29.05.2012, 18:46 Државни тајни течат од џеб
Се разгоре дебата за тоа кој одел против македонскиот идентитет со (не)прифаќањето на предлогот на Метју Нимиц за името од 2005 година
Наум Котевски
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, некаде на средината на полноќната емисија „Х-О“ на Канал 5 самоуверено ја отвори десната страна од својот костум по што од внатрешниот џеб магично го извади „зајак-документот“ кој го содржи предлогот на посредникот за името Метју Нимиц, предаден на македонската страна во 2005 година, кога тој беше претседател на државата, а Владо Бучковски премиер.
„Тука јасно пишува дека предлогот е Македонија во првите три години да се вика Република Македонија без латинска транскрипција, а по три години да си го врати името Republic of Macedonia, а јазикот на Македонците ќе биде ’macedonian’“, се реши Црвенковски на ваков начин - со документ кој содржи печат на државна тајна да одговори на обвинувањата на премиерот Никола Груевски дека „пред пет-шест години прифатил име кое засега во националниот идентитет“.
На констатацијата на водителот дека станува збор за таен документ, Црвенковски дополни дека штом премиерот почнал да оддава државни тајни, тој ќе го следи неговиот пример.
„Отсега каде и да одам на разговор, постојано ќе го покажувам. Може да го дистрибуирате документот и до вашата информативна редакција дополнително да го разработат“, додаде Црвенковски, веројатно оценувајќи дека само со вакво ризично и драматично изложување, како што тврди тој, оригинални документи може да предизвика сигурно затворање на драмата со неуморните обвинувања од власта за обид за предавство и за внесување на идентитетските прашања од страна на СДСМ во спорот за името.
Инаку, таа 2005 година во Собранието на Македонија ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија имаше само осуммина пратеници, но Црвенковски како претседател и Бучковски како премиер одржаа средба со Груевски на која го информираа за предлогот на Нимиц. Такво трагање по консензуален амбиент сега е речиси невозможно да се види на закрвавениот политички хоризонт.
По средбата, Груевски изрази разочараност, според него, од брзањето со прифаќање на предлогот, кој дојде два месеца пред да добиеме кандидатски статус за влез во ЕУ.
„Моето мислење е дека треба да се остави еден период во кој внимателно ќе се анализираат сите работи. Овој документ има новина од она што го знаеме досега. Содржи нови отстапки од страна на Македонија. Одењето со одговор дека овој документ е добра база за понатамошни разговори ќе значи дека ја менуваме нашата позиција од таканаречената двојна формула на тројна формула, бидејќи во документот има три варијанти, односно три имиња“, ќе изјави Груевски во 2005 година по средбата со Црвенковски и Бучковски, за деновиве, користејќи го истиот предлог, да го обвини Црвенковски за лицемерство кога зборува за идентитетот.
„Кога во 2005 година го добивме од Нимиц предлогот за промена на името, а нашиот јазик беше дефиниран како македонски на латиница без транскрипција на англиски јазик, единствено ВМРО-ДПМНЕ реагираше и не се согласи, СДСМ, пак, го прогласи за најдобар. Има снимки за тоа“, вака премиерот ја коментираше последната изјава на Црвенковски околу спорот за името, во која тој рече дека само владејачката гарнитура има легитимитет да преговара и одлучува за ова прашање.
Црвенковски, меѓу другото, во интервјуто потенцираше дека во 2008 година, спроти Самитот на НАТО во Букурешт, заедно со Груевски се договориле да го прифатат предлогот Република Македонија (Скопје), кој беше одбиен од Грција, како што беше експресно одбиен споменатиот во 2005 година.
Тоа веќе и' е познато на јавноста, но Црвенковски очигледно инсистира на репетиција, сметајќи дека и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ инсистира во своите изјави да зборува за праведен компромис без да се чепне идентитетот, поголемиот дел од јавноста го доживува Груевски како премиер кој не прифаќа никаква модификација на уставното име.
|
|
Статијата е прочитана 2355 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Preminite od zborovite vo akcija., 30.05.2012 00:12:05 | Preminite od zborovite vo akcija. Primenete strategijata na Igor Janev i inicirajte vo Generalnoto sobranie isfrluvanje na nelegalnata referenca FYROM, ednash i zasekogash, so vospostavuvanje ustavnoto ime vo ON. Ni treba prosto mnozinstvo za promena FYROM vo RM. Znachi, ako za Srbite vo kosovskiot sluchaj glasanjeto beshe 77 Za, nasproti samo 6 protiv (vo salata bile 83 drzhavi-chlenki na ON), togash i za menuvanje referenca, ako od 100 zemji i 20 se Protiv, ke imame 80 Za vospostavuvanje RM vo OON!! Sega imame 133 drzhavi shto ne priznala pod ustavnoto ime. Mnogu lesno se pravi matematika za nashiot sluchaj. Edinstveno, ne se potpirajte mnogu na istorijata da nemame pogolemi shteti! Ova ne e istorijsko prashanje, tuku prashanje na principite na samoopredeluvanjeto sopstven praven identitet i prashanje na chlenskite prava (pravoto na nediskriminacijata i pravnata ednakvost). |
| USA, 30.05.2012 00:51:10 | Verglanje vo mesto. REFERENDUM e stavot na Gruevski..........odsekogas. Od lani, Crvenkovski bi prifatil sto i da se dogovori (koga samiot nema mandat, inace........) i sekako poddrzuva referendum. Koj ima postojana, a koj promenliva pozicija? Vo cij mandat stanavme Former.......Y....R...M....... ZNAMETO????? |
| E ova e realno, 30.05.2012 01:48:22 | Za razlika od drugite kolumnisti na taa tema, vie gospodine Kotevski relativno realno ja kazavte rabotata. Taka na primer, za gospodjata Kramarska e nebitno (seedno) koj go pozarot podmetnal, a koj za pozarot dojavil. Krivi se i dvajcata.??? Neka mi izvini, ama dali e so site? I gledaj chudo, Crvenkovski da odi na sud, a dostavi dokument vece iskomentiran od strana na premierot. Dodushe ne bash original, nego kako mu nemu odgovara. I nikade osuda na premierot za negovite nebulozi, izdadeni tajni i bezkonechni navredlivi napadi vrz Crvenkovski, so koi ja pomina sekoja granica na pristojnosta i chovechnosta. Epa se ima svoj kraj, pa i samobendisanosta i arogancijata na premierot. Dozivea nogdaun, sledi nokaut. Si go barashe! PS: Ne sum tolku za Branko ili protiv Grujo, kolku za vistinata i pravdata, i pred se chovechnosta. Kaliopi dade odlichen primer. |
| sando novoselec, 30.05.2012 06:23:01 | za referencata FIRUM togašnata vlast treba da odgovara za izdajstvoto na Makedonija |
| ФЕЛИКС, 30.05.2012 07:20:26 | Селективното џиткање државни тајни донесе одговор од кој секој што ја почитува сопствената нација и јазик останува запрепастен во една рака.Во друга рака многумина знаат и пред ова кој тоа се додворува на штета на сите нас како држава и нација.Блефирањето повторно како и лани на блеферот му се врати како шарениот бумеранг.Разоткривајќи ја сета беда на политиканството и неконтролираната жед за власт по секоја цена.Овој гест со џиткањето државни тајни многу ќе ги израдува како Нимиц така и неговите ментори.И на крај наградно прашање до шашардисаниве коментатори тука : Дали знаете што значи јазичниот поим македк-macedc.И на крај требаше лидерот илузионист документот да го извади од левиот џеп,ќе беше поефектно џиткањ��то. |
| mmk, 30.05.2012 10:15:55 | каде бре видовте на документот ознака Државна тајна.Само степен на доверливост.Имајки го тоа во предвид се наметнува прашањето.Има ли право Државата да класифицира таков документ како Државна тајна,Очигледно дека тоа не е тоа,па затооа документот поседува само степен на доверливост.И што после 5 години.каква тајна е тоа или доверливост кога уште во 2005 година Утрински го обзнанил документот со тоа што не го пресликал туку детално го изанализирал.Сите доверливи податоци ги објавил во коментарите.И на крајот може ли овој документ да биде тајна толку години кога после него уште незнам колку предлози се појавија.,И грујо кој го обелодени документот и Бранко кој го покажа знаат дека неговата важност е помината.И затоа мавтаат и двајцата со него. |
| dosada, 30.05.2012 10:19:07 | I sto sega raspravame. Za nesto sto Grcite go otfrlile i za ova ke trosime pak energija, solzi i omraza. Dosadni ste site predosadni. A politicarite odvratni. |
| gragjanin, 30.05.2012 10:38:01 | Do site komentatori:pred da napisete nesto,prvin treba da pravite razlika STO E DRZAVNA TAJNA i koi dokumenti se podveduvaat vo ovaa klasifikacija;potoa.dali ovoj dokument ima rok na traenje;treto,dali dokumentot e von klasifikacija,znaci moze da se obelodenuva,sto podrazbira deka so negovoto otkrivanje ne se zagrozuva bezbednosta na drzavata..pa potoa komentirajte.Crvenkovski ne e nitu dete,nitu bilo koj,nitu nepismen,kako mnogumina vo Vladata na Grujo i negovi slepi podanici.Ovoj dokument odamna bese obelodenet od Grujoski(kako izvrtena teza),pa bespredmetno e da se komentira. |
| pile, 30.05.2012 12:19:55 | Vo uslovi na najlos izvestaj na Stejt departmentot na SAD za 2011 godina, za sostojbite na covekovite prava i funkcioniranje na pravnata drzjava so mesanje na izvrsnata vlast pri nosenje na sudski odluki i naveduvanje na politicki progoni i drugi sistemski anomalii, kako i negativniot izvestaj na ugledniot Amnesti internesenel vo koj ne pomalku se kritikuva vladeenjeto na pravoto i posebno potfrlanje pri nosenje na odlukata za Avtenticno tolkuvanje na Zakonot za amnestija od strana na Makedonskoto Sobranie,kako i vo uslovi koga DPMNE kako glaven argument za politicka diskvalifikacija na najgolemata opoziciona partija go koristi imeto i prezimeto na liderot Branko Crvenkovski, vakviot poteg(dokolku navistina dokumetot e originalen i dostaven na R.Popovski) samo ke doprinese za vnatresno politicko prepukuvanje megju dvete nejgolemi politicki partii vo R.Makedonija.Opoziciskiot front treba da dejstvuva popragmaticno, izborot za vaka ponudena samozjrtva dali e najpravilen. |
| елена, 30.05.2012 17:14:38 | Недолично однесување од поранешниот претседател нека се засрами... |
| evro-makedonec, 30.05.2012 21:47:43 | Sto se sekirate, ova e pocetok, ke izvadi Brane od leviot dzep uste mnogu tajni dokumenti za kriminalot na ovcarot i negovite KRIM-ovci. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Делумно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 13°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|