |
| do komentatorite, 01.08.2012 17:26:24 | Pa sto ako se izgradil avtopat vo zapadniot sosed?Avtopatot ne se jade.Za mala drzava kako Makedonija,plasmanot na kosarkarite vo polufinaleto i peto mesto vo Evropa na rakometarite se golemi triumfi.Jugoslavija bese mnogu pogolema ,pa tie mesta ne bea golem uspeh za niv,no na pocetokot i za nea takvi mesta bea uspeh.Samo za golemi drzavi kako SAD,Rusija,KIna,Francija,Germanija...ne osvojuvanje medal e neuspeh,no za Makedonija mesta koi se blisku do medalite e ramno na triumf.Pa pogolemi drzavi od Makedonija ne mozat da stignat ni blizu do 4 i 5 mesto vo kolektivnite sportovi,a na Makedonija i uspea.Samo onie sto ne ja sakaat Makedonija i sto navivale protiv nasite sportisti go omalvazuvaat uspehot na nasite makedonski sportisti. |
| Realen, 01.08.2012 22:59:59 | И каде се сега кошаркарите и ракометарите блеснаа ненадејно и згаснаа исто така, проблем е што и тие божемни успеси се користеа во политички цели, лажна еуфорија на претседателот со давање пари на плоштадот беше смешна. |
| Leviot, 02.08.2012 07:39:56 | Odlicen tekst nema sto , miks od ralicni temi ama porakata e ista , politicarive ne manipuliraat do stepen na halucinacija , pa zatoa ne mozeme da se osvestime. Tipicno za predvoena Germanija . Feliks izgleda ni e na odmor mozeme da zdivneme malku . |
| Автоп��т не се јаде!, 02.08.2012 08:58:24 | Така е , автопат не се јаде , се јадат шмизли,кораби и врби во Вардар , Прометеј со гаќи и без гаќи ,Грци и Бугари на плоштад..... |
| Bravo Erole, 02.08.2012 09:53:57 | Da imase na olimpijadata disciplina frlanje drva i kamenja (po sopstvenata vlada) so tebe Erole ne ni gine zlatna medalja. |
| Premierot prizna!, 02.08.2012 11:41:34 | So izjavata на премиерот дека не градевме автопатишта оти само еден отсто од населението се вози по автостради za prv pat toj javno prizna deka Makedoncite se siromashni i zatvoreni! Zatoa shto samo siromashni lugje ne patuvaat, ne kontaktiraat so drugi, ne stopanisuvaat, ne komuniciraat..... Dobro e shto prizna! |
| tihi, 02.08.2012 13:08:43 | Se mi se chini deka ova e sitenje zaradi slaboto pretstavuvanje na O.I.No toa se vashite 5 minuti i slobodno likuvajte ,pritoa ne nudejkji perspektiva.Osven ako ne mislite deka Brane i LJubcho se toa.Jas nemislam taka i gi chekam povtorno moite 5 min. koi za tebe se koshmar. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C
|
Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|