Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
27.05.2012, 17:56

Собраниски молк за ревизорските извештаи

Парламентарното мнозинство го отфрли предлогот на пратеникот Зекири да се формира Комисија за надзор на јавните финансии

Ревизорските извештаи кои изобилуваат со сочни „пикантерии“ за тоа како министерствата и другите буџетски корисници ги трошат народните пари, нема да бидат под лупа на пратениците. Изет Зекири од НДП, поддржан и од другите пратеници од опозицијата, предложи да се формира Комисија за надзор на јавните финансии, која би ги разгледувала овие извештаи. Но, народните избраници од власта неодамна без посебно образложение ја отфрлија таа идеја. Пратеникот Зекири ни изјави дека неговата предлог-одлука пред неколку дена била разгледувана на собраниска седница по скратена постапка, но не добила „преодна оценка“ од парламентарното мнозинство.

„Предлогот го подготвив бидејќи никој во парламентот не ги разгледува ревизорските извештаи, а во сите нив се констатирани многу пропусти и недоследности во трошењето на народните пари. Таму има многу работа за Обвинителот, но во Собранието не се разгледуваат“, вели Зекири.

Конкретно, овој пратеник предложи да се дополни Одлуката за основање постојани работни тела на Собранието, каде што би се додала и Комисија за надзор на јавните финансии. Таа би имала претседател, 12 члена и нивни заменици, а претседателот би се избирал на предлог на пратеничките групи од партиите во опозиција.

Комисијата би ги разгледувала Годишниот извештај за извршените ревизии од Државниот завод за ревизија, Извештајот за работата на ДЗР, ревизорскиот извештај за Буџетот, конечните ревизорски извештаи, а би вршела и надзор врз спроведување на законите кои директно ја регулираат областа на ревизијата и јавната внатрешна финансиска контрола. Исто така, Комисијата би организирала јавни расправи за извештаите, на кои би се повикувале и претставниците од буџетските корисници, тие да поднесат извештај за содржината на ревизорскиот извештај. Во случај на големи неправилности утврдени во извештаите, Комисијата би подготвувала препораки и би ги поднесувала до Собранието, а од институциите би барала информации за прогресот што е постигнат во примената на овие препораки.

Во образложението на предлогот се вели дека за да се овозможи напредок на контролната улога на Собранието на трошењето на јавните средства од буџетските корисници, Собранието е должно да ги разгледува ревизорските извештаи и по нив да усвојува заклучоци.

Со формирањето на комисијата би се зајакнала и соработката меѓу ДЗР и Собранието, што беше и забелешка во Извештајот на ЕК за нашиот напредок за минатата година. Поточно, во извештајот стои дека „годишната програма на ДЗР за 2011 предвидува интензивна соработка со Собранието. Сепак, досега не е воспоставен формален механизам за собраниска контрола на извештаите од ДЗР“, се наведуваше во Извештајот.

Според Зекири, со ова тело ќе се подобреше и соработката од аспект на навремено доставување и разгледување на ревизорските извештаи, со цел да се спречат натамошните незаконитости во користењето на јавните финансиски средства и навремено преземање мерки на одговорност кон раководителите на субјектите што ги пречекоруваат овластувањата. Исто така, граѓаните поефикасно ќе беа информирани за начинот на трошењето на јавните средства.

Но, оваа можност не им се виде интересна на пратениците од владејачките партии и тие гласаа „против“ предлогот. (Н.Н.Ф.)


Статијата е прочитана 692 пати.

Испрати коментар



Мустаќите преживеаја, брадата не
Каква корист од уште една тужба
Данок во деца
Уапсен член на АНА кој планирал атентати во Македонија и Косово
По Чикаго, името на трет колосек во Грција
Прометеј во гаќи, власта гола



Istocna Makedonija, 28.05.2012 08:14:50
Ovoj pratenik,Izet Zekiri,se prezentira kako eden od najinventivnite,kreativni(sekogas so konkretni pokazateli i indikatori)vo Parlamentot.Elokventen e,no hendihep mu e sto e vo opozicija i samo za- toa i najaplikativni,korisni,pragmaticni predzozi, idei(kako ovaa)ne mu proagaat.Duri,ne mozejki da mu oponirat,pred nekoj den javno,nekoi pra- tenici,coporativno mu se nafrlija i go napadnaa za ,navodna,navreda na amenik-ministerka.Edno prasanje za ovie ,,disciplinatirive,,zosto taka ne skoknaa koga bese navredena prat.Tuseva?!
pile, 28.05.2012 10:03:15
Ocekuvan e vakviot odnos kon revizorskite izvestai i trosenjeto na narodnite pari od strana na ovaa parlamentarno mnozinstvo.Znae deka po 6 godini vladeenje na DPMNE, JO na R.Makedonija ima dovolno kapacitet i uslovi i pokraj poslednite izjavi na drzjavniot javen obvinitel za sostojbata so oprema vo Obvinitelstvata.A posebno ako se ima vo predvid poslednoto nedavanje na podrska za donesuvanje na Zakon za nezastaruvanje na Krivicnite dela od oblasta na privatizacijata, so neglasanje na vladeackoto mnozinstvo so sto DPMNE nanizja uste eden negativen indeks i pokazja deka najmalku im e gajle za sopstvenite gragjani, tuku se stavi vo zastita na oligarsite koi so uceni so reket na rabotnicite vo izminatiot period izvrsija nezakonita privatizacija.Makedonskite gragjani vakviot odnos na NENARODNATA VLAST rakovodena od Gruevski, ne smee da go zaboravi, i DPMNE BEMA pravo poveke da se povikuva na kriminali praveni vo minatoto od bilo koja politicka opcija,imase Zakon donese odluka KUKAVICKA ama
читател, 28.05.2012 13:36:33
па ако не ги признавате ревизорските извештаи тогаш воопштонека ги нема истите зошто за џабе да зимаат плата,откако сте на власт ниеден извештај на ревизорите не прифативте стварно срамно.
dragan, 28.05.2012 15:07:38
Во времето на владеењето на Вмро Дпмне секој денар се гледа каде е потрошен, за разлика од времето на Сдсм каде што не се знаеше ‘‘ни кој пие ни кој плаќа ‘‘ без ниеден видлив материјален доказ...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 28°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |