02.08.2012, 18:46 Си велам
Таткото на сите лаги
Ерол Ризаов
Ако ја заслуживме независноста како вековен сон, легитимно прашање е дали ја оправдавме
Проверена и потврдена универзална вистина е дека најмногу се лаже пред избори. Ако дење-ноќе сте соочени со предизборна кампања, живеете во чудесното царство на барон Минхаузен. Големата лага станува татко на сите лаги. Древните Елини ја нарекле продон псеудос, што значи основна, централна лага, од која се испилуваат сите лаги. Кога еднаш ќе ја изговорите, мора постојано да лажете. Продон псеудос е најважната доктрина на политиката во вечната војна за власт. Сепак, вештината на политичарите во лагата не е толку фасцинантна колку мазохизмот на излажаните. Најмногу ги сакаме најубавите приказни и басни, додека последни не дознаеме дека сме измамени и изневерени. Тогаш љубовта прераснува во жестока омраза. Македонските политички гарнитури кои беа на власт добро го почувствуваа тоа на своја кожа, за жал, секогаш откако ќе ја изгубат власта.
Македонија седма година е во постојана предизборна кампања. Идилата на оваа власт се' уште трае, иако се појавија сериозни сомнежи за неверство. Поодамна е надмината вообичаената и помалку разбирлива доза на лаги за кревање на адреналинот на политичките симпатизери, поддржувачи и особено на неопределените месец-два пред избори. Нашата јавна и медиумска сцена е опасно предозирана од лаги и затруена од атмосфера на омраза и нетрпеливост не само кон политичките противници, туку кон сите што не се во партиските табори и не се јасно и јавно определени каде припаѓаат. Во таа војна за власт и во морето лаги се дави иднината на Македонија. Ако како вековен стремеж на стотици генерации се оствари сонот да имаме сопствена и независна држава, сосема е ��егитимно прашањето дали по 21 година ја оправдавме самостојноста на Македонија. Ова прашање, осамен, го поставувам повеќе пати јавно, но досега никој не се чувствува прозван да одговори. Мојот одговор е дека македонските политички водачи, интелектуални и деловни елити, граѓанскиот сектор целосно потфрлија во забрзувањето на историските процеси во развојот на Македонија. Овие генерации македонски граѓани, нивните избраници, духовни перјаници и нови преродбеници не ја оправдаа независноста на државата. Се' уште сите показатели на развојот, личниот и општествен стандард, вкупниот квалитет на живеење има пониски дострели отколку далечната 1989 година. Одговорноста за овој застој и назадување не може да биде апстрактна. Таа според сите релевантни мерила и критериуми најмногу паѓа на душа на оние што ги имале механизмите на владеење сите овие години. Се разбира, дел од одговорноста припаѓа и на сите други општествени структури и на оние што не ја препознаваат со децении истата лага. Не помала одговорност за залудно потрошените децении паѓа и на оние што ја сервираат слаткоречивоста на властите за големите успеси, прикажувајќи ја пустината како зелена оаза. Велат не е тешко во Сахара да им се симулира на жедните виртуелен водопад.
Овој пат фатаморганата е стимулирана со многу посовремени достигнувања на македонската политика. По откривањето на пославното минато и на предците во античката историја и по драматичната изградба на споменици и нова архитектура, наеднаш се појавија други грандиозни проекти. Ќе се копаат во утробата на земјата големи рудници за злато и сребро. Откако не успеавме да го најдеме закопаното баснословно богатство кое германските војски го носеле од Африка за време на Втората светска војна и го скриле во Македонија, сега тоа ќе го откриеме во новите златни рудници. Покрај рудниците ќе се градат големите брани и езера на Црна Река и Вардар. Ќе се градат автопатишта вдолж и низ цела Македонија. Гасификацијата на земјата само што не почнала, всушност, таа одамна е почната само некако не се гледа. Ќе ни тече дома плин директно од Јужен поток, како вода од чешмите. Ќе татнат брзи електрични возови по живописната Вардарска Долина. По јапонски критериуми од Скопје за Солун ќе патуваме за помалку од половина час, а Скопје - Белград за саат и петнаесет минути. До Виена ќе одиме на кафе за три саати.
Сестринска компанија на „Мерцедес“ ќе гради грандиозна фабрика со 4.000 вработени во Кавадарци. Влегуваме на голема врата во автомобилската индустрија, ни повеќе ни помалку туку во „мерцедес“. Веќе се курдисани управните одбори на компанијата, темелите се удрени, работите почнуваат со силно темпо, кај и да е за една година-две години почнува производството. Од возбуда не видов што ќе работиме за „Мерцедес“. Си велам, што и да е, добро е. Дури и да плетеме чорапи и со секој продаден „мерцедес“ да даваме по еден галон црно „тиквешко“, не ќе е лошо. Во Скопје ќе се гради фабрика за автобуси. Се враќа ФАС. Веќе првата тура од 50 најубави автобуси е продадена на американскиот пребирлив пазар. Го видов оној автобус кој во место го возеше премиерот Никола Груевски. Навистина е прекрасен. Човек не може да не се радува на помислата дека еден дел од фасовците кои преживеале ќе ги остават такси-крнтиите и ќе се вратат во фабричките хали да го работат тоа што најдобро го знаат. Едно време правеа по 2.000 автобуси годишно за светските пазари. Таму одев на производна работа како гимназијалец. Во црниот комунизам ги носеа учениците по две недели на пракса во фабриките да видат како се раѓа лебот. Новите демократи ги згаснаа фурните.
Во Прилеп се отвори Институт за роботи. Бев пред 15-20 години на отворањето на неговиот претходник за високософистицирана технологија на почитуваниот Самаковски. Го молам да не пребрзува со производство на роботи за домашен пазар, оти ги има премногу кои се преправаат дека се луѓе. Подобро е Самак да ги продава роботите на Запад и на Исток оти кај нас нема работа ни за живите, а камоли за роботите кои не ’забушаваат‘, не штрајкуваат, не јадат, не пијат и не бараат плата.
Почна изградбата на првите облакодери во Скопје. Аеродром ќе стане скопски Менхетен. Големите светски богаташи Слим од Мексико и Субрата Рој од Индија, емирот од Катар Хамад бин Калифа допрва ќе го одврзат ќесето. Нивните инвестиции во Македонија ќе влезат во светските чуда.
Почитувани читатели, без грам иронија, и без сарказам, иако сум веќе подостарен новинарски циник и постојано скептичен на ветувањата на властите, јас сакам да верувам во сите овие проекти. Срцето ми вели дека сето ова еден ден ќе биде наша реалност. Имам сериозен проблем со разумот и горчливото искуство. Во овие години на патување од еден во друг политички и економски систем се изнагледав чудесни проекти и се изнаслушав фантастични приказни. Ја сонував Вардарска Долина на јаве, бев во Есен кога големиот концерн „Круп“ се думаше да дојде во Македонија, од силконската долина во Калифорнија стасуваа пред избори волшепства, се градеа Потемкинови села и кули од карти, се градеа фабрики и рајски градини во говорите на политичарите и на телевизиите и во весниците. А Македонија тонеше во се' поголема сиромаштија и беда. Чинам веќе е преморана од лаги. Никогаш повеќе не сум сакал да не бидам во право отколку сега. Верувајте. |
|
Статијата е прочитана 4817 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 03.08.2012 00:16:48 | Ti simnuvam kapa, erole! |
| Коста Стоименовски, 03.08.2012 01:09:23 | Со познатото „ќе“ власта повеќе од 6 години продава магла по принципот перпетуум-мобиле. И за големо чудо многу луѓе веруваат во ваквите лаги на власта. Меѓутоа, впечаток е дека веќе е достигната критичната точка и дека започнува ерозија на вербата во политиката на актуелната власт. Доколку опозицијата настапи со нов и во политиката неизвалкан лидер рејтингот на актуелната власт рапидно ќе се намали! Зачудува инертноста на опозицијата околу статусот на Јавниот сервис на граѓаните на РМ, односно МРТВ. Во последно време, поради нереализираните ветувања, заиграа ножевите и во владејачката партија, но, зачудува трпението на нејзините лојални и долгогодишни членови спрема „пребезите“ од другите партии кои добиваат високи позиции во администрацијата. Незадоволството во владејачката партија ќе еруптира кога колата ќе тргне надолу! |
| USA, 03.08.2012 02:27:29 | Pred da go doneseme konecniot zaklucok, da go prasam Gospodinot, za koja opcija glasal vo minatite 20 godini? Sekako znaeme, politicarite se toa sto se, a niv gi plasira na taa pozicija glasackoto telo.
Moze li edna kolumna za evolucijata na glasacot vo Makedonija. Dali se isti kako tie izlazanite vo minatoto ili se prosvetleni i poveke ne kupuvaat od crvlivite jabolka.
Na prv pogled, bi rekol deka sekoj den sme eden den postari..................i pomudri. Prikaznata deka neprskanite se pozdravi, makar i cvrlivi, go navreduva CRVOT. |
| melbourne, 03.08.2012 05:17:26 | Bidi zdrav i ziv,pa za drugoto ke vidime. |
| Stipjanec, 03.08.2012 07:09:43 | Ima edna pogovorka koja veli: Ako ednas te izlazat, ti se prostuva; ama ako te izlazat dvapati, togas si BUDALA! Sto da kazam za nasite glasaci vo Makedonija, dali treba da im se prosti ili pak da se smestat vo File-ot na Budalite. Veke se iznagledavme vo raznorazni vetuvanja, od vlasta i od opozicijata, i pomalku ili poveke povtorno nasednuvame na nivnite finti. Barame spas od segasnata vlast, koja navistina go ispolni vetuvanjeto so Spomenici, Anticka arhitektura, naseto SLAVNO poteklo od pred B.C, vrbite, ekonomijata itn. Se pojavuva na scenata mesijata Branko (ne znam po koj pat), odi po selata i VETUVA deka ke ja iskoreni siromastijata, ke ima rabota za min. po eden od sekoe semejstvo (se sekavate za ova deja vu). Narodot se sobira, aplaudira i go baknuva SPASITELOT. Ke zavrsam so porakata: Gragani od Makedonija, izlezete na IZBORI, za da go izbereme NAJDOBRIOT! |
| Istocna Makedonija, 03.08.2012 07:50:50 | Ne se problem lagite za da se socuva tronot,vlasta,
benefitite,pa makar i vo ekstremno siromasna zemja.Frapantno e so kakva lesnotija,potcenuvanje
i omalovazuvanje na graganite na R.Makedonija se
plasiraat vo javnosta. |
| Alek, 03.08.2012 08:09:10 | Veruvam! |
| milan, 03.08.2012 08:25:59 | Vo reklamiranjeto i lazenjeto ovaa vlast e nenadmasna.Ne mi e krivo sto me lazat no krivo mi e sto se ubedeni deka im veruvam. Lagata e so kratki noze. (veli pogovorkata) Se plasam ovie lazovi eden den ke ne ostavat bez drzava . |
| od ostrijot, 03.08.2012 08:53:26 | da vo pravosi erole kaj nas naj mnogu se laze pred izborite a posle izborite naj malku se kazuva vistinata. |
| jovan, 03.08.2012 09:15:24 | Se dodeka ima kupci na magla, maglata dobro ke im se prodava. Toa e toa. |
| Читател, 03.08.2012 10:56:34 | Колумна на место и не само оваа туку и сите досегашни колумни кои ги имаш објавено. На лагите кои ни ги пласираат повеќе од дваесет години им нема крај. Доколку барем 20-30%, од вкупно 100% лаги се остварија од осамостојувањето до денес, мислам дека Македонија ќе тргнеше напред барем малку. Немаше да сме каде што сме. На Балканот пред 20 год. бевме меѓу првите во инфраструктура и по стандард бевме меѓу првите. Исто така и политички бевме респектирани во регионов. Сега каде сме? Грција и покрај тоа што е заглавена, барем е изградена. Албанија тера со 200 на час (автопатичта, туризам, инвестиции...). За Србија, Хрватска и Црна гора да не зборувам, само ние останавме на опашка. |
| devicanecot, 03.08.2012 11:11:42 | Почитуван Ероле,
Само не пишуваш дали се повози по пругата до Ќустендил што ти ја изгради пензионерот, дали се повози по Автопатот од Велешко Езеро до Битола, исто така изграден од пензионерот уште за Олимпијадата во Атина, дали почувствува што значи да имаш еден вработен од страна на пензионерот, дали тој вработен ти беше во автомобилската индустрија со влезот на Круп во Македонија или проектот Ауди А3..
Ајде..нема смисол повеќе да те прашувам, зашто секако, очекувам нервозна реакција од твоја страна... |
| 0rce Angelovski - direktor., 03.08.2012 11:30:31 | Mnogu dobar i realen tekst. |
| кавадарчанец, 03.08.2012 12:02:05 | Ероле, не мора ни да знаеш што ќе произведуваме за Мерцедес. А ако сакаш да знаеш, отиди на веб-страната на Дрексл-Мајер и ќе видиш. Како можеш да напишеше дека ќе сме плетеле чорапи за Мерцедес?? Па дај еднаш надмини се, престани со такви навреди и пофали ја најголемата инвестиција во Кавадарци. Уште 3-4 такви фабрики во Македонија и ќе замине твојот идол Црвенковски во историјата. |
| LKM, 03.08.2012 12:02:25 | Odlicen napis, zadovolstvo e da se citaat vasite kolumni g-dine Rizaov. Zalno za Makedonija e toa sto napisanoto e celosna vistina. Na makedonskata politicka scena i trebaat novi luge - kadri so soliden intelektualen kapacitet, pragmaticnost, vizija i moral. Vsusnost kako i vo drugi evropski zemji ( Italija, Spanija, Grcija) - vakov nezdrav ekonomski sistem koj Evropa ( i Makedonija) im go ostava na mladite generacii ne moze dolgo da se odrzi - isto kako ni pacient priklucen na aparati za cirkulacija i vestacko disenje na oddel za intenzivna nega i na toj nacin go odrzuvate vo zivot ( ako vitalnite funkcii ne se osposobat za da se oporavi i izleze od intenziven oddel). |
| seirdzija, 03.08.2012 12:04:15 | Na vakva ogledalo kolumna na nasata realnost ti doadja najmalku eden poziciski nastroen komentator.Najmalku!Inaku podobro e da se imat crvliva jabolka,kolku tolku ke odi nesto vo stomakot,a so ovie na vlast....i bez toa ostanavme.Makedonija propadja od tezinata na sopstvenata laga.... |
| Tao, 03.08.2012 12:08:08 | Za zal samo vo ovaa zemja vladee apsoluten daltonizam-i crnoto se percepira kako portokalovo.Ako Ve kasne zmija so Bozja pomos da ostanete ziv,.Ako Ve kasne povtorno istata zmija da umrete oti ste glup(evrejska pogovorka).Televizorot i novinite sekoj moze da gi manipulira a prazniot ladilnik nikoj... |
| Mudrec, 03.08.2012 12:57:17 | Ako mozeshe da vetat promena na likot na Skopje i da gledame pred nashi ochi kako toa stanuva realnost, veruvam deka moze toa da se primeni i na cela Makedonija. Jas sum optimist i veruvam. Skepticizmot na Erol mozam da go razberam, gledajki kogo toj poddrzuva sive ovie godini. |
| pretpriemach, 03.08.2012 13:54:33 | Star volk si ti.... |
| BitolaHamiltonCanada, 03.08.2012 15:41:42 | Mercedes ke gradi fabrika za neznaeme shto,i ke rabotaat 4000 rab.??? Vo Canada,site 4 najgolemi auto fabriki( Ford,GM,Tojota,Honda)zaedno nerabotaat 4000 rabotnici.Megalo Nikos-Anticki,sega ke go krstime Megalo Pinokio.Kako shto veli eden od komentatorite,se dodeka ima kupuvaci na negovite lagi,toj ke prodava golemi lagi.
|
| makedonka, 03.08.2012 15:54:22 | bravo za napisot. Postojano gi citam tvoite kolumni i mozam da recam deka si nedostizen novinar. |
| aurora, 03.08.2012 16:23:30 | E Erole, velat- pesimist stanuva optimistot so golemo iskustvo. Vo slucajov, toa e toa, koja garnitura ke dojde, vetuvanjata pagaat vo voda a tie ke si se iznakradat,iznagrabaat, bez nikakva odgovornost za neispolnetite vetuvanja pred narodot.Dovcerasnite voskari koi se vo Vladata, prijavuvaat stanovi vo Vasington/Stavrevski/, biznisi znaeni i neznaeni na premierot koj skromno zivee i se dvizi megju narodot, i mnogu drugi anonimni vmrovcinja koi si gi obezbedija generaciite.Vlasta e slatka samo za kradenje, GI ZABOLE ZA NARODOT!!!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 25°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C
|
Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|