Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
31.07.2012, 20:25

Поглед

По автопат низ Балканот

Сања Наумовска

На Балканот секоја година се градат стотоци километри автопати, но Македонија, за жал, не е дел од тоа друштво. Инвестициите во инфраструктурата во нашата земја не се во преден план последниве години. Слабо ни оди вложувањето во патишта, иако градежната оператива не застана ниту за миг. На секој чекор има отворени градилишта, но ништо од тоа не е поврзано со подобрувањето на патната мрежа низ државава.

Според податоците од „Евростат“, Македонија во изминатите 20 години изградила 150 километри автопат. За разлика од нас Албанија, само за три години направила двојно повеќе, односно 300 километри нов модерен автопат. На инфраструктурата ударнички се работело и во Хрватска, Србија, Косово, Турција, Бугарија, Словенија и Романија. Во полоша состојба од нас во балканското опкружување се само Босна и Херцеговина, каде што се изградени само 71 километар автопат и Црна Гора, која во последниве десетина години не изградила ниту километар.

Како земја која зависи од сувоземниот транспорт на луѓе и стока, ваквите податоци навистина не ни одат во прилог. Јасно е дека инвестициите во инфраструктурата се големи, но очигледно се со надоволен интензитет. Двата Паневропски коридори 8 и 10, кои минуваат низ Македонија, се' уште не се целосно заокружени како автопат. За целосно издигнување на Коридорот 10 на ниво на автопат се чека на изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица, со вкупна должина од 28 км. Коридорот 8, пак, со години се плетка во неуспешни тендери за концесионирање. Сега се најавува нов начин на финансирање, но конкретни проекти со прецизни тајминзи уште не сме виделе.

Очигледно е дека приоритетите ќе треба да се менуваат. И тоа во најскоро време ако не сакаме да останеме на дното на балканското друштво.


Статијата е прочитана 1655 пати.

Испрати коментар



Лепавцов и Еленовски - амбасадори на квадрат
ВМРО-ДПМНЕ води во анкетите пред СДСМ
Населението осиромаши, но не и политичарите
И платата за лекари мегдан за препукувања
Министерот им броел услуги на лекарите?
Ахмети и Тачи земаат плата, но ретко влегуваат во парламентот
Поглед на Олимп



Branko, 01.08.2012 08:06:08
Pa so ke ni se avtopati? Gujo vo otcetot, sto srabotila detskata gradinka-BLADATA na RM rece deka vo MK ne se potrebni avto patista bidejki 99 % od makedoncite na avtopat izleguvale ednas godisno.Kako go presmeta toa ne znam, ama takva glupava izjava ne sum cul dosega se razbira osven od Gujo. A ne samo sto ne gradi avtopati ne gradi ni regionalni patista. Primer Strumica -Radovis, ostanati 12 kilometri ne moze da gi izgradi za 6 godini. Pocnaa i zastanaa. Firmata koja ja pocna rabotata PROPADNALA. Pa kakva firma si odbral Crna Gujo? Ili pak gi sobra parite pred vreme pa u stecaj a? Izgleda taka ke da e.
EU, 01.08.2012 08:11:07
Eden dobar primer za gorenavedenoto e patot od Mak. brod preku ezeroto Kozjak do Skopje.Ovoj pat se pravi so deceni i nikako da se zavrsi do kraj.
milan, 01.08.2012 09:18:50
Po se izgleda i za toa e BC kriv sto vo negovo vreme dozvolil da se izgradat 150 km.avtopat.Vo idnina ja molam avtorkata da go koristi antickoto ime na koridorot10. No ne se trevozite sto nemame dobra infrastruktura zatoa imame:spomenici,smizli,bikovi,barokni fasadi,palmi, vrbi,fontani i koi se ne gluposti.
Vinci, 01.08.2012 10:14:40
Mnogu *umno* im kaza pastirot na svoite ovci, sto ke Vi se avtobanovi, sedete si doma vo sopstvenata beda i mizerija, zarem imate potreba da patuvate, letuvate, zimuvate, uzivate vo zivotot osoznavajki novi prostori, i taka ste slepi vo oci!!! Da se patuva po avtopatista e *nevidena pridobivka* i *dostrel* vo 21 vek, ama kako za kogo.A, da sekako ima pravo ke gi razvivame lokalnite i regionalni patista, i taka siromastijata ne mrdnuva od svojot prag, ama barem traktorite i konjskite zapregi ke imaat benefit od *kvalitetno* postaveniot asfalt.Vazno go imame najvazniot *infrastrukturen proekt Skopje 2014*, osobeno plostadot koje se poveke mi zalicuva na opstonaraden panagur........
Трпе, 01.08.2012 11:04:35
Логиката на нашиот мистер мр.Рејтинг е потполно погрешна.Повеќе од 90% од македонското население не ги користеле автопатите.Нормално со коњска кола на нива се оди.А земјпделските производи сигурно не се транспортират со хеликоптери.Камионџите си ги испокршија возилата и не се безбедни за патничките возила.Кој му го има дадено овој совет веднаш од него нека си ги поврати парите.Нека оди во Албанија да види што и какви современи патишта се градат и тоа со помош на пари од ЕУ.Тој нека продолжи да се кара и навредува секого сигурен успех ке има сопствениот народ да го држи во резерват.Дали туристите кои сакат да му го видат кичерајот ке доагат со пајтони.
od ostrijot, 01.08.2012 11:16:04
mozebi naslovot trebase da glasi po avtopat do makedonija.
Борис, 02.08.2012 00:50:36
150 километри? (1992-2012). Кои делници? Подземен, кој не го гледаме? Ако е со двојна лента двојно се мери? Ви се молам. Поздрав

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Френклин до злато со светски рекорд
На трката на 200 метри грбно Американката Миси Френклин златниот медал го освои со време на нов светски рекорд, а изнена...
Првите медали во атлетика за Мајевски и Дибаба
Мајевски го одбрани златниот медал од Пекинг во дисциплината фрлање ѓуле, а Дибаба од Етиопија го освои златниот медал в...
Преглед на освојувачи на медали - 7.ден
По седмиот натпреварувачки ден 54 држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |