Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.05.2012, 18:52

Поглед

Пишман Тадиќ

Димитар Чулев

Кога Запад, преку не толку експлоатиран политички „лик“, на пример шефот на австриската дипломатија, Михаел Шпинделгер, праќа порака дека ЕУ не заговара никаква одредена (или посакувана) коалиција во Србија, пораката треба да се прочита токму поинаку. Имено, дека по двојниот шок од победата на парламентарните и на претседателските избори на „напредњаците“ на Николиќ во Србија, оние што го повикуваат Белград на членство на заедничката европска маса моментно го „скенираат“ Николиќ, а не сакаат да го изгубат Тадиќ.

Во таа симпатична игра, меѓу редови може да се подразбере (но, не и да се разбере) зошто Борис Тадиќ по 13 години политички ангажман, два претседателски мандата, поразен на избори и со јавна изјава дека нема намера да продолжи како премиер – сега се пишмани и вели дека „го убедиле“ да ја прифати „утешната“ награда. По седум дена апсолутен молк по поразот на претседателските, Тадиќ, кој лошо процени дека треба предвремено да се откаже од претседателската фотелја, сега излегува со приказна која српските блогери ја исмеаја дека човекот кој „не може да биде претседател - сака извршна власт“.

За Тадиќ не би се сменило многу, тврдат аналитичари, според кои претседателот во два мандата излегол надвор од ингеренциите кои шефот на државата ги има според уставот и релативно добро ги играл улогите и во надворешната и во внатрешната политика. Но, прашање е дали Тадиќ е подготвен за преземање на премиерската, строго извршна функција која нема да побарува флоскули, туку конкретни механизми за воведување на Србија во ЕУ паралелно со „преголтнувањето“ на косовската независност. Некои веруваат дека и Николиќ, всушност, го мести и извлекува Тадиќ „на чистина“ да се изјасни дали има цврста рака и „стомак“ за „врелите“ српски костени. А за формирање влада – има време.


Статијата е прочитана 1402 пати.

Испрати коментар



Што се случуваше во октомври 2005 година
Не може секој да мавта со државна тајна
Што крие анексот на документот
Државни тајни течат од џеб
Ракавиците на Црвенковски
Нов бран и во ДУИ
Георгиевски подготвен да коалицира со СДСМ
Јосиповиќ го одликува амбасадорот Марковски
Случаен минувач ранет во скопски Аеродром
Доктор Чакаларовски на чело на Лекарската комора
Станот на Ставрески e во квартот Чеви Чејс



Si go srushi imidzot, 30.05.2012 00:50:18
Me razochara i kako chovek i kako politichar. Barem da cuteshe po porazot. A tolku simpatichen nastap imashe. Shteta!
Istocna Makedonija, 30.05.2012 07:32:25
Sigurno imaat nekoja svoja agenda i koncepcija Srbite,vo konsultacija so megunarodniot faktor i vakvata kombinacija na drzaven vrv-tandem Nikolik-Tadik e nivna rabota.Nie da si gledame nasive!
deniskopje, 30.05.2012 20:03:28
Не е лесно да се остави политиката и позицијата, а особено парите кои тие ги носат. Затоа дилемата е: ако не сум претседател, дај барем премиер. Па премиерската функција му е подобра, претседателот е само функција за чалам, а власт има нешто под 0% (пример си имаме и дома)

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Понеделник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |